PDA

View Full Version : ИГРИ ОД НАШЕТО ДЕТСТВО


Pages : [1] 2

Аминта
12k_DecK, %01:%Dec
Со што сте си играле?

Како сте си играле?

Кои игри сте ги играле? Наведете правила колку што се сеќавате.

Наведете:
- детски песни,
- брзозборки,
- ритмички песни (како на пр. за ема-есаса)...

На што се сеќавате од Вашето детство?

Што би ги научиле сегашниве деца од искуството од Вашето детство?

22-12-2009.

lurak
12k_DecK, %01:%Dec
ЦРЦА - ПРЦА

ама сега сум уморен - друг пут ќе објаснам за што се работи - ветувам

нека стои насловот сега - тука ќе пишувам

Аминта
12k_DecK, %01:%Dec
Се фаќаат со малите прсти од десната рака, па ги нишаат тие раце лево-десно.

Притоа заедно велат:

СМИР-СМИР, ДОГОДИНА МИР!
АКО СЕ КАРАМЕ, ПАК ЌЕ СЕ СМИРИМЕ!

Amaterka
12k_DecK, %07:%Dec
БРАВО за темата! Ко за почеток,еве една песничка

Топчето ми падна
Калинка го грабна
Дај ми го Калинке
Не ти го давам
Ќе го продадам за два три гроша
Калинка е лоша.

hensk
12k_DecK, %08:%Dec
ii da si iBete popot,kako gi pamtite ovie igri od deca
ili pak jas ne gi pamtal zs sum ucel mnogu

Аминта
12k_DecK, %10:%Dec
Кога врнеше дожд, си пеевме:

Врни, врни, дошче,
Да си најдам грошче,
Да си купам ношче,
...

И, после одеше нешто слично на:
... да си сечам гранка,
да си направам колиба.

Едноставно, нели, да не ме врне дождот.

Аминта
12k_DecK, %10:%Dec
Еве една песна, (мислам дека е од Стојан ТАРАПУЗА):

Страчка каша варела

Страчка каша варела
од јачмен и просо
а ќосот крај огнот
си го чепкал носот

Леле, види
колку глупав ќос,
во животот не видел,
шамивче за нос

Аминта
12k_DecK, %10:%Dec
БРАВО за темата! Ко за почеток,еве една песничка

Топчето ми падна
Калинка го грабна
Дај ми го Калинке
Не ти го давам
Ќе го продадам за два три гроша
Калинка е лоша.

Сполај ти. Браво и за тебе.
Оваа песничка сега се учи во градинка.

Аминта
12k_DecK, %10:%Dec
Еве песна или дел од песна која се пееше при играње ема-есаса:

Е-ма есаса
есаса пипија
пипи дуга чорапа
...(е-ма есаса?)

Amaterka
12k_DecK, %11:%Dec
А јас се сеќавам на
Врне,врне дош
мајка ти под кош
ама не се сеќавам понатаму како беше

Amaterka
12k_DecK, %11:%Dec
А која ти е таа игра Е-ма есаса?

Amaterka
12k_DecK, %11:%Dec
Ние игравме ластик,односно се шинуевме од играње ластик-по цели денови игравме.Ама не се сеќавам кои песни ги пеевме.Ако се сеќава некој,го молам да напише

Amaterka
12k_DecK, %11:%Dec
Низ двор шета бабичка
зад грб метла крие
шарениот мачорок
сака да го бие.
Пис крадецу бесрамен
каков е тој ред
имав осум рипчиња
а сега се пет.


Ха,ха-па и јас ги памтам песните од градинка,а и од пред градинка-по дома што ме научиле.Сите ги памтам

Аминта
12k_DecK, %11:%Dec
А која ти е таа игра Е-ма есаса?

Ние игравме ластик,односно се шинуевме од играње ластик-по цели денови игравме.Ама не се сеќавам кои песни ги пеевме.Ако се сеќава некој,го молам да напише

Ние велевме:

Ајде да играме ластико.
и
Ајде да играме ема-есаса.


------------------

Ема-есаса се игра со ластик (еластична врпца).

------------------

Барав прилично по интернетов за ема-есаса, ама малку најдов.

Инаку, прилично материјал има за `дабл-дач` (double-dutch).
Тоа е онаа игра која претежно ја играат афроамериканците во САД.
Таа излезе дека е најблиску до ема-есаса. Ама сепак се игра со прескокнување на едно или две јажиња кои се вртат.

Сега за сега, ми се чини како ема-есаса да се играло само во Македонија.

Amaterka
12k_DecK, %11:%Dec
Еднаш Трендо на ТВ ја кажа песничката“ема-есаса„,и рече дека таа песна се пеела во некоја од северните европски земји,мислам,и дека всушност зборовите имале некакво значење.Па да го прашаме Трендо?:D:D

kosturot
12k_DecK, %12:%Dec
Еден,два три
глувчето се скри
кој го најде
ете баш тој си ти.
Кога одбиравме кој ќе не бара на криенка.

Amaterka
12k_DecK, %12:%Dec
Јас ја знам вака

Едно две три
штурчето се скри.
Кој го најде
ете баш ти!

Amaterka
12k_DecK, %12:%Dec
И оваа е од жмурки

Падна бомба од небото
па удари баба меца
тече гној
тече крв
кој искочи
тој е прв!

Десничарка
12k_DecK, %14:%Dec
А јас се сеќавам на
Врне,врне дош
мајка ти под кош
ама не се сеќавам понатаму како беше

Врне,врне дожд
мајка ти под кош,
татко ти во буре,
Хикс има кУре :D

Десничарка
12k_DecK, %14:%Dec
Сандокан и сандоканица,
играле брканица,
Сандоканица се сопна,
Сандокан ја опна.:D

Десничарка
12k_DecK, %14:%Dec
А долга магарица !!!
Чатали,копатали,еден,два,тр и !!!!

Десничарка
12k_DecK, %14:%Dec
Еден, два, три,
штурчето се скри,
зад една капина,
газот му се скина.

Десничарка
12k_DecK, %14:%Dec
Шири,шири,
весели пешкири,
боса ја, боса ти,
заврти се Данче ти.

Паја патак,
добио задатак,
да пољуби патку,
у гузицу слатку.

Десничарка
12k_DecK, %15:%Dec
Компанија,месо боранија,
славејчето пее
Тито да живее,
кукавица кука
Хитлер да испука.

Десничарка
12k_DecK, %15:%Dec
Дедо седи на грутка
и си плети јакулка
зошто ти е јакулка
ќе си берам желади
зошто ти се желади
ќе си ранам прасиња
зошто ти се прасиња
ќе ми идат сватови
зошто ти се сватови
ќе ми носат невеста
зошто ти е невеста
ќе ми роди дете
зошто ти е дете
дете ќе ми вика

Тато пато
скриј се во грнците
ене ги Турците
ќе ти ги земат парите

Десничарка
12k_DecK, %15:%Dec
Цуцул паси говеда
покрај река Ситница
поминала лисица
добро утро цуцуле
дал Бог добро лисицо
што е врева во село
Комарец се женеше
за мушичка девојка
петел дрва цепеше
кокошка ги редеше
петелот и велеше

Ој кокошке мендушке
убо реди ги дрвата
да не ти ги скршам ребрата

Десничарка
12k_DecK, %15:%Dec
Чангал чангал кочија
сите моми на вода
една седше
да ги пржи рибите
Трајко метла метеше
кандилото светеше
мачката вресна
кадијата ја тресна

lurak
12k_DecK, %16:%Dec
ццц..цц.цц

lurak
12k_DecK, %16:%Dec
еве една - ама не е на македонски:

ринге ринге јаја
дошо чико паја
једно јајце муч
сите деца чуч.

