![]() |
|
|||||||
| За Брисел, ЕУ и НАТО 20.11.2009 |
![]() |
|
|
Thread Tools | Search this Thread | Display Modes |
|
|
#41 | |
|
Senior Member
Join Date: Jun 2009
Posts: 600
![]() |
Quote:
што е работава на видлер има само три видеа, пробав да го најдам и тоа со Мендо ама тапа немет ништо! најверојатно ги имате тргнато или некој ви влетал во сметка!? ќе бидат ли истите повторно качени на нет!? |
|
|
|
|
|
|
#42 | |
|
Фамилија Админовци
|
Quote:
За жал видеата сега ќе треба повторно да се качуваат, а тоа одзема време, така да би ве замолил за трпение и воедно да се извинам што не можете да ги гледате. |
|
|
|
|
|
|
#43 |
|
Senior Member
Join Date: Jun 2009
Posts: 600
![]() |
ова ордановски да не замешал прсти
мамонистичка удба још је жива!туку ако веќе ја прешалтувате интернет презентацијата мој совет дефинитивно свртетеја на www.blip.tv ти пишав на профил но бидејќи немет реакција еве го советот и тука! http://milenko.com.mk/forum/converse.php?u=43&u2=517 |
|
|
|
|
|
#44 |
|
Junior Member
Join Date: Jun 2010
Posts: 2
![]() |
Кога ги гледам заклучоците на НАТО и ЕУ за непримањето во членство, односно непочнување на преговори, се потсетувам на еден виц за Бугарија во време на Тодор Живков кога евиденцијата за сообраќајните прекршоци ја вршеле со дупчење дупки во возачката дозвола. Така еден полицаец запрал возач и поради прекршување на прописите му ја дупнал дозволата, но отпосле видел дека дотичниот му е близок роднина на претседателот на партијата и шеф на државата. Со пенкало допишал „Оваа дупка не е дупка“. Не плачејќи по искипано млеко нема да ја коментирам глупоста со прифаќањето на FYROM (веројатно поранешен југословенски ром) како име за нашата држава, но тоа е сигурно компромисно име, па значи дека дополнителниот услов поради кој не сме примени, односно не сме почнале преговори е исполнет уште во 1995 година. Што би рекле се бара компромис на компромисот.
ЕУ секогаш до сега со политичка одлука била против нас и со политичка одлука го менувала мислењето на нивните експерти. Почнувајќи од Арбитражната комисија за сукцесија на СФРЈ (на чело со Бадинтер) која експертски утврди дека само Словенија и Македонија заслужуваат признавање, а не не признаа, преку непочитувањето на мислењето дека кај нас човековите права (и малцинските) се добри па го потпишавме договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, а после тврдеа дека правата на малцинствата се загрозени до тој степен што може неказнето да убиваат цивили, војници и полицајци, до најновото кога не ја прифатија препораката на европската комисија за проширување да ги започнеме прговорите со образложение дека треба да направиме компромис, кој како што напишав го имаме направено пред скоро 15 години. Превише институционален мајтап. Ако на тоа го надоврземе и индивидуалниот на амбасадорите кои ни тврдат дека и ако ставиме некоја додавка ќе сме останеле истите, што би рекле дека ништо не се менува со новото име, излегува дека и таа промена ја бараат само од мајтап. Не можам да разберам зошто, ако наводно целта на Грција била само да се направи разлика меѓу Грците доселени во Македонија и нас Македонците и затоа бараат додавка, зошто тие не си стават додавка каква што сакаат, туку сакаат нас да не принудат на тоа. Јас не знам колкава е способноста за разликување на Грците, но во светот многу лесно разликуваат Indians од Индија и староседелец од Северна Америка, па мислам дека уште полесно ќе разликуваат Македонец што зборува македонски од тој што зборува грчки јазик, а нема шанси да се поистоветат македонскиот и грчкиот јазик. Целта е јасна. Откако не успеа едновековната операција за бришење на името македонско, сега македонци можат да бидат сите сем Македонците. И црномурестите Грци и црните, бели и жолти жители на градот Македонија во Охајо на пример. |
|
|
|
![]() |
| Currently Active Users Viewing This Thread: 1 (0 members and 1 guests) | |
| Thread Tools | Search this Thread |
| Display Modes | |
|
|