![]() |
|
|||||||
| ЖОЛТ ОФСАЈД на 5+ Теми поврзани со спортската емисијата Жолт Офсајд, секој вторник заедно со Миленко Неделковски |
|
|
Thread Tools | Search this Thread | Display Modes |
|
|
#21 |
|
Шефот
Join Date: Feb 2009
Posts: 2,327
![]() |
Денес ручавме со Ѕинго во ресторан Уранија во Скопје.
|
|
|
|
|
#22 |
|
Ентертејмент
|
со Виктор ли беше или со Емил
__________________
![]() I`ll be back,...........NeVeR |
|
|
|
|
#23 |
|
Member
Join Date: Mar 2009
Posts: 41
![]() |
Го пуштив и во темата кошарка, обврска ми е и тука!
Навивачката група Фемили Аеродром ги повикува, не само своите членови и симпатизери на кошаркарскиот клуб Мзт Скопје, туку и сите искрени љубители како на спортот, така и на кошарката, да излезат во што поголем број и да се обидат да го одржат во живот еден од последните бастиони на македонскиот спорт, екипата на Мзт Скопје. Како што знаеме, кошарката и спортот воопшто се игра за публика, а едно од последните упоришта каде љубителите на кошарката непрекинато доаѓаа во последниве години не земајќи го предвид квалитетот на лигата, е секако Мзт Скопје. Тоа е бренд, тим со традиција, тим кој го дава најголемото спортско дерби во државава, тим кој има душа, тим кој има срце...тим кој сигурно заслужува да се прекрши статутот на Кошаркарската Федерација на Македонија и да му се дозволи еден продолжен мини рок во кој Мзт СКопје би ја составил екипата и би се одржал во живот. Мзт Скопје е синоним не само за кошарката туку и за македонскиот спорт воопшто. Тоа е тимот на кој му се препишуваат историски успеси на меѓународната сцена, тим со голема традиција, тим со огромна база на навивачи и симпатизери, тим за кој вреди да се прогледа низ прсти и да се замиже со едното око пред статутот на МКФ, бидејќи кошарката без Мзт Скопје дефинитивно нема да биде иста. Па затоа искрени љубители на спортот, симатизери на Мзт Скопје, и не само на Мзт Скопје придружете ни се во четврток на 3-ти Септември во 19:00 часот пред трговскиот центар Бисер во нашиот мирен марш низ населбата Аеродром за да покажеме дека искрено го сакаме спортот, дека искрено ја сакаме кошарката и да му ја овозможиме шансата што живот значи на нашиот Мзт Скопје, бидејќи со евентуалното непрологирање на рокот од страна на МКФ ќе се предизвикаат последици со огромни размери, во кои најголеми губитници ќе бидат искрените љубители на спортот, а не навивачите на Мзт Скопје затоашто Мзт Скопје никогаш нема да престане да живее во Аеродром. |
|
|
|
|
#24 |
|
Senior Member
Join Date: Feb 2009
Location: дома
Posts: 1,676
![]() |
превземено од:
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.a...ticleID=122214 НАУКАТА ТЕШКО ВЛЕГУВА ВО МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ Витаминските препарати бауч Настапот на единствената претставничка Ивана Рожман на Светското првенство во атлетика во Берлин е доказ дека македонските спортисти многу слабо ја користат науката во подобрувањето на настапите. Врвните спортисти ги користат најдобрите дозволени препарати за да постигнат најдобри резултати, а некои одат и подалеку користејќи недозволени супстанции. Ивана Рожман на мундијалот го освои 47. место со време од 12.60 секунди на 100 метри, што е далеку зад најдобрите. - Немаме пари за такви работи. Знаеме дека во атлетиката се повеќе од потребни такви средства, како витамини, минерали, аминокиселини, но ние тоа ретко го користиме од добро познатата причина, недостигот од финансии. Едноставно ние немаме услови за тренинзи тука во Македонија, а камоли да се надеваме на редовно користење препарати за подобрување на физичката кондиција или на мускулната маса. Многу пати сме се обратиле за помош и кај Агенцијата за млади и спорт и кај Атлетската федерација, но не сме наишле на разбирање кај нив. Можеби ќе се лутат во АМС, но даваат пари на сите, а за нас нема. Купуваме само периодично кога ќе добиеме финансиска инјекција, а најчесто земаме аминокиселини - вели Ѓорѓи Вучков, тренер на Рожман. Светската антидопинг агенција (ВАДА) како што има список на недозволени средства, така има и листа на препарати што може да се користат. Меѓу првите тренери што почнаа да користи витамински коктели на тренинзите и натпреварите е фудбалскиот стратег Ѓоре Јовановски. Благодарение на неговиот систем на работа доминираше со Слога Југомагнат, со која три години беше шампион, и со Работнички Кометал на кого му донесе две шампионски титули. - Научно е докажано дека спортистот по напорните тренинзи или натпревари не може за кратко време да се врати во полна сила. Поради тоа треба да се земаат разни средства, но со контрола од Институтот за физиологија. Големите клубови вложуваат огромни средства. Еден од условите кога доаѓам во нова екипа е раководството да одделува средства за такви препарати и секогаш сум имал разбирања за таквите барања. Едноставно без витамински препарати не може да има успех - појаснува Јовановски, кој моментно е тренер на прволигашот Металург. ---------------------------------------------------------------------------------------------- Ова е сериозен проблем/пропуст , и треба да се разгледа и под најитно да им се помогне на спортистите, дали со донации или на тендер да се избере фирма снабдувач преку овие веледрогерииве.
__________________
Иднината ние ја пишуваме. |
|
|
|
|
#25 | |
|
Senior Member
Join Date: Feb 2009
Location: skopje
Posts: 1,003
![]() |
Quote:
__________________
Кој изгубил пари, изгубил многу; Кој изгубил пријател, изгубил многу повеќе; А оној кој изгубил вера и надеж, изгубил сè. |
|
|
|
| Currently Active Users Viewing This Thread: 1 (0 members and 1 guests) | |
| Thread Tools | Search this Thread |
| Display Modes | |
|
|