ова и се играше некако (за ептен мали деца е - градинка) -
колку што ме држи сеќавањето вака некако беше:
се фаќаат сите деца за раце во круг - и се вртат - ја пеат пеасничкава
и кога ќе дојде до чуч - тој последен што ќе чучне - испаѓа

и се така додека некој не остане

повеќе памтам на море кога се играше - во вода - ама не се сеќавам многу

поентата повеќе беше да се фатиш до девојчето (или машкото) што ти е симпатија

да се држите за раце, демек

-----------------
ако грешам нека ме коригира некој - слаб ми е сигналот

Десничарка
12k_DecK, %17:%Dec
ццц..цц.цц

Шо бе ццц..цц.цц :D

не сте ги пееле тие песни кога бевте мали ??
а “народна“ игравте ????:D

lurak
12k_DecK, %17:%Dec
Чангал чангал кочија
сите моми на вода
една седше
да ги пржи рибите
Трајко метла метеше
кандилото светеше
мачката вресна
кадијата ја тресна

се испржи ли рибата?
или Трајко покрај метењето и друго правел

lurak
12k_DecK, %17:%Dec
цц беше за тоа дека ги памтиш

ја памтам за Сандокан (ама постарите ја пееа)
за штурчето
месо боранија
пешкирите

за некои само делови памтам

другине не ги знам - не бев по ова многу

џамлии, фудбал и со сликици триста игри игравме, тапка - или камај - или жмурки

сум испозаборавил - одамна не сум се навраќал

Sneki
12k_DecK, %17:%Dec
Апче бапче
печено ќебапче
риба штука
мани се ти од тука :)

Ова го памтам и тоа со ластикот што го напиша
Аминта „Ема е са са...“

И онаа „ Компанија месо боранија“ мислам дека
Десничарка ја напиша.

Amaterka
12k_DecK, %18:%Dec
Јас ја знам вака

Компанија, месо боранија
стара Југославија
нова Македонија

и понатаму не се сеќавам.

lurak
12k_DecK, %18:%Dec
е да имаше и таква, нели патакот сега имаше песна па го имаше убацено и ова
ама ја нема на ЈУТУБ

Amaterka
12k_DecK, %18:%Dec
Ќе ги распрашам старите другарки,од улица,па ќе ја допишам ако ми ја кажат

Десничарка
12k_DecK, %18:%Dec
Милка везе перниче
со куче и маче
си го боцна прстето
и почна да плаче
Бакни ми го мамице,
плаче и се моли
ако ми го бакнеш,
нема да ме боли.

Десничарка
12k_DecK, %18:%Dec
Мацо, мацо, каракацо!
Кај си била?
На воденица.
Што си јала?
Бареница.
Камо мене?
Нема тебе!
Пис, пис, мацо.

lurak
12k_DecK, %18:%Dec
а Тапшин тапшин тарана
у свилена марама
- ама таа ептен бебешка е:D

ја знаете?

Десничарка
12k_DecK, %18:%Dec
Тапшин,тапшин танана,
у свилена марама,
у марами шечера,
лурак сака вечера. :D:D:D

Amaterka
12k_DecK, %18:%Dec
а Тапшин тапшин тарана
у свилена марама
- ама таа ептен бебешка е:D

ја знаете?
Лелееее БРАВО,како се сети.

Тепшин,тапшин танана
у свилена марама
у марами шеќера
за -------- вечера

Ако е бебешка,и тие се за тука

Amaterka
12k_DecK, %18:%Dec
Нани нуни детенце
надвор пее петленце
пее ку***ика
тебе ми те вика

За заспивање бебиња

Десничарка
12k_DecK, %18:%Dec
Изутрина штом си стана
на бунарот брза Дана
вади вода и се мие
уши лице таа трие

Гнасотија ич не трпи
еве втора кофа црпи
знае Дана мома мила
чистотата дава сила.

Има и уште една безобразна варијанта од „Чиста Дана“ на времето и ја напишав на Дани во поезија,сега не би била пожелна,Аминта ќе ме кара.:D:D

Amaterka
12k_DecK, %19:%Dec
Оваа ја научив во градинка-игра е

Малата ________ седи и плаче
зошто не ја играат,другарките.
Стани ми ____________
избиши ги солзите
погледни кон сонцето
и поклони се

Amaterka
12k_DecK, %19:%Dec
И ова е игра од градинка

Балонот се надува
пазете да не пукне
ПАУУУУ

Десничарка
12k_DecK, %19:%Dec
Имам Две рачичиња,
со 10 прстиња,
еве ги горе,
еве ги доле,
оп на раменца.

Amaterka
12k_DecK, %19:%Dec
Две рачички со десет прста
имам јас деца.
Еве ги горе
еве ги доле
оп на раменца.
Еве ги напред
еве ги назад
оп на коленца

Ова е игра-

Десничарка
12k_DecK, %19:%Dec
А играта со прстите ја памтите ??
Почнува од палецот па по ред сите прсти.
палецот вика : Јас сум гладен !!
тој до него: И јас !!!
средниот : Што ќе јадеме ??
тој до него :Ќе крадеме ,ќе јадеме !!
малиот : Јас ќе ве кажам !!!
и сите му викаат : Ќути ќути Тодоре и тебе ке ти дадеме за да пораснеш погоре :D:D:D

Amaterka
12k_DecK, %19:%Dec
И ова е игра

Вака,така двете раце
да поиграме опа,тропа.
Со глава мрдни
со нога тропни
на раменца раце стокми.
Дигни горе,па рашири
напред спружи,па се смири.
Поклони се дете мило
засега је доста било.


Се пее,и се покажува-со раце,нозе,се тропа се мрда со глава и тн.

Amaterka
12k_DecK, %19:%Dec
А играта со прстите ја памтите ??
Почнува од палецот па по ред сите прсти.
палецот вика : Јас сум гладен !!
тој до него: И јас !!!
средниот : Што ќе јадеме ??
тој до него :Ќе крадеме ,ќе јадеме !!
малиот : Јас ќе ве кажам !!!
и сите му викаат : Ќути ќути Тодоре и тебе ке ти дадеме за да пораснеш погоре :D:D:D
Ја памтам.БРАВО

Десничарка
12k_DecK, %19:%Dec
Нани нани бебенце,
во шарено ќебенце
да пораснеш големо.

piratot od Ohrid
12k_DecK, %19:%Dec
елелица пепелица
до мадара до катара
чифтин чеголин
Мартин ѓуптин
прескочи кочица кафтица!!


вака им проев на децава на прстината, ова е песна од баба ми од Ресенско

Десничарка
12k_DecK, %19:%Dec
Иде мачка поред тебе,
пази да те не огребе,
чувај мачко реп,
да не будеш слеп.

(оваа на кумановски дијалект):D

Amaterka
12k_DecK, %19:%Dec
Иде мачка поред тебе,
пази да те не огребе,
чувај мачко реп,
да не будеш слеп.

(оваа на кумановски дијалект):D
Ако будеш слеп,отпашќе ти реп

И ова е игра

lurak
12k_DecK, %19:%Dec
Иде мачка поред тебе,
пази да те не огребе,
чувај мачко реп,
да не будеш слеп.

(оваа на кумановски дијалект):D

ама чувај мишо реп - а не мачко

класика е оваа - во градинка кој идел знае

и види у дробење за студени зими муабет се правеше - се заборави тука

Десничарка
12k_DecK, %19:%Dec
Мецо, мецо дебела
каде беше в недела?
Јас си бев дечиња
да си ранам мечиња.

Мецо, мецо дебела
што им даде за вечера?
Јас им дадов дечиња
медени колачиња.

ДАНИ
12k_DecK, %19:%Dec
Ехееее,многу добра тема,за поздрав темата и оној кој ја отвори:);)

А какви игри..се игравме без граници,од ластик и ја пеевме ЕМА,ЕСАСА,ЕСАСА ПИПИЈА:D па се до онаа Игри без граници-ќе земевме кофи со вода и ќе полневме шишиња(од Књаз Милош:D)и која група побрзо ги наполни петте шишиња тој е победникот(во тоа време беше познато онаа Игре без границе)) е сега како ја викавме играта не се сеќавам ама ќе наредевме пет плочки од камен и со топка ќе ги туркавме-како онаа со ѓуле:D..тука е и жмурка:Dили криенка:D,па игравме кленѕа војска-на асвалтот пред зградата имше испошарани коцки со бројки од 1 до 10 и ќе ставевме плочка и со една нога ќе скокавме и плочката ќе ја туркавме до сите броеви:D..комшиите едвај не издржуваа а кога бевме не подносливи ќе се слушнеше дерење и викање„Доста!!!Да си одете дома!!Безобразна работа,човек од вас неможе ниту да се одмори!!!!!-а кога таму и нивниот син или ќерка:D:D:D:D.
Имаше многу игри кои многу ги сакам,и во тој поглед можам да кажам дека сеуште се сеќавам на нашите враголии:D:D

Аааа,ја заборавив играта Џилик,хихихи,кутрата бандера ја скапавме удираајќи ја

Amaterka
12k_DecK, %21:%Dec
Таа игра Дани што ја вика Кленѕа војска,мислам дека е иста,ние ја викавме Школица.
Игравме и Жмурки,-Брканица,-Некабие,нека бие тој што спие-се игра со топка,Народна-се игра со топка-,Камај,-Црна,бела кралица,стоп-Пипни,стоп,-Кипи нос, - толку ми текна.

