![]() |
|
|||||||
| Никола Груевски, Премиер на Р. Македонија 18.12.2009 |
![]() |
|
|
Thread Tools | Search this Thread | Display Modes |
|
|
#331 | |
|
Уредник
Join Date: Feb 2009
Posts: 6,413
![]() |
Quote:
Нека продолжи така, има од мене поддршка. |
|
|
|
|
|
|
#332 | |
|
Уредник
Join Date: Feb 2009
Posts: 6,413
![]() |
Quote:
Иако се однесува така. ![]() ---------------------------- Вградените чипови во нив се со фабричка грешка/недостаток. Па, да ја најдеме фабриката, и одговорните технолози. Па, со нив да се разбереме (справиме) за понатаму... |
|
|
|
|
|
|
#333 |
|
Senior Member
Join Date: Jun 2009
Posts: 600
![]() |
заедно со вујко му стојмир домазетовски (директор на злетово акумулатори) и бранко црвенковски беше член на ЦК... па ако овој не е фосил незнам кој е! циле единствено е поистакнат од него од овие кои се активни на сцена, но циле во моментов ниту е во политика, ниту пак предводи партија, а капак и не се споредува со ова апашов!
|
|
|
|
|
|
#334 |
|
Уредник
Join Date: Feb 2009
Posts: 6,413
![]() |
Ај, доста веќе со навредите.
КОЈ СИ ПРАВИ, СЕБЕ СИ ПРАВИ. КОЈ СИ ЧИНИ, СЕБЕ СИ ЧИНИ. КОЈ ШИРИ ДОБРО, ДА МУ СЕ ВРАТИ УМНОЖЕНО ДОБРО. КОЈ ШИРИ ЗЛО, ДА МУ СЕ ВРАТИ УМНОЖЕНО ЗЛО. |
|
|
|
|
|
#335 |
|
Senior Member
Join Date: Jun 2009
Posts: 600
![]() |
арно нормално е да се етикетира и клевети јавна личност особено ако тоа истата и го заслужила и особено ако истата сака и покрај се пак да дојде на власт!
но не е во ред да се вреѓаат тука меѓусебно членовите! не е во ред да се провоцира ниско во недостаток на аргументи! ако има некој нешто да каже нека каже, ако не нека не си погани уста колку да се најде во муабет! |
|
|
|
|
|
#336 |
|
Senior Member
Join Date: Jun 2009
Posts: 3,374
![]() |
ОТВОРЕНО ПИСМО ДО НИКОЛА ГРУЕВСКИ
СЛАВИТЕ 20 ГОДИНИ БЕЗ ПОКАНА ДО ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ,А СО НЕГОВИТЕ РЕЗУЛТАТИ БЕСРАМНО СЕ РЕКЛАМИРАТЕ! Нешто е гнило во државата Данска...Многу одамна великанот Шекспир ги создаде овие величенствени стихови,алудирајќи на бесмисленоста на алчноста,егоизмот и на губењето на човечките димензии. Нешто е навистина гнило во државата Македонија!Ова е факт кој го потврдува секој обид на актуелнава власт да го предимензионира своето значење и истовремено комплетно да го потцени сеќавањето на граѓаните за вистинските чинители на дела,кои беа правени од и за граѓаните на нашата држава! Бидејќи вистината не се возгордејува,не се претставува лажно,не бира страна и не се интересира за процентот на приврзаници,дозволете ми да проговорам во нејзино име и да го потсетам Никола Груевски околу континуитетот на ,,неговите оригинални и монсунски достигнувања“. Пред се,лично сум повикан да го потсетам г-динот Груевски,дека мора под итно да и се извини на јавноста за актуелниот спот,со кој проектот за спас на Дојранското Езеро го вброи во великите остварувања на својот голем еколошки и активистички дух,притоа затскривајќи се зад континуитетот на оригинални решенија од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го правам како негов поранешен колега во Владата на Љубчо Георгиевски и ресорен министер за животне средина и просторно планирање.Го повикувам актуелниот премиер да се соочиме на јавен дуел,каде заедно ќе се потсетиме за идеите,плановите и над се,за кормиларот кој стоеше зад сите наши успеси во интерес на Република Македонија,во периодот од 1998 до 2002 година! За многумина од нас,во тој период,Вие г-дине Груевски, бевте милениче на Премиерот,кое,иако правеше грешки,успеа да ги тргне од видното поле и од првиот ешалон огромен број на приврзаници на лидерот Георгиевски,кои веројатно повредени од изборот,денес Ви се толку силно наклонети!? Она што го засега мојот интерес е прашањето,до каде планирате да одите,која Ви е целта што сакате да ја постигнете и дали преку целосниот колапс,кој го предизвикавте во Република Македонија,бевте единствено поттикнати од сопствената желба да оставите трага,која навистина веќе сосема јасно нема да може да се заборави со генерации? Секако,разбирлива е желбата и потребата пред македонската јавност да се презентираат своите успеси,но,уште почесно и доблесно е да се признаат своите грешки и да се потенцираат туѓите успеси и заслуги. Сеуште е свежа меморијата кај граѓаните на Република Македонија за сето она што се случуваше во процесот на градење на независна Македонија.