Форум- milenko.com.mk  

Go Back   Форум- milenko.com.mk > Живот и Културно живеење > Македонска Култура

Reply
 
Thread Tools Display Modes
Old 04k_AprK   #21
Аминта
Уредник
 
Аминта's Avatar
 
Join Date: Feb 2009
Posts: 11,440
Аминта is on a distinguished road
Default Од `Крале Марко`

Народни верувања

Змеј, аждер и ламја се едно исто.

Змејот има крилја, нос и опашка.

Змејовите живејат во планините, водите и во воздухот.

Змејовите бегаат од лоши билки омразни.

Јунаците личат на змејовите, а змеииците имаат долги коси.

Змејовите одат по луѓето.

Змејовите си грабаат невести.

Змејовите љубат моми и невести и поради тоа таквите моми и невести се жолти.

Змејот во помал вид се претставува како смок и змија. Епитетите на змејот се: аждер ненаситни, змеј огнен (Огнен - синот на Марко Крале, Огнена Марија), змеј горјанин, од голема фара, змија тројноглава, змија љутица, змија усојница, змија пепељуша, змија мршоедна, кучка змија.

Змејот сака човечки жртви особено моми.

Самовилите со итрина ги лажат змејовите и владеат над змиите: една смовила јава на сури елен, узенгии до две љути змии.

Припек’л се како змија.

Разљутил се како змија.

С’ка како змија.

Свири како змија.

Чист како г’л’б, итар како змија.

Зла змија (на љута жена).

(продолжува)
Аминта is offline   Reply With Quote
Old 04k_AprK   #22
Аминта
Уредник
 
Аминта's Avatar
 
Join Date: Feb 2009
Posts: 11,440
Аминта is on a distinguished road
Default продолжение 2. од 3

Љута како змија.

Змијата се вие и пак во дупката право влегува.

Два се змеја на планина збиле, од сила им м’тен Дунав тече.

Неда пила ношна вода, та испила љута змија с две глави, три опашки.

Ѓаволот го излагал човекот преку змијата (од Светото писание).

Се згнеле како змија в змијарница.

Кога пие човек или животно вода и змијата не го закача.

Змија да ти го пресече патот не е на добро.

Од змија коски не се газат.

Од кожата на змијата се кадат да не ги фаќа треска.

Рокчињата од змијата ако се најдат кај човека му носат полза.

Секоја сабота змијата го испуштала отровот и почнувала да собира нов. (саботници - родени спроти сабота и чумата не ги биела).

Кој ќе ги види нозете на змијата ќе биди многу богат.

Змијата имала нозе што ги крие и кој ќе ги види ќе умре.

Ако видиш змија по заоѓањето на сонцето ќе умреш.

Ако видиш две змии составени и да ги кренеш со крпа ќе станеш богат.

Ако видиш две змии составени, да си наврзиш со нешто јазли колку што можеш, тие јазли ќе ти донесат полза, откако ќе одврзуваш по еден при секоја мачна положба така со одврзувањето на еден јазел можеш да се ослободиш од затвор.

Кога човекот ја брка змијата ако извика некое машко име таа бега, на пр. ако рече: „Иване, донеси ми ја секирата, да ја убијам таа змија“. Ако на некоја змија и речеш: „Студено железо“- таа се скаменува на местото.

Додека не рикне црно магаре змијата не го пуштала тој што ќе го каснела (истото верување се среќава и за гуштерот. Гуштерот според индиските верувања бил човек преправен зашто украл говедо). Змијата додека не се преврти три пати не го пушта тој што го каснала.

(продолжува)
Аминта is offline   Reply With Quote
Old 04k_AprK   #23
Аминта
Уредник
 
Аминта's Avatar
 
Join Date: Feb 2009
Posts: 11,440
Аминта is on a distinguished road
Default продолжение 3. од 3

Спроти Еремија, први мај, жените чукаат со железо околу куќата и велат: „Бегајте змии и гуштери, Еремија иде!“

Љута змија да те изеде! (Клетва, жените впрочем на секој збор можат да колнат, на пр. камен-камен те убил, вода - вода те однесла, метла-метла те помела и др.)

На Велики поклади прескокнуваат преку оганот и викаат: „От болви, од змии, од гуштери...“ (Водата и оганот се очистителни стихии).

Четири пати во годината змија минува низ човекот.

Змии влегуваат во устата на луѓето, особено ако пиеле млеко, исто така цицаат жени и добиток.

Кој јадел млеко навечер каснува малку лук за да не му влезе змија во устата преку ноќта.

Змиите на свети четириесет не касаат, за тоа можеле живи да се ловат, а мајка им вечерта ги судела сите змии за тоа што го направиле.

На Благовештение сите змии се собираат на големи купишта; тогаш и царицата им излегува од дупката и таа на главата има бесценен камен; и оттогаш змиите не касаат.

Секоја змија имала на главата бесценет камен.

На Четириесет маченици ловат живи змии и им ги отсекуваат главите, потоа претеруваат разни семиња низ устата - за да е плодородна годината.

На Ѓурѓовден ловат живи змии со рацете за да не им се потат рацете преку годината.

На Благовештение и Четириесет маченици луѓето работат од змии, за да не ги касне некоја змија преку годината.

Сите змии не касаат, туку само тие, кои се потчинуваат на главатари кој ги собира на Свети четириесет и со бесценет камен на главата и е поголем од другите.

Имало змија со три глави и на средната глава имала бесценет камен.

Имало змии со две глави и на главите имале бесценет камен.

Закопаните блага ги чуваат змии (општоевропско верување).

Кога се зборува за змии, или пари се закопуваат или пари се откопуваат.

Љута змија во кат седи. (Гатанка - златните пари).

Секоја куќа си има по една змија и кога ќе умри таа змија задолжително ќе умре некој од куќата.

Домаќинот или сајбијата на куќата како што се вика змијата која што живее во куќата е како патрон на куќата и затоа ја чуваат и и оставаат млеко да пие.

Ако го убијат домаќинот-сајбијата (змијата на куќата) ќе умре и стопанот на куќата.

Домаќинот на куќата излегува на Благовештение и ги пребројува луѓето во куќата и кого не ќе го видела тој ќе умре.

По меѓите на нивите има змии кои ги чуваат синорите, т.е. границите.

Јунаците го носат епитетот змеј. (Впрочем на јунаците им се даваат разни епитети како: мечка стрвница, свиња дебела, куче и сл.)

Остра сабја змеица.

Црвена змија околу човекот се вие. (Гатанка - појас).

Црна змија над оган се вие. (Гатанка - змија)

Ке одам, кеф патим, ке сретам кеф Марче, ке земам кеф камче, ке уфрам кеф Марче по глава, ке ми сторит кебарч (круг). Одговорот на гатанката е: змија.

Тука седи мемеро, немаш мира никаде, не се смеј кутело како година стрижено. (Змија и нива).

Змијска хурка (змиско грозје), змијска трева, змијско млеко, змијско цвете, змијски език, змијеглавче с’с змијни билки.

Ако сонуваш змија душмани имаш.

Змии б’лва - остри думи кажува.

Змии г’лта - остри думи слуша.

Откинат опаш од гуштер ако влезе во зафрлен рог на некое добитче, се преоформува на смок.

На Благовештение ако преселчеш глава на змија и ја закопаш во земја, ако одгоре насадиш босилек тој босилек е многу лековит.

Телото на свраката е многу лековито зашто самовилите со прегнати свраки вршат разни билки но телото на змијата убиена на Благовец е многу полековито.

Кога се започнува да се раскажува за змии има до четириесет приказни да се прикажат.

Записите се од Кратово. Ги запишал Ефрем Каранов.
Аминта is offline   Reply With Quote
Old 04k_AprK   #24
Аминта
Уредник
 
Аминта's Avatar
 
Join Date: Feb 2009
Posts: 11,440
Аминта is on a distinguished road
Default Од `Крале Марко`

Годишни верувања

ЈАНУАРИ
Ако има трева во јануари, ќе ја нема во мај.
Ако нема зима во јануари, ќе ја има во април или мај.
Зелен Божиќ носи Бел Велигден.

ФЕВРУАРИ
Ако мачката во февруари се сонча, во март пак ќе се „залепи“ за печката.
Ако на Св.Ефтимија (2.2) има цут, на Цветници ќе има мраз.
Ако на Св.Харалампије (23.2) е студено, зимата подолго ќе трае.
Ако на Св.Трифун падне дожд – ќе се родат многу сливи.

МАРТ
Колку што ќе има роса во март, толку мразови ќе има во мај.
Снежниот март е лош за лозјето.
Ако во март се појават штрк и кукавици, пролетта ќе биде топла.
Ако на Тодорица има јак ветар, годината ќе биде родна.



АПРИЛ
Ако времето е убаво во април, во мај ќе се расипе.
Април во дожд значи мај во цут.
Влажен април значи сув јуни.


По априлските грмотевици, нема веќе да има мраз. Ако Благовец е сончев, годината ќе биде родна.

МАЈ
Ако дабот се раззелени пред Ѓурѓовден, годината ќе биде плодна.
Ако е убав денот на Летен Св.Никола (22.5), годината ќе биде полна со жито.

ЈУНИ
Дождливиот јуни ќе го расипе цело лето.
Сув јуни носи добро вино.
Каков јуни, таков и декември.
Ако на Видовден (28.6) врне, ќе врне уште седум недели.
Ако на Видовден кукавицата долго кука, тоа е лош предзнак.

ЈУЛИ
Ако на Св. Прокопие (21.5) врне, цела година ќе биде лоша.

АВГУСТ
Ако на Преображение е убаво времето, ќе има добро вино.
Каков што е август на почетокот, така ќе биде и на крајот.
Ако мравките во август повисоки кули градат – претскажуваат остра зима.
Ако загрми на Св.Илија (2.8), ќе се расипат оревите и лешниците.
Ако на Голема Богородица има ветар, претстои зима полна со снег.

СЕПТЕМВРИ
Ако Крстовден (27.9) е наоблачен, в зима ќе има снег. Ако е ведар, ќе има мраз.

ОКТОМВРИ
По народното верување, во октомври мора да има 10 топли денови.
Ако на Св. Тома (19.10) не паѓа дожд, тогаш мора да биде ветровито.
Ако на Св.Лука (31.10) на стоката и‘ се свиткани нозете, тоа е предзнак за студена зима.

НОЕМВРИ
Ако грми во ноември, тоа значи дека идната година ќе биде плодна.
Ако има снег на Св. Архангел Михаил (21.11) – идната година ќе биде бериќетна.
Ако падне снег во ноември и остане повеќе денови, тоа е подобро за земјата отколку да се ѓубри.
Ако е на Митровден (8.11) ведро, зимата ќе биде сува и мразовита.

ДЕКЕМВРИ
Ако на Вoведение на Пресвета Богородица (4.12) е ведро, годината што следи ќе биде плодна.
Ако на Св. Андреј (13.12) паѓа снег, ќе ги „однесе“ посевите и овошките.

http://www.topshop.com.mk
Аминта is offline   Reply With Quote
Old 04k_AprK   #25
Аминта
Уредник
 
Аминта's Avatar
 
Join Date: Feb 2009
Posts: 11,440
Аминта is on a distinguished road
Default Од `Крале Марко`

ОБРЕДНИ ПЕСНИ

Цикличноста на годишните времиња, според народните претстави во најголема мера зависи од успешно извршените обреди во текот на целата календарска година. Како базичен, неоткинлив, суштински елемент за успешно извршување на обредот, се јавува одреден текст и мелодија, преку коишто се искажува пораката на учесниците. Затоа за време на ваквите обреди се пеат текстови со соодветна тематика.

Според карактеристиките на обредноста, и песните може да се категоризираат во три специфични групи:
1. Обредни песни поврзани со календарскиот циклус;
2. Обредни песни поврзани со животниот циклус;
3. Обредни песни поврзани со пригодните обреди.

Обредни песни поврзани со календарскиот циклус
Во зимскиот обреден циклус, особено во периодот на божикните празници, се пеат на Коледе т.н.”коледарски или василички” песни (Т). Песните што се пеат покрај коледарскот оган “се мрсни”, а нив најчесто ги пејат машките деца и млади момчиња.
За празникот Богојавление, Војордани или Водици се пееле “водичарски песни”. Содржината на водичарските песни е со повеќе христијански елементи.
“ Извела се, честа гора / И над море, над море/ И по неја седмокрили / Јангели, јангели”(О)
Пролетно-летниот обреден циклус изобилува со богатство на обредни песни. Теренските истражувања покажаа дека на празникот Лазарева сабота - Лазарица не се памети организирање на лазарски групи, ниту пак се паметат лазарски песни. Во Ореше и во Теово, се паметат лазарките - Циганки кои иделе од други села или од градот. Најчесто тоа биле две возрасни жени коишто тропале на дајре и ѕвончиња а помало девојче играло во дворот на домаќините (Т).
Во Теово, на втор ден Велигден - селаните во минатото оделе “На покрсти”. Крстите ги носеле по меѓите на нивите, како и по синорот, наречен “Уши Оморски”- помеѓу с.Теово и с. Оморани.
Таму се пееле велигденски песни: (Т)
“Крсти носиме Бога молиме /крсти носиме Бога молиме дос, дос...иии! /Да ни се роди жито и вино / да ни се роди жито и вино дос, дос...иии!
Во овие обредни песни, исто како, и во ѓурѓовденските обредни песни се среќава архаичниот рефрен ”дос, дос” и извикот на крајот од стихот. За разлика од с. Теово, во с. Ореше на покрсти се оди на Ѓурѓовден за да биде плодна година.
Кинисале чесни крсти / по поле, по поле /Да се роди дар бериќет/ дар бериќет по полето”
Ѓурѓовденскиот обреден циклус е најбогат со обредни песни, што говори дека овој празник е од посебно значење за сите истражувани села.
Во село Теово, ѓурѓовденски и биљарски песни се пееле вечерта пред Ѓурѓовден и утрото на Ѓурѓовден. Вечерта жителите на целото село одат на крајот од селото каде што се пеат- “сите песни”. Додека берат билки најчесто се пеат песни чијашто содржина е посветена на природата и здравјето на луѓето, стоката и посевите.
Утрото кога ќе се вратат во селото, на јаворот се ”лељаат” на лулки и пеат, пак, ѓурѓовденски песни во коишто, освен пораките за здравје застапени се мотивите за предбрачно комуницирање на младите. Интересно е тоа што се пеат ѓурѓовденски песни коишто се однесуваат на различни статусни категории- млада девојка, мажена жена, ерген, женет итн.(Т) (О)
Структурата, пак, на ѓурѓовденскиот обред во Ореше во многу нешта се совпаѓа со истиот во с. Мелница. Во Мелница на Ѓурѓовден одат во месноста Дул, додека пак во Ореше, во манастирот св. Ѓорѓија. И во двете села на тие места берат билки. И во с. Ореше и во с. Мелница учесничките при пеењето на ѓурѓовденските песни се делат на две групи, при што едната група пее на другата. Во с. Мелница, групата на Горно маало пеела на Долно маало, “едните оданде река, другите одавде река”, (М), а во Ореше една група на жени на друга група жени - на крст село; утрото на ден Ѓурѓовден, и во двете села жените одат на река, на вода да се мијат со китки - за здравје. Во с. Теово за разлика од село Ореше и с. Мелница, утрото, според традицијата, еднаш во годината се мерат на кантар. Од сегашните жители на с. Г. Врановци добивме информација дека не пееле ѓурѓовденски обредни песни.(ГВ)
Руса среда е празник којшто во Теово е одреден како ден за правење црепни додека, пак, во с. Ореше обичајот на правење на црепни не е одреден со датум.
“Грнчарот грнци праеше, /Грнците не му траеја /Девојките црепни праеја /Црепните им траеја” (Т)
Во селото Ореше за разлика од другите села, се слави Спасовден кога, исто како, и на Ѓурѓовден младите се нишаат на нишалки и пеат песни од пролетниот обреден циклус.

Обредни песни поврзани со животниот циклус
Најголем дел од обредите од животниот циклус се проткаени со народни песни (говорни формули со одредена мелодија) кои се дел од обредно - магиските дејствија кои се од суштинско значење за нивно успешно делување.
Иако песните поврзани со раѓањето се доста ретки, во с. Мелница забележавме дека 16-от ден од раѓањето на новороденчето, родилката и детето ги носат во куќата на нејзината мајка со погача и алва. Тогаш се пее песната:
.../ чекај ме денес в недела, /ако сум нивна, мајко, роднина/ чекај ме денес, в година /со машко дете на раци мајко /Синија алва на главе, /синија алва на главе, мајко бела погача под мишка, /со лудо младо пред мене (М).
Свадбените обичаи, во сите четири села, изобилуваат со свадбарски обредни песни поврзани со свршувањето на невестата, зачешлување на невестата, плетење на венецот, доведување на невестата во домот на момчето и др.

Обредни песни поврзани со пригодните обреди
Од пригодните обреди во с. Теово е застапен обредот Додоле. Ако не врне, “ојдодолките” (Т) пеат додолски песни со цел да предизвикаат дожд. Во с. Мелница не се пеат обредни песни туку се изрекуваат молитви т.е . “доваат дова” - го молат бога за дожд. Во с. Ореше добивме информации дека додолски песни не се пејат.
“Ој додоле мили доже Ај заврни, ај загрми Ај зароси ситна роса Да се роди виножито”(Т)

Превземено од makedonska-mitologija.blogspot.com
Инес Црвенковска, Велес
Аминта is offline   Reply With Quote
Old 04k_AprK   #26
Аминта
Уредник
 
Аминта's Avatar
 
Join Date: Feb 2009
Posts: 11,440
Аминта is on a distinguished road
Default Од `Крале Марко`

Празник 40 маченици - Младенци

22. Март

Денес се слави споменот на светите 40 маченици во Севастија - војници на римската Империја што биле погубени затоа што ја исповедале верата во Христа во 320 лето Господово. Житието им е чудесно, како што може да се види и на иконата - 39 млади луѓе стојат голи во вода, еден излегува, друг влегува, а 40 венци се спуштаат од небото. Имено, војводата што ги осудил овие 40 младичи на смрт заради нивната вера наредил да се соблечат и да влезат во езеро, коешто ноќта се смрзнувало околу нивните тела. Околу езерото имало стража, а на брегот имало осветлено топла бања - во која можеле да влезат само ако се откажат од Христа. Еден од нив, навистина, не издржал и излегол од водата. Излегувајќи, не ја забележал чудесната светлина што се појавила од небото, којашто ја загреала водата и телата на мачениците, а во неа 40 венци (круни) што се спуштале на младичите. Тоа го видел еден од стражарите, кој веднаш го исповедал Христа, се соблекол и влегол во водата да го прими 40-от венец. Утредента сите били живи, на големо чудење на цела Севастија. За мачителот тоа чудо не било доволно да поверува и да ги ослободи, туку уште повеќе се разгневил и наредил да ги убијат со кршење на колената и телата да им бидат фрлени во водата, за да не ги земат христијаните. Ноќта 40-те му се јавиле во видение на месниот епископ и тој со верните отишол на езерото за да види дека (деловите од) телата пловат на површината на водата и светат како свеќи. Ги собрале моштите и ги погребале чесно.

Врската меѓу празникот и бракот е токму во венците (круните). Сите сме ги забележале круните (венците) што ги носат младите на црковните венчавки (коренот на зборот „венчавка“ е токму во „венец“). Венчавката е крунисување на богоблагословената заедница на мажот и жената за духовен и телесен раст и умножување, како што благословил и Господ (плодете се и множете се и наполнете ја земјата). Но не знам дали сите се сеќаваат на песната што се пее за време на венчавката - „Свети маченици, коишто пострадавте и се овенчавте...“. Црквата го благословува бракот како маченички подвиг...



Меѓутоа, да не помисли некој дека бракот е „мака“ - зборот „маченик“ е словенски превод на елинското „мартирос“ - што значи „сведок“. Значи, маченик е оној што сведочи - сведочи за Христа и за Неговото дејство во овој свет. И навистина, бракот не може да преживее ако двајцата брачници не се уподобат на Христа и не ги истрпат „лесни маки“ во овој свет за да го здобијат идното Царство. Под маки мислам на отсекувањето на самоволието и себичноста со цел создавање на љубовна заедница што сведочи за Бога во светот. Мажот и жената стануваат едно тело - што е многу поинаков начин на постоење од „ергенството“ и „моминството“. Уште кога ќе дојдат и децата - секој знае какви жртви поднесуваат родителите. Но тоа е жртва на смирение и љубов што дава прекрасни плодови.



На овој ден е и првата рамноденица во годината. Младенци се брачните двојки што се венчале во текот на минатата година. На Младенци се оди во домовите на младите брачни двојки, а доаѓаат тие што не им биле на свадба. Домаќинките треба да покажат дека умеат да дочекаат гости и им се препорачува да замесат 40 мали тркалезни лепчиња, зашто празникот се слави во име на светите четириесет севастиски маченици, римски војници, кои настрадале поради тоа што одбиле да ги гонат христијаните. Гостите што одат на Младенци треба да им однесат подароци на младите брачни двојки што ќе може да се користат во домаќинството. На овој ден порано им се гатало на немажените девојки. Народот вели дека каков ќе биде денот на Младенци таква ќе биде целата пролет. Овој празник доаѓа по неколкуте големи зимски празници, како што се Божик, Водици, Свети Трифун и се смета за премин кон пролетните празници: Тодорова сабота, Летник, Благовештение, Цветници, Лазарева сабота, Велигден, Ѓурѓовден и други. На Младенци не се препорачува да се јаде тоа што никнало по Нова година, а се смета оти е добро да се јаде мед, варени коприви и зелје за да се прочисти крвта.

На денот кога се буди целата природа, древните Македонци од црвено-бело предено правеле пискулци за марами, белезици за на рака, гајтани за на појас и верувале дека тоа ќе им донесе среќа во текот на целата година. Белата боја во таа плетенка е симбол на белиот делфин, кој се сметал за Божји дар и кој живеел само во Егејското Море. Црвената боја е симбол на светлината и љубовта.На овој голем духовен празник, древните Македонци се собирале во театрите, во полињата, на плоштадите и заедно со царевите славеле, пиеле и наздравувале за радоста и среќата. Го поздравувале најзначајниот ден на духовноста - празникот Ксантика - вели Василевска. Со доаѓањето на христијанството тој древен празник продолжил да постои преку празниците што ги славиме денес: Прочка, Цветници, Младенци и Благовец. Според записите на патописците и хроничарите од тоа време, Ксантика ја славеле и царевите Филип и Александар Македонски. Првите дефилеа на царските дијадеми, на трофеите и на новото оружје на фалангата биле токму на овој празник. Прославата била еуфорична и се славело со голем занес и ентузијазам. Според пишаните извори, по славењето на Ксантика, Александар тргнал во освојување и обединување на светот.

И Православната црква на тој ден го празнува својот празник 40 Севастополски маченици, но поради големиот дел пагански елементи, тешко може традицијата на качување на Исар да се поврзе со христијанската традиција, иако бројот 40 има големо симболично значење за христијанската црква. Освен што штипјани се качуваат на врвот од тврдината Исар, за да им се исполнат желбите тие фрлаат камчиња кон Брегалница. Се што се случува на овој ден е поврзано со бројот 40. Сите што ќе се качат на Исар, на тој ден фрлаат 39 камчиња, а последното го носат дома и го ставаат под перница. Се верува дека оној што ќе го сонувате е токму личноста која ќе биде вашиот иден сопруг или сопруга. Тоа камче се чува до наредниот 22 март бидејќи се верува дека носи среќа.

- Ние со мојата сопруга кога бевме момче и девојка, доаѓавме тука и се договаравме јас да ставам едно камче под перница, но и таа да го направи истото. Утрото се прашуваме дали навистина сме се сониле - раскажува Митко Стојменов.

Тој со години и останува верен на штипската традиција.
- Јас досега не сум испуштил година да не се качам на Исар, а сега имам 60 години и додека можам ќе ја почитувам. Единствен период кога луѓето не се качувале на Исар бил Втората светска војна. Тогаш тоа било забрането. Од 1950-тите години повторно тоа се врати - вели Митко.

Жените на овој ден прават 40 тиганици, а мажите пијат по 40 чашки ракија. Жителите што имаат под Исар тој ден примаат гости. Портите се отворени за сите пријатели, но и за намерниците што ќе бидат тој ден во Штип. Интересно е дека на времето се бирал и претседател на пијаниците, тоа бил оној што ќе успеел да испие 40 чаши ракија.

Празникот е посебно интересен за младите. Тие качувајќи се на Исар се поздравуваат со 39 луѓе, 40-от го бакнуваат. Така младите го користат празникот да откраднат и по некој бакнеж од своите скриени симпатии.

Сега до врвот на Исар се доаѓа релативно лесно по скалите кои се малку повеќе од 40. Во целиот празник има и пагански елементи, но едно е сигурно, поврзан е со пролетта кога се почнува да се буди.
Аминта is offline   Reply With Quote
Old 04k_AprK   #27
Аминта
Уредник
 
Аминта's Avatar
 
Join Date: Feb 2009
Posts: 11,440
Аминта is on a distinguished road
Default Од `Крале Марко`

Младенци

Ден на младите брачни двојки, според православниот календар. На овој ден е и првата рамноденица во годината. Младенци се брачните двојки што се венчале во текот на минатата година. На Младенци се оди во домовите на младите брачни двојки, а доаѓаат тие што не им биле на свадба. Гостите што одат на Младенци треба да им однесат подароци на младите брачни двојки што ќе може да се користат во домаќинството.

На овој ден порано им се гатало на немажените девојки. Народот вели дека каков ќе биде денот на Младенци таква ќе биде целата пролет. Овој празник доаѓа по неколкуте големи зимски празници, како што се Божик, Водици, Свети Трифун и се смета за премин кон пролетните празници: Тодорова сабота, Летник, Благовештение, Цветници, Лазарева сабота, Велигден, Ѓурѓовден и други.

Домаќинките треба да покажат дека умеат да дочекаат гости и им се препорачува да замесат 40 мали тркалезни лепчиња, зашто празникот се слави во име на светите четириесет севастиски маченици, римски војници, кои настрадале поради тоа што одбиле да ги гонат христијаните. На Младенци не се препорачува да се јаде тоа што никнало по Нова година, а се смета оти е добро да се јаде мед, варени коприви и зелје за да се прочисти крвта.
Аминта is offline   Reply With Quote
Old 04k_AprK   #28
Аминта
Уредник
 
Аминта's Avatar
 
Join Date: Feb 2009
Posts: 11,440
Аминта is on a distinguished road
Default

Со последниве неколку написи, одредив насоки каде би истражувал за оваа тема.

Но, понатаму, ќе гледам истородните написи да бидат собирани на купчиња.
Аминта is offline   Reply With Quote
Old 04k_AprK   #29
Аминта
Уредник
 
Аминта's Avatar
 
Join Date: Feb 2009
Posts: 11,440
Аминта is on a distinguished road
Default гевгелиски обичај

Кога се јаде, не се пцуе.

Објаснение: `Греота е пред лебот, да се зборуваат такви работи`.

Last edited by Аминта; 04k_AprK at %22:%Apr.
Аминта is offline   Reply With Quote
Old 04k_AprK   #30
Аминта
Уредник
 
Аминта's Avatar
 
Join Date: Feb 2009
Posts: 11,440
Аминта is on a distinguished road
Default гевгелиски обичај

Кога ти доаѓа некој на гости, а Вие веќе сте седнале на маса за да јадете...

Се поканува тоа лице (белки не е непријател), со зборовите: `Бујрум. Не ни` мислиш лошо`.

Значи, се смета дека оној што ти дошол додека јадете, Ви мисли добро.
Аминта is offline   Reply With Quote
Reply


Currently Active Users Viewing This Thread: 1 (0 members and 1 guests)
 
Thread Tools
Display Modes

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off

Forum Jump


All times are GMT +1. The time now is %19:%Sep.


Powered by vBulletin® Version 3.8.1
Copyright ©2000 - 2014, Jelsoft Enterprises Ltd.