Аминта
12k_DecK, %00:%Dec
23-12-2009.

Ееееееј!
Се заигравте Вие.

Аминта
12k_DecK, %00:%Dec
Врне,врне дожд
мајка ти под кош,
татко ти во буре,
Хикс има кУре :D

Сандокан и сандоканица,
играле брканица,
Сандоканица се сопна,
Сандокан ја опна.:D

Ооооо, па Вие сте биле многу напредни како деца. :D

Десничарка
12k_DecK, %00:%Dec
ама чувај мишо реп - а не мачко

класика е оваа - во градинка кој идел знае

и види у дробење за студени зими муабет се правеше - се заборави тука

Ццццц, стално ми најдуваш мана,а јас од брзање правам грешки :D
Ај пак !!!

Иде мачка поред тебе,
пази да те не огребе,
чувај мишо реп,
да не будеш слеп,
ако будеш слеп,
отпашче ти реп.

бев у дробење,иди сега ти види што напишав за студени зими !!!

Аминта
12k_DecK, %00:%Dec
еве една - ама не е на македонски:

ринге ринге јаја
дошо чико паја
једно јајце муч
сите деца чуч.

ова и се играше некако (за ептен мали деца е - градинка) -
колку што ме држи сеќавањето вака некако беше:
се фаќаат сите деца за раце во круг - и се вртат - ја пеат пеасничкава
и кога ќе дојде до чуч - тој последен што ќе чучне - испаѓа

и се така додека некој не остане

повеќе памтам на море кога се играше - во вода - ама не се сеќавам многу

поентата повеќе беше да се фатиш до девојчето (или машкото) што ти е симпатија

да се држите за раце, демек

-----------------
ако грешам нека ме коригира некој - слаб ми е сигналот

Браво, браво!

Поарно ја опиша играва отколку што јас се подготвив да ја напишам.

Или малку помакедончена:

Ринге, ринге јаја
дошол чичко Паја
едно јајце муч
сите деца чууууч!

Десничарка
12k_DecK, %00:%Dec
Браво, браво!

Поарно ја опиша играва отколку што јас се подготвив да ја напишам.

Или малку помакедончена:

Ринге, ринге јаја
дошол чичко Паја
едно јајце муч
сите деца чууууч!

Еееее, ако беше помакедончено ке требаше :

едно јајце муч
сите деца клечччч! :D:D:D

Аминта
12k_DecK, %00:%Dec
цц беше за тоа дека ги памтиш

ја памтам за Сандокан (ама постарите ја пееа)
за штурчето
месо боранија
пешкирите

за некои само делови памтам

другине не ги знам - не бев по ова многу

џамлии, фудбал и со сликици триста игри игравме, тапка - или камај - или жмурки

сум испозаборавил - одамна не сум се навраќал

Па, кажи ги деловите.
Можеби заедно ќе склопиме целини.

А за заборавањето, ич не се секирај.
Ако доволно добро ја насочиш мислата и намерата да се присетиш - ќе почнеш да се присетуваш.

ѓоамити
12k_DecK, %00:%Dec
или, едно јајце мати :D

ѓоамити
12k_DecK, %00:%Dec
овие никогаш не ми биле јасни...

Сакате ли војна
Праење манџи со ливчиња и гранчиња
Мајка и дете
Учителка

:D:D:D

Аминта
12k_DecK, %00:%Dec
а Тапшин тапшин тарана
у свилена марама
- ама таа ептен бебешка е:D

ја знаете?

Тапшин,тапшин танана,
у свилена марама,
у марами шечера,
лурак сака вечера. :D:D:D

Тапшин, тапшин танана
у свилена марама
у марами шечера
за ......... вечера

(На празното место, додавате име.)

Аминта
12k_DecK, %00:%Dec
...
Има и уште една безобразна варијанта од „Чиста Дана“ на времето и ја напишав на Дани во поезија,сега не би била пожелна,Аминта ќе ме кара.:D:D

Темава сакав да можат слободно да си ја отпечати кој сака, па да си ја користи.

Ама ти веќе `го скрши ледот`, па ајде продолжи со новите варијанти.

И така и така форумите се за возрасни, а не за деца.

:D

Аминта
12k_DecK, %00:%Dec
Оваа ја научив во градинка-игра е

Малата ________ седи и плаче
зошто не ја играат,другарките.
Стани ми ____________
избиши ги солзите
погледни кон сонцето
и поклони се

Сега децата ја пеат мааалку поинаку;

Малата ..........
седе и плаче
зошто не ја играат,
другарките.

Стани ми ..........
избиши ги солзите
погледни кон Сонцето
и насмевни се!

Аминта
12k_DecK, %00:%Dec
Имам Две рачичиња,
со 10 прстиња,
еве ги горе,
еве ги доле,
оп на раменца.

Ааааа, крушевска...

Мене во Крушево вака ми испејаа:

Две рачички, десет прсти,
јас си имам деца

Еве ги горе, еве ги долу
Оп! на раменца

Притоа, дланките соодветно на пеењето, се покажуваат напред, па прстите, па ги симнуваш долу, па ги креваш горе.
И, на крајот, ги допираш со нив рамињата.

Аминта
12k_DecK, %00:%Dec
А играта со прстите ја памтите ??
Почнува од палецот па по ред сите прсти.
палецот вика : Јас сум гладен !!
тој до него: И јас !!!
средниот : Што ќе јадеме ??
тој до него :Ќе крадеме ,ќе јадеме !!
малиот : Јас ќе ве кажам !!!
и сите му викаат : Ќути ќути Тодоре и тебе ке ти дадеме за да пораснеш погоре :D:D:D

Палецот: Ми се јаде!
Показалецот: Што да јадеме?
Средниот: .............
Домалиот: Ај да крадеме!
Малиот: Јас ќе ве кажам!
И, сите му велат на малиот: Цуцул, цуцул, Тодоре, не порасни погоре!

Аминта
12k_DecK, %00:%Dec
Ако будеш слеп,отпашќе ти реп

И ова е игра

Игра, игра...

А камо ги правилата?!

Аминта
12k_DecK, %00:%Dec
Ехееее,многу добра тема,за поздрав темата и оној кој ја отвори:);)

А какви игри..се игравме без граници,од ластик и ја пеевме ЕМА,ЕСАСА,ЕСАСА ПИПИЈА:D па се до онаа Игри без граници-ќе земевме кофи со вода и ќе полневме шишиња(од Књаз Милош:D)и која група побрзо ги наполни петте шишиња тој е победникот(во тоа време беше познато онаа Игре без границе)) е сега како ја викавме играта не се сеќавам ама ќе наредевме пет плочки од камен и со топка ќе ги туркавме-како онаа со ѓуле:D..тука е и жмурка:Dили криенка:D,па игравме кленѕа војска-на асвалтот пред зградата имше испошарани коцки со бројки од 1 до 10 и ќе ставевме плочка и со една нога ќе скокавме и плочката ќе ја туркавме до сите броеви:D..комшиите едвај не издржуваа а кога бевме не подносливи ќе се слушнеше дерење и викање„Доста!!!Да си одете дома!!Безобразна работа,човек од вас неможе ниту да се одмори!!!!!-а кога таму и нивниот син или ќерка:D:D:D:D.
Имаше многу игри кои многу ги сакам,и во тој поглед можам да кажам дека сеуште се сеќавам на нашите враголии:D:D

Аааа,ја заборавив играта Џилик,хихихи,кутрата бандера ја скапавме удираајќи ја

Фала, фала. Голем поздрав и до тебе.

Веднаш се чувствува како сите овие спомени долго чекале да ги изразиш, па сега трчаат да излезат на екранов кој од кого побрзо.

Со задоволство очекувам да ги објасниш поединечно игриве колку што можеш во мигот. А после, најверојатно и ќе ги надополнуваш записите.

Десничарка
12k_DecK, %00:%Dec
Палецот: Ми се јаде!
Показалецот: Што да јадеме?
Средниот: .............
Домалиот: Ај да крадеме!
Малиот: Јас ќе ве кажам!
И, сите му велат на малиот: Цуцул, цуцул, Тодоре, не порасни погоре!