Сите знаат дека суштинското политичко движење во 90-та година,со цврста и бескомпромисна заложба за независна и самостојна македонска држава беше дело на г-динот Љубчо Георгиевски.Најголемите зафати во демократизацијата на македонското општество,отсликано и преку реализирање на најмаркантните проекти до сега реализирани во Република Македонија,се токму во периодот од 1998 до 2002 година.Зарем некој мисли дека може да се заборават,избришат и фалсификуваат авторите на Милениумскиот Крст,Плаошник и Проектот за спас на Дојранското Езеро?! Само како мало потсетување,тоа беа дела на Премиер и министри кои сега се основата на она што се вика ВМРО, олицетворено во ВМРО-Народна Партија! Ќе спомнам уште еден битен факт.Во најзначајниот момент,т.е. на 8 септември 2002 год.,г-динот Груевски,како министер во таа влада,немаше никаков мотив да присуствува ниту на свеченото пуштање во функција на Проектот за спас на Дојранското Езеро.Но,тоа не го спречува,да се пофали пред македонската јавност со овој светски проект!? Токму ова е генералната слика на партијата која јавно прокламира дека слави 20 години од основањето,но суштински ТРЕБА ДА БЕЛЕЖАТ-не да слават-САМО 6 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО!Имено,резултатите и креаторите на тие резултати,се веќе цели 6 год. во ВМРО-Народна партија! И,конечно,доблесно ќе беше,г-дине Премиер,да го отворевте срцето,еве повторно нешто во Ваша режија,и да не поканевте на прославата по повод 20 год.од постоењето на ВМРО-ДПМНЕ.Во тој случај,некако би си ја испрале сопствената совест.Но да се претставувате себеси како спасител и син македонски,а притоа да ги игнорирате проблемите на раселените,бранителите и посебно на стечајците,кои толку бескрупулозно ги изманипулиравте...Е,тоа, историјата нема да Ви го прости! Марјан Додовски Претседател на ВМРО-НП Фокус бр.780 http://www.telma.com.mk/index.php?ta...b=15&item=1351 http://www.kanal5.com.mk/default.asp...&eventId=61676 Георгиевски: Не дозволувам Груевски да го земе минатото и историјата на ВМРО-ДПМНЕ Се остри јазот меѓу актуелниот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Груевски и екс лидерот Георгиевски. Во пресрет на прославата за годишнината на ВМРО ДПМНЕ што ја организира вечерва Никола Груевски, Љубчо Георгиевски излезе да каже дека тој е и идеолошкиот и технички основач на ВМРО ДПМНЕ. -Зошто досега, за овие 20 години никој не го оспори ни идеолошкото, ни техничко основање на ВМРО ДПМНЕ. Јас ќе им порачам едно – во сегашноста и иднината не им се мешам, но не им дозволувам да го земат минатото и историјата. Јас сум и идеолошки и технички основач, изјави Љубчо Георгиевски. Георгиевски не е поканет на прославата на која свое обраќање ќе има претседателот на владејачката партија Груевски, а според најавите ќе зборува и еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ Владо Транталовски. По серијата средби со основачи на ВМРО ДПМНЕ што ги имаше изминативе денови Груевски, во кои некои од нив порачаа затвор за екс лидерот. Георгиевски врати со контра напади – за про- бугарска линија на Георги Наумив, чиј брат бил затворен за бугарофилство. За Марјан Ѓорчев дека влегол во партијата неколку години по нејзиното основање, за Змејковски дека учествувал во основањето на комитетите, но потоа се свртел кон лични интереси, а зад камерите можеа да се слушнат и обвинувања на сметка на ќерката на Транталовски. Од кај Груевски денеска не го коментираа Георгиевски. Според директорот за комуникации Илија Димовски, Груевски во говорот ќе се фокусира на сработеното во 20 годишната историја на ВМРО ДПМНЕ и за време на владеењето на партијата, како и на приоритетите на владата и предизвиците претстојниот период. Митингот ќе се одржи на Рекорд, во центарот на Скопје, која денеска беше во 24 часовна блокада – се проверуваше, се поставуваа реквизити. Граѓаните кои стигнуваа до лентите разочарано вртеа назад. Опозицијата во Парламентот обвини дека вакви подготовки за митинзи паметат за време на владеењето на Јосип Броз Тито. Весна Коваческа-Трпчевска
__________________
Last edited by Daskalova; 06k_JunK at %18:%Jun. |
|
|
|
![]() |
| Currently Active Users Viewing This Thread: 1 (0 members and 1 guests) | |
| Thread Tools | Search this Thread |
| Display Modes | |
|
|