Е не е така, туку е вака и дури сега ми текна :D:D:D

Палецот:- Ми се јаде !
Показалецот: - Што ќе јадеме ?
Средниот: - Што дал Господ !
Домалиот: - Ќе крадеме, ќе јадеме !
Малиот:- Јас ќе ве кажам !
И сите му велат: Ќути Ќупче под казанче и тебе ке ти дадеме :D:D:D

ѓоамити
12k_DecK, %01:%Dec
Игра, игра...

А камо ги правилата?!

седат деца во круг, сите завртени кон центарот. едно дете врти позади нив и носи нпр. шамивше. децата пеат

Иде маца поред тебе
пази да те не огребе
Чувај мишо реп
да не будеш слеп
Ако будеш слеп
отпаст` ќе ти реп

или како што вика Аматерка
Ако будеш слеп,отпашќе ти реп

додека се пее, „мачкава“ го остава шамивчето позади некое дете што седи и трча околу, еден круг, до местото што е празно.
детево треба да сети, даго земе шамивчето и да го стаса. ако не го стаса, „мачката седнува на негово место.
и така до недоглед, мислам дека немаше испаѓање.

ѓоамити
12k_DecK, %01:%Dec
А долга магарица !!!
Чатали,копатали,еден,два,тр и !!!!

мене, вака ми текнува
чаталигу - паталигу, урнам - бутнам, колку се?

(расчепати се и трпи (пати), ќе ти се втурам (нападнам, залетам, јавнам, ураа..) и те туркам)
колку се ? - се покажуваат прсти од една рака, а „магарицата“ треба да погоди. судија е „перничето“.

http://i2.ytimg.com/vi/Mkl2TgpRXyM/default.jpg

хардкор варијанта, наместо урнам - утнам
од страв од преголем залет и доскок како сивоња, последниот што лежи, знаеше што го очекува и често се тргаше пред да долета првиот. е тогаш... бутнам друго значеше :D

Десничарка
12k_DecK, %01:%Dec
мене, вака ми текнува
чаталигу - паталигу, урнам - бутнам, колку се?

(расчепати се и трпи (пати), ќе ти се втурам (нападнам, залетам, јавнам, ураа..) и те туркам)

хардкор варијанта, наместо урнам - утнам
од страв од преголем залет и доскок како сивоња, последниот што лежи, знаеше што го очекува и често се тргаше пред да долета првиот. е тогаш... бутнам друго значеше :D

а нешто ,Анино,јанино, чатали,копатали............така нешто почнуваше :D

ѓоамити
12k_DecK, %01:%Dec
тоа е Јанино Јанино

се пее:
Јанино Јанино купус и сланино

еден е наведнат (натртен), другиот скока преку него, со рацете прави отскок
и обратно. овој што скокаше, сега лежи...
па се подисправува, и така постепено до скроз исправени

Аминта
12k_DecK, %01:%Dec
Таа игра Дани што ја вика Кленѕа војска,мислам дека е иста,ние ја викавме Школица.
Игравме и Жмурки,-Брканица,-Некабие,нека бие тој што спие-се игра со топка,Народна-се игра со топка-,Камај,-Црна,бела кралица,стоп-Пипни,стоп,-Кипи нос, - толку ми текна.

Ама и јас можам да набројувам.
Туку, да ги објаснуваме една по една.
А, се гледа дека има и некои разлики во истоимени игри.
Сето тоа го збогатува ова знаење.

Следново не е да се испукам за темава, туку како поопширен потсетник за сите нас за што можеме да пишуваме поподробно. Тие игри што не ги знам и не сум ги играл, не ги наведувам во списоков.

Мижимала (гевг.) = Мижитатара = Криенка-миженка = Криенка
Камај
Вис
Војна
Челик
Народна
Ема-есаса = Ластик
Каубојци и Индијанци
Криволица (гевг.) = Школица
Јанино-јанино (гевг.) = [B]Долга магарица
На боја, на боја (гевг.) = Штркот бара боја
Џинџи = Џамлии = Газоза
...јас измислив и хокеј на асфалт
Викторија (фудбал на еден гол)
Сервис (уште една варијанта на фудбал со 2 или 4 играчи, слично на тенис, ама со нога)
знам неколку игри со шаховските фигури
Пипни-стој
..... знам 2-3 игри со плескање по раце
Брканица
Расипан телефон
..... си правевме квизови налик на `Квискотека`
..... имам видено пред 15-тина години како деца сами си прават претстави
Хулахоп
Повеќе видови игри со сликички, меѓу кои од лупанка не` здоболувале коските на дланките
Бззззз
..... некои деца толку беа мераклии на флипери, па сами си правеа со штици, клинци и ластичиња
правевме чапаратки, од дрво и од тељчиња
..... сами правевме кошови за кошарка
Каладонт не знам дали ја играв како мал, ама сега ја играм
На буква, на буква (па на таа буква треба да пишеш по 5 земји, имиња, градови, животни...)
Скокање со јаже
..... некои деца беа многу вешти со топки: вртење топка на прст, удирање со нога без да падне на земја
некои научија Брејк-денс
знам многу игри со карти
Дама
Домино
Шах
Табла
Не лути се човече
..... потоа дојдоа Монопол и онаа со воена стратегија, тактика... ЛЕЛЕЕЕЕЕ, ЧИСТА ЗАРАЗА!!!! ТЕ ДРЖИ СО СААТИ!
Правење авиончиња
Правење хартиени коцки. Па, после ги полневме со вода, и ги фрлавме како бомби
Правевме разни работи чии шеми се наоѓаат во прирачниците за оригами: војничка капа, капа со козирка (настрешница), бротчиња, хармоники
Правевме украси од чашки (Ете, да си запишам овде, за да се потсетам да направам, па да ставам фотографии за тоа)
Ех, колку беа убави оние топчести украси како хармоника, за Нова година и за разни забави
Стрипови
Сликички и албуми
Собирање постери и сечење сликички од `Браво`
..... имаше и едни мноооогу стари и ретки играчки што изгледа повеќе ги имало во поголемите градови - `пиштол` кој како самострел `исфрлаше` пластични авиончиња излиени со пластичен прстен околу себе.
Колички
Кукли
Правење играчки од желади и патати

---------------------------------

Уфффффффффффффф...
Колку назад отидов.

Треба пак ДА СЕ ВРАТАМ НАЗАД ВО ИДНИНАТА.

Аминта
12k_DecK, %01:%Dec
Е не е така, туку е вака и дури сега ми текна :D:D:D

Палецот:- Ми се јаде !
Показалецот: - Што ќе јадеме ?
Средниот: - Што дал Господ !
Домалиот: - Ќе крадеме, ќе јадеме !
Малиот:- Јас ќе ве кажам !
И сите му велат: Ќути Ќупче под казанче и тебе ке ти дадеме :D:D:D

Со ова докажа по кој знае кој пат дека е позабавно и поубаво да го вложиш времето со слични на тебе на некој форум, отколку сам да си бидеш на некој блог.

Меѓусебно се надополнивме. Не бев сигурен за `Што дал Господ`, ама така ќе ет.

И, уште нешто... Нема тука `вака беше` или `твоето не е точно`.
И моето и твоето си се слики на нешто што било.
Може и моето и твоето да си се исправни прикази на одделни варијанти на иста игра во одредено време и на одреден простор.

Фала многу, и продолжи така.

Еве ја мојата конечна варијанта:

Палецот:- Ми се јаде!
Показалецот: - Што ќе јадеме?
Средниот: - Што дал Господ!
Домалиот: - Ај да крадеме!
Малиот:- Јас ќе ве кажам !
И сите му велат: Цуцул, муцул Тодоре, не порасни погоре!

Аминта
12k_DecK, %01:%Dec
Не е само горенаведеното забавно од детството.

Може да се наведат и:

- омилени детски серии
- други омилени филмови и серии од нашето детство
- што сте си играле на одморите на море, планина, езеро...
- што сте си играле на село
- за кој и за што навивавте
- какви записи правевте по улици, тротоари, клупи, ѕидови
- кои вицови и шеги сте си ги кажувале
- како се додворувавте на симпатијата
- на какви натпревари сте учествувале како деца
- каде одевте на излети
- каде одевте на екску.рзии
- дали Вашето училипте имаше збратимено училиште/град
- дали одевте на настава во природа
- дали правевте хербариуми

ѓоамити
12k_DecK, %02:%Dec
Куци баба

Се игра на ракометно игралиште, кај едниот гол до линијата од 6 метри.
Еден е „Куци баба“ и е надвор од теренот , другите се во просторот за 6 м.
Целта е, „Куци баба“ со потскокнување на една нога да фати некого од „пилињата“, така што се залетува и влегува на теренот на една нога. Додека е на терен, не смее за згазне со двете ноги или да смени нога.
Кога ќе стаса некого, тој, стасаниот треба што побрзо да влезе во голот, затоа што сите други го маваат со клоци и станува „Куци баба“.
Ако пак, „Куци баба“ се умори, смени нога или стапне со двете, следи казна. Сите се редат во две колони од местото за пенал до голот. Несреќникот го испраќаат на клоци.


компјутерските игри биле опасни ?!?!?

Аминта
12k_DecK, %02:%Dec
И тоа не е се`. За истите пари добивате и:

...обновени сеќавања за Вашите/нашите хобија:

Собирање:
сликички самолепливи
сликички од с`к`зи (најмногу од турските)
лепенки
значки
постери
пенкала
запалки
беџови
шпирта = ќибрити
салфетки
ќесиња
капачиња, затки и тапи
парички
банкноти
поштенски марки
телефонски картички
разгледници
разни кутии
налепници (извадени од стаклена амбалажа)
лименки
шишиња
и т.н.

Аминта
12k_DecK, %02:%Dec
Куци баба

Се игра на ракометно игралиште, кај едниот гол до линијата од 6 метри.
Еден е „Куци баба“ и е надвор од теренот , другите се во просторот за 6 м.
Целата е, „Куци баба“ со потскокнување на една нога да фати некого од „пилињата“, така што се залетува и влегува на теренот на една нога. Додека е на терен, не смее за згазне со двете ноги или да смени нога.
Кога ќе стаса некого, тој, стасаниот треба што побрзо да влезе во голот, затоа што сите други го маваат со клоци и станува „Куци баба“.
Ако пак, „Куци баба“ се умори, смени нога или стапне со двете, следи казна. Сите се редат во две колони од местото за пенал до голот. Несреќникот го испраќаат на клоци.


компјутерските игри биле опасни ?!?!?

Ејјјјј, како ме потсети на ова.

Мислам дека не сум се сетил уште од мал на ова.
Ама, и малку сме ја играле.

Сепак, со ова знаење сега, стррррррашно ми личи на дочекот на несреќниците на Голи Оток. Оние кои клоцале биле претходнодојдените затвореници.

ѓоамити
12k_DecK, %02:%Dec
„Куци баба“ во мое школо беше - обавезна, како за добро утро. и женски ја играа, а не сакаа мешано :D

Аминта
12k_DecK, %02:%Dec
Можете да пишувате и за:

- украсување на Вашите велосипеди
- за миризливите марамчиња (ние ги викавме бугарски марамчиња)
- за разните слатки, грицки и пијалоци од тоа време
- кој Ви бил омилен пејач, пејачка, глумец, глумица, спортист од тоа време
- какви фризури сте имале
- кој Ве шишаше Вас
- какви торби имавте за на училиште
- дали имавте многу учебници и тетратки
- како одевте на кино
- на какви игранки сте биле
- дали сте биле на работни акции
- кога Ве пуштаа и до кога Ве пуштаа од дома
- некои смешни случки со деца кои се правеле `фраери`, `шизици`
- смешни случки од училишните клупи

------------------------------------------

Леле, луѓе!

Па тука има толку многу материјал, што слободно може да се направи докторска дисертација.

Аминта
12k_DecK, %02:%Dec
Сееееееемкирикииииииии!!!!!

Семкарот така извикуваше спојувајќи го изразот: Семки, кикирики!

Аминта
12k_DecK, %02:%Dec
Старо купуееем!

Чадори поправаааам!

Со страшниот чичко `чадори-поправам` мноооогу не` плашеле.

Аминта
12k_DecK, %02:%Dec
Биди мирен, оти ќе дојде Баба Рога!

Аминта
12k_DecK, %02:%Dec
http://photos-e.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs121.snc1/5220_95375033167_95373238167_1988259_7296296_n.jpg

Аминта
12k_DecK, %02:%Dec
http://photos-d.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs141.snc1/5220_95375038167_95373238167_1988260_5702642_n.jpg

Аминта
12k_DecK, %02:%Dec
http://photos-f.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs141.snc1/5220_95375043167_95373238167_1988261_1333430_n.jpg

Е, вакво играње ластико имам видено само на оваа слика.

Аминта
12k_DecK, %02:%Dec
http://photos-h.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs141.snc1/5220_95375048167_95373238167_1988262_6013112_n.jpg

Аминта
12k_DecK, %02:%Dec
http://photos-b.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs141.snc1/5220_95375053167_95373238167_1988263_1810633_n.jpg

Аминта
12k_DecK, %02:%Dec
http://photos-c.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs121.snc1/5220_95375058167_95373238167_1988264_3302353_n.jpg

Аминта
12k_DecK, %02:%Dec
http://photos-e.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs121.snc1/5220_95375068167_95373238167_1988265_6326959_n.jpg

Аминта
12k_DecK, %02:%Dec
http://photos-g.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs121.snc1/5220_95375073167_95373238167_1988266_5546535_n.jpg

ѓоамити
12k_DecK, %02:%Dec
е-е-еј, дечко! ти диши ланецот!

ова стално палеше :D

Аминта
12k_DecK, %02:%Dec
http://photos-a.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs121.snc1/5220_95375078167_95373238167_1988267_7136225_n.jpg

Аминта
12k_DecK, %02:%Dec
http://photos-b.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs141.snc1/5220_95375083167_95373238167_1988268_4074195_n.jpg

Аминта
12k_DecK, %02:%Dec
http://photos-h.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs141.snc1/5220_95375088167_95373238167_1988269_3666333_n.jpg

ѓоамити
12k_DecK, %02:%Dec
http://photos-b.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs141.snc1/5220_95375053167_95373238167_1988263_1810633_n.jpg

е ова ние го викавме јанино јанино

Аминта
12k_DecK, %02:%Dec
http://photos-c.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs121.snc1/5220_95375093167_95373238167_1988270_3636889_n.jpg

Аминта
12k_DecK, %02:%Dec
http://photos-e.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs121.snc1/5220_95375098167_95373238167_1988271_2127066_n.jpg

lurak
12k_DecK, %03:%Dec
Па, кажи ги деловите.
Можеби заедно ќе склопиме целини.

Кажаното се однесуваше за песните што ги напиша Десна.

на тоа мислев - а мене ако ми текне некоја што не е напишана
ќе ја напишам

Темава сакав да можат слободно да си ја отпечати кој сака, па да си ја користи.:D

Аминта - ако е така - па напиши кога отвараш тема - да се воздржиме од сочности
ако темата ти е наменета за помали - мада пак некој ќе се убаци (не злонамерно):D - ти гарантирам

Amaterka
12k_DecK, %08:%Dec
Браво, браво!

Поарно ја опиша играва отколку што јас се подготвив да ја напишам.

Или малку помакедончена:

Ринге, ринге јаја
дошол чичко Паја
едно јајце муч
сите деца чууууч!
Ринге ринге раја
дошо чика Паја
па донео јаја
едно јајце муч
сите деца чууууч

Amaterka
12k_DecK, %08:%Dec
http://photos-h.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs141.snc1/5220_95375048167_95373238167_1988262_6013112_n.jpg
Оваа игра ја викавме Школица

Amaterka
12k_DecK, %08:%Dec
http://photos-a.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs121.snc1/5220_95375078167_95373238167_1988267_7136225_n.jpg
Оваа игра ја викавме Пролазите,пролазите,послед ња е наша!

Amaterka
12k_DecK, %08:%Dec
А сте играле Фота?

piratot od Ohrid
12k_DecK, %08:%Dec
А сте играле Фота?

и то м’рсна :D:D:D:D или по амерички spin the bottle (сврти го шишето)

Amaterka
12k_DecK, %09:%Dec
Ние игравме со ливчиња

Amaterka
12k_DecK, %09:%Dec
Цело маало возевме Пони точаци.До скоро го чував,а не знам кај го снема.Од тогаш не сум возела точак.
Имаше еден комшија беше махер со точакот-возеше без раце,на едно тркало со стоење на седлото и сл.Како во циркус.По цели денови беше не точак.Сега син му е како него-крушата под круша паѓа.

Amaterka
12k_DecK, %10:%Dec
Одевме и на клизалиште-лизгалиште.Најубавото дружење беше таму.

lurak
12k_DecK, %10:%Dec
имаше една песничка вака нешто

_________ будалата
си ја скрши главата
отиде во болница
си најде љубовница.

Само тоа го памтам.

PLANINEC
12k_DecK, %17:%Dec
Игравме Сервис или Серва исто како тенис да играш само наместо мреша имаше нацртано линија и се игра со нозе со голема топка

ДАНИ
12k_DecK, %17:%Dec
Изутрина штом си стана
на бунарот брза Дана
вади вода и се мие
уши лице таа трие

Гнасотија ич не трпи
еве втора кофа црпи
знае Дана мома мила
чистотата дава сила.

Има и уште една безобразна варијанта од „Чиста Дана“ на времето и ја напишав на Дани во поезија,сега не би била пожелна,Аминта ќе ме кара.:D:D

Ааааааааааааааааааааа:D:D:D:D :D:D:D:D:D:D:p

Аминта
12k_DecK, %18:%Dec
24-12-2009.

...
Аминта - ако е така - па напиши кога отвараш тема - да се воздржиме од сочности
ако темата ти е наменета за помали - мада пак некој ќе се убаци (не злонамерно):D - ти гарантирам

Па, темава се копира во Ворд.
И, кој ќе го направи тоа, може да си ја прочисти и пререди по своја мерка.
...за да биде соодветна и за неговото дете (ако го има).

Наше е да гледаме да не забегуваме многу од темата, ако може да не се повторуваме...

Да сум уредник и на овој форум, лесно и брзо би ги исправал таквите работи.

Аминта
12k_DecK, %18:%Dec
Оваа игра ја викавме Школица

Оваа игра ја викавме Пролазите,пролазите,послед ња е наша!

Чекам на правилата... :confused:

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
Еника беника клика бе
абер шабер до мене
Еци пеци пец
ја-сам мали зец
а-ти мала верверица
еци пеци пец

Правило 1.: На кој ќе му се падне последниот збор, излегува од играта.
Правило 2.: Секој збор односно пар споени зборови со цртичка се едно броење за едно дете.

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
Ај да ги испишеме прво песничките што ќе ни` текнат овие 2-3 дни.

Може?

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
http://photos-g.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs121.snc1/5220_95375103167_95373238167_1988272_3380839_n.jpg

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
http://photos-a.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs121.snc1/5220_95375108167_95373238167_1988273_1914408_n.jpg

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
http://photos-d.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs141.snc1/5220_95375113167_95373238167_1988274_259279_n.jpg

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
http://photos-f.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs141.snc1/5220_95375118167_95373238167_1988275_4279780_n.jpg

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
http://photos-h.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs141.snc1/5220_95375123167_95373238167_1988276_3599068_n.jpg

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
http://photos-b.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs141.snc1/5220_95375128167_95373238167_1988277_5209134_n.jpg

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
http://photos-a.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs121.snc1/5220_95375133167_95373238167_1988278_5609989_n.jpg

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
http://photos-g.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs121.snc1/5220_95375138167_95373238167_1988279_3250873_n.jpg

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
http://photos-f.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs141.snc1/5220_95375143167_95373238167_1988280_980957_n.jpg

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
Детски игри

Најголемиот дел од детството малите скопјанчиња го поминувале во детски игри. Имало многу игри од кои најголем број биле групни и се изведувале со примитивни реквизити кои можеле лесно да се направат. Пандора Шатлова памети дека во нејзиното маало (Ново маало) децата си играле прво-второ(игра со плочка), купче ораси, скокале на јаже и др.

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
Борис Маневски (1913 год.) и Драгица Крстева (1916 год.), жители на Маџир маало кажуваат дека децата играле со џамлии, стапови, кукли направени од партали, како и топки за машките деца. [1] Топките-крпеници, подоцна биле заменети со гумени топки купени во продавницата “Бата”.

Со џамлии се играло на “мор” или “шлајка”. Џамлиите се ставале на аглите на мал нацртан триаголник и една се ставала во средина. Од овој триаголник на неколку метри оддалеченост се цртало линија на земјата. Од “морот” џамлиите се фрлале кон линијата и чие стаклено топченце било поблиску до линијата, тој прв фрлал кон “морот”. Топчето со кое се гаѓало се викало “картал” ако е големо и “џинка” ако е мало.

Со џамлиите “мавачки” се гаѓало “француски” кога топчето е во прстите во вид на “шипак” и на “српски” кога показалецот се наоѓал во средниот прст во хоризонтална положба на земјата. Се употребувале и термините “сујка” што значело дека џамлијата се задржала на некоја од катетите на триаголникот и ова било најспорна ситуација. Терминот “ренту апси” значел дека пред џамлијата има некоја пречка, камче, песок, дрвце и сл. Зборот “утка” значел дека ништо не си погодил. “Контрук” било гаѓање директно во спротивна џамлија без да се допре земјата.

http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/simages/27_1m.jpg

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
Играње со семки: се ределе купчиња семки во една линија оддалечени околу една педа. Купчињата главно биле од 4 семки. Најважно било да се удри првото купче што се викало “баба”. Потоа, семките кои се кршеле се киснеле цела ноќ да им излезе горчината во солена вода, потоа се печеле и биле познати како специјалитет “еврејска спорја”.

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
Игра “челик” или “бинек”: реквизити за оваа игра биле подебело тврдо дрво, долго околу половина метар и помало дрво, 15-20 цм, заострено на врвовите. Се копало дупка и со поголемото дрво се вадело помалото, а околу стоеле другарите кои требало да го фатат уште додека летало во воздух.

(Забелешка на Аминта: Оваа игра и ние во Гевгелија сме ја играле во 1980-тите. Со истите горенаведени правила, ама имаше уште.)

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
Други игри биле: игра со сликички со тапкање, игра “нека бие, нека бие”, “жмурки-криенки”, “фанта” со метални пари, петка-круна, лизгање на снег, змаеви, летала-чучулиги, прачки-жили на чатал, “камај-индијанци” и сл.

http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/simages/27_3m.jpg
Групна фотографија на семејството Трпчановски со пријателите во Врњачка Бања, каде што се гледа дете со детска играчка ”обрач”.

Поимотните семејства имале можност на своите деца да им купат играчки кои се продавале кај Евреинот Јелезер Б. Јозеф во неговиот “Бечки Базар” на ул. “Крал Петар”. Во излогот имало играчка робот на која се менувале светлечки реклами со следниот текст: “Немој ићи на Пазар, док не свратиш у Базар” и “Квалитет прима француских парфима”.

http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/simages/27_2m.jpg
Малата Олга Димитрова-Стојанова со кукла.

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
http://www.youtube.com/watch?v=ZRDVF2RoAIg&feature=related

http://star.vest.com.mk/images/%7BD90881B6-B630-4BF2-A57D-AF872EF8F0F7%7D_azbuka-2.jpghttp://img.youtube.com/vi/nO465x_jEus/0.jpg

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
Скопје, радост ти ќе бидеш (http://www.youtube.com/watch?v=2AdLp8d84mw&feature=related)

Дувни ветре развигорче - Елеонора Капсималева, 1990. (http://www.youtube.com/watch?v=p3ne4EefHXE&feature=related)

За сите деца (http://www.youtube.com/watch?v=g5Puz_6jyj8&feature=related)

Марионка (http://www.youtube.com/watch?v=YOQtxDxpjbU&feature=related)

Мојата учителка (http://www.youtube.com/watch?v=DWmUINyEZEA)

Никола, Никола (http://www.youtube.com/watch?v=zpR4F99HKyg&feature=related)

Папули (Мојот дедо) - Тоше Проески, 1992. (http://www.youtube.com/watch?v=UO3Y7rSe5js&feature=PlayList&p=BEFF989C6B36F00E&playnext=1&playnext_from=PL&index=8)

ДАНИ
12k_DecK, %19:%Dec
Е,баш се и подсетив:D

Топчето ми падна
Калина го грабна
дај ми го Калино
не ти го давам
ке го продадам
за два три гроша
Калина е лоша

Или оваа..
До ре ми фа со ла
...ресто знаете:D:D:D:D

ДАНИ
12k_DecK, %19:%Dec
Лелеее Аминта,баш ме врати во детството со песната:)
Дувни ветре развигорче-ја пеев и во хор:D
За сите деца:):)

Аминта
12k_DecK, %20:%Dec
Наташа од трето три - Леонид Ристев, СИДО 1992. (http://www.youtube.com/watch?v=qb4Z8SxCWGE)

Аминта
12k_DecK, %20:%Dec
Анушка, дјевушка - Бане Тодоровски, Супер ѕвезда 2008. (http://www.youtube.com/watch?v=YIUy0-Nh7fE&feature=related)

ДАНИ
12k_DecK, %20:%Dec
А оваа,се сеќаваш ли-ние ја пеевме во прво оделение:D
http://www.youtube.com/watch?v=64woo1jX7nI

Аминта
12k_DecK, %20:%Dec
Од блогот Волан (http://volanskopje.blogspot.com/2006/09/blog-post_27.html)

среда, септември 27, 2006

ДЕТСКИ ИГРИ

Бидејки сакам на едно место да ги евидентирам сите Детски игри кои се играат без помош на современи алатки - компјутери - конзоли и слично .... во овој пост неоптеретено од други дискусии ке ги евидентирам сите Детски игри на кои ке се присетам јас или некој друг Блогер или се опишани било каде на Интернет не само во Македонија туку и во соседните земји на Македонија...

Може и пошироко ако се вклучат наши луѓе кои го разбираат нашиот јазик а се во Австралија - Канада - САД - ЕУ - или било која подалечна или поблиска а тука неспомната земја ...

Мојата поделба на игрите е игра за “Машки деца“ за “Жински деца“ и “Мешовити игри“. Секако ова поделба не е стриктна. Многу Машкаданки играа игри за машки деца и обратно - поделбата сватите ја само условно ...

Но чачкајки по интернет гледам дека игрите посериозно се делат на “Игри со броење“ , “Игри со бркање“ , “Игри со криење“ , “Игри со топка“ и слични поделби ...

Постот ке пробам да го направам во форма на некаков мини сајт (линковски меѓу себе врзани постови) - каде во првиот уводниот пост ке ги набројувам само игрите - а описот на игрите ке води со линк на друг пост ... Ова сватете го како мој експеримент дали Блогот може да биде мини сајт ?

Најпрвин ке ги преземам сите игри кои до сега се наведени во предходниот пост:
** “Камај“ (http://volanskopje.blog.com.mk/node/46106) - волан - Ronin - кибицер - tctctc -
** “Мачевање“ (http://volanskopje.blog.com.mk/node/47539#new) - волан - dEa
** “Пиштоли - Пушки и тешка артилерија ...“
** “Лак и стрела“
** “Чател“
** “Праќка“

- Фанта
- Покер
- Возене тротинет
- Вртимушка (http://volanskopje.blog.com.mk/node/48913#comment) - волан
- Возење на тркало со помош на жица
- Спузгање
- Санкање
- Брканица (http://volanskopje.blog.com.mk/node/46437#comment-183063) - шуга - волан - Natka - кибицер
- Криенка миженка (кодеднако популарна и кај машките и кај женските деца ....
- Плочка - купчиња - вообичаено од семки од кајсии ...
- Џамлии (http://volanskopje.blog.com.mk/node/46942#comment-185278) - волан - RIBARO - кибицер - katika - sckopjanec - Natka - patriota2 - Бунка - sting EYE - dupchek -
- Сличуги
- Џилит ... и уште многу други
- Фудбал ...
- Дама - Шах ..

- Јаже
- Ластик
- Учителки и докторки
- Фота
- Прва кралица еден два три ..
- Прекинување на низа ...
- Школка - katika -
- Народна (http://volanskopje.blog.com.mk/node/47783#new) - oksimoron - волан -
- Лулашки
- Вртелешки

Додадени игри од колегите блогери:

- „Горенка“ (http://volanskopje.blog.com.mk/node/47783)(или се викаше играва и „во средина“) - oksimoron -
- „Топката на место“ (http://volanskopje.blog.com.mk/node/48589#comment) - oksimoron - волан -
- „Бишка“ - oksimoron
- “Долга магарица“ (http://blog.com.mk/node/46635) - волан - Arwena - patriota2 - еМуле - katika - Бунка - anaveno -
- “Бззззззз... “ (http://volanskopje.blog.com.mk/node/47137#comment-186496) - волан - кибицер - nesonija - Natka - Тука -
- „Комити и џандари“ - domenica
- “Граница“ - name
- “Вшеташ на комшијата у двор и да се послужиш од црешата..“ - Ajaaax
- “Жмурка“ (http://volanskopje.blog.com.mk/comment/reply/46302) - Ajaaax - katika - волан - Тефтерот - Вклучи_се - solza - all_is_half - мики -
- “Фризби“ - волан
- “Одбојка во вода или на плажа“ - волан
- “Скокање во вода - како први така други“ - волан
- “Борење на трева“ - волан
- “Фудбал“ на мали и големи голчиња“ - волан
- “Кошарка“ - на самоделски кошеви - волан
- “Влечење јаже“ - волан
- “Кибрит на крај на маса и удирање со палец“ - волан
- “Растурени стапчиња или шкорчиња“ - волан
- “Редење на шкорчиња - со неколку потези“ - волан
- “Пет камчиња - одат во кучичка “ - волан
- “Не лути се човече“ - волан
- “Бесилка“ - волан
- “Слагалици - пазли“ - волан
- “Коцки - лего - дрвени...пластични“ - волан
- “Камиончиња“ - волан
- “Собирање сликички“ - или било што друго и менување ... - волан
- “Собирање на салфетки“ - волан
- “Јамб“ - волан
- “Твистер“ - волан
- “Продолжи расказ“ - волан
- “На буква, на буква..“ - волан
- “Монополи“ - волан
- “Багминтон“ - волан
- “Пинг Понг на маса дома со тетратка :) - волан
- “БРЗО ФОТО“ - Бунка
- “Викторија“ - волан

- “Безгрижно лежење на тревата и бесконечно зјаење во ѕвезденото небо, замислувајќи си ја бесконечнота на безгрижноста..“ - Ajaaax
- “Сакате ли војна“ - Arwena - katika -
- “Подморница“ - Arwena
- “Брза географија“ - Jakov - волан -
- “Правење претстави по дома, кајшто обавезно има водител, глумци,пејачи...“- katika
- “Викање духови“ - katika

- “..Паметам дека често се качував на едно Јаболко во дворот (порано кајшто живеев), и гаѓав луѓе по глава од горе..“ - kajce
- “Плукав од балконот“ - Mistique
- “Размена на сликички“ - Darenet23
- “Мор и Џамлии“ - Darenet23
- “Жмурка на топка“ - Darenet23 - lijepa nasha -
- “Грабни стапче“ - Darenet23
- “Јанино Јанино“ - Nesho
- “..Јади котек од стари..“ - Loso_Detence
- “Крадење јаготки од комшијата“ - HARPSHOOTER
- “ Кибрит със 40- 50 клечки“ - glarus
- “Делфин“ - Bettyna
- “Змеј“ - Bettyna
- “Расипан телефон“ - Bettyna
- “Мижи баба“ - Bettyna
- “Жмурка обична и Жмурка на план“ - Bettyna
- “Праење манџи со листови и треви“ - Bettyna
- “Барбиките и со куклите бебиња“ - Bettyna
- во Кавадарци игравме "Бишка" - Bettyna
- “Џамија“ (http://volanskopje.blog.com.mk/node/47342#comment) - apostol - Arwena - RIBARO - кибицер - all_is_quarter -
- “Сервис“ - apostol
- “Штркот има капа по боја...“ - нарцисче
- “Школка“ - нарцисче
- “...сум тепал луѓе со сливи магарешки големи...“ - Loso_Detence
- “..Голф и поло...“ - Стаписан
- “Доктори со жилет на мачка ке и го распоревме стомакот и ја пуштавме да си оди ..............ама никогаш не идеа далеку......“ - олош
- “Пиши бриши“ - фичо

Горниве игри се преземени од форум забава “Игри од детството“

- “Солено“ - Dilema
- “барбики“ - malecka
- “Коцки“ - malecka
- “Не љути се човече“ - malecka
- “Мајка и дете“ - malecka
- “Цртам и бојам“ - malecka
- “Местење-редеше пузли“ - malecka

Еве и тука ке ги замолам сите кои ке го прочитаат овој пост во коментарите да додадат некоја омилена игра од своето детство - или случка која е поврзана со некоја од игрите од своето детство ... Секако може и свој пост да си пишат - но молам за линк од постот ...

Ако видите во постов дека има игра која е “пожолтена“ - кликните на името на играта и линкот ке ве одведе на посебен пост за играта - кликајте, играјте и уживајте .... :)

Се надевам дека со тек на време ке има посебен пост за сите игри .... со ваша помош.

Оние кои се срамат да ги пишат своите доживувања во коментар или свој пост - нека ми пишат меил volanskopje@gmail.com

Специјален повик важи до девојчињата некогашни и сегашни - да пишат како се играат типично женските игри ... Сепак како машко - помалку сум ги следел нивните “женски“ детски игри ....

Posted by Photo Volan at среда, септември 27, 2006

Аминта
12k_DecK, %20:%Dec
Лелеее Аминта,баш ме врати во детството со песната:)
Дувни ветре развигорче-ја пеев и во хор:D
За сите деца:):)

Ами во детството де...
Ами во хор де...
Ами за сите деца е де...

Аминта
12k_DecK, %20:%Dec
Од блогот Волан (http://volanskopje.blog.com.mk/node/148297)

9 Април, 2008 - 12:12

ДЕТСКИ ИГРИ ... репринт

Еден напис од блогерајот ме подсетина на нешто што го почнав како мал проект на блогот “волан“ на 27 Септември, 2006 - насловен како ДЕТСКИ ИГРИ ... пред се од моето детство но и од другите детства - кои се играат без помош на електронски реквизити ... еве прилика да продолжам со опишување на игрите ... секако барам и ваша помош ... во смисла кои беа вашите омилни игри од вашето детство ...

- “Камај“ (http://volanskopje.blog.com.mk/node/46106) - волан - Ronin - кибицер - tctctc - dEa -
- “Мачевање“ (http://volanskopje.blog.com.mk/node/47539#new) - волан - dEa
- “Пиштоли - Пушки и тешка артилерија ...“ (http://volanskopje.blog.com.mk/node/49409) - dEa -
- “Лак и стрела“ (http://volanskopje.blog.com.mk/node/51737#comment) - dEa - волан -
- “Чател“
- “Жила“
- “Праќка“

- Фанта
- Покер
- Возене тротинет
- Вртимушка (http://volanskopje.blog.com.mk/node/48913#comment) - волан
- Возење на тркало со помош на жица
- Спузгање
- Санкање
- Брканица (http://volanskopje.blog.com.mk/node/46437#comment-183063) - волан - Natka - кибицер - dEa -
- Криенка миженка (кодеднако популарна и кај машките и кај женските деца ....
- Плочка - купчиња - вообичаено од семки од кајсии ...
- Џамлии (http://volanskopje.blog.com.mk/node/46942#comment-185278) - волан - RIBARO - кибицер - katika - sckopjanec - Natka - patriota2 - Бунка - sting EYE - dupchek -
- Сличуги
- Џилит ... и уште многу други
- Фудбал ...
- Дама - Шах ..

- Јаже - dEa -
- Ластик - dEa -
- Учителки и докторки
- Фота - dEa -
- Прва кралица еден два три ..
- Прекинување на низа ...
- Школка - katika -
- Народна (http://volanskopje.blog.com.mk/node/47783#new) - oksimoron - волан - WeedBoy -
- Лулашки
- Вртелешки

Додадени игри од колегите блогери:

- „Горенка“ (http://volanskopje.blog.com.mk/node/47783)(или се викаше играва и „во средина“) - oksimoron
- „Топката на место“ - oksimoron - волан -
- „Бишка“ (http://oksimoron.blog.com.mk/) - oksimoron
- “Долга магарица“ (http://blog.com.mk/node/46635) - волан - Arwena - patriota2 - еМуле - katika - Бунка - anaveno - dEa -
- “Бззззззз... “ (http://volanskopje.blog.com.mk/node/47137#comment-186496) - волан - кибицер - nesonija - Natka - Тука -
- „Комити и џандари“ - domenica
- “Граница“ - name - dEa -
- “Вшеташ на комшијата у двор и да се послужиш од црешата..“ - Ajaaax
- “Жмурка“ (http://volanskopje.blog.com.mk/comment/reply/46302) - Ajaaax - katika - волан - Тефтерот - Вклучи_се - solza - all_is_half - мики -
- “Фризби“ - волан - dEa -
- “Одбојка во вода или на плажа“ - волан
- “Скокање во вода - како први така други“ - волан
- “Борење на трева“ - волан
- “Фудбал“ на мали и големи голчиња“ - волан
- “Кошарка“ - на самоделски кошеви - волан
- “Влечење јаже“ - волан
- “Кибрит на крај на маса и удирање со палец“ - волан
- “Растурени стапчиња или шкорчиња“ - волан
- “Редење на шкорчиња - со неколку потези“ - волан
- “Пет камчиња - одат во кучичка “ - волан
- “Не лути се човече“ - волан - dEa -
- “Бесилка“ - волан
- “Слагалици - пазли“ - волан
- “Коцки - лего - дрвени...пластични“ - волан
- “Камиончиња“ - волан
- “Собирање сликички“ - или било што друго и менување ... - волан
- “Собирање на салфетки“ - волан
- “Јамб“ - волан
- “Твистер“ - волан
- “Продолжи расказ“ - волан
- “На буква, на буква..“ - волан
- “Монополи“ - волан
- “Багминтон“ - волан
- “Пинг Понг на маса дома со тетратка :) - волан
- “БРЗО ФОТО“ - Бунка
- “Викторија“ - волан -
- “Правење претстави по дома“ - dEa -
- “Клик-Клак“ (http://volanskopje.blog.com.mk/node/49634#comment) или „ракаташки“ - WeedBoy -
- “Безгрижно лежење на тревата и бесконечно зјаење во ѕвезденото небо, замислувајќи си ја бесконечнота на безгрижноста..“ - Ajaaax
- “Сакате ли војна“ - Arwena - katika -
- “Подморница“ - Arwena
- “Брза географија“ - Jakov - волан - dEa -
- “Правење претстави по дома, кајшто обавезно има водител, глумци,пејачи...“- katika
- “Викање духови“ - katika - dEa -

- “..Паметам дека често се качував на едно Јаболко во дворот (порано кајшто живеев), и гаѓав луѓе по глава од горе..“ - kajce
- “Плукав од балконот“ - Mistique
- “Размена на сликички“ - Darenet23
- “Мор и Џамлии“ - Darenet23
- “Жмурка на топка“ - Darenet23 - lijepa nasha -
- “Грабни стапче“ - Darenet23
- “Јанино Јанино“ - Nesho
- “..Јади котек од стари..“ - Loso_Detence
- “Крадење јаготки од комшијата“ - HARPSHOOTER
- “ Кибрит със 40- 50 клечки“ - glarus
- “Делфин“ - Bettyna
- “Змеј“ - Bettyna
- “Расипан телефон“ - Bettyna - dEa -
- “Мижи баба“ - Bettyna
- “Жмурка обична и Жмурка на план“ - Bettyna
- “Праење манџи со листови и треви“ - Bettyna
- “Барбиките и со куклите бебиња“ - Bettyna - dEa -
- во Кавадарци игравме "Бишка" - Bettyna
- “Џамија“ (http://volanskopje.blog.com.mk/node/47342#comment) - apostol - Arwena - RIBARO - кибицер - all_is_quarter -
- “Сервис“ - apostol
- “Штркот има капа по боја...“ - нарцисче
- “Школка“ - нарцисче
- “...сум тепал луѓе со сливи магарешки големи...“ - Loso_Detence
- “..Голф и поло...“ - Стаписан
- “Доктори со жилет на мачка ке и го распоревме стомакот и ја пуштавме да си оди ..............ама никогаш не идеа далеку......“ - олош
- “Пиши бриши“ - фичо

Горниве игри се преземени од форум забава “Игри од детството“

- “Солено“ - Dilema
- “барбики“ - malecka
- “Коцки“ - malecka
- “Не љути се човече“ - malecka
- “Мајка и дете“ - malecka
- “Цртам и бојам“ - malecka
- “Местење-редеше пузли“ - malecka

Еве и тука ке ги замолам сите кои ке го прочитаат овој пост во коментарите да додадат некоја омилена игра од своето детство - или случка која е поврзана со некоја од игрите од своето детство ... Секако може и свој пост да си пишат - но молам за линк од постот ...

Ако видите во постов дека има игра која е “пожолтена“ - кликните на името на играта и линкот ке ве одведе на посебен пост за играта - кликајте, играјте и уживајте .... :)

Се надевам дека со тек на време ке има посебен пост за сите игри .... со ваша помош.

Оние кои се срамат да ги пишат своите доживувања во коментар или свој пост - нека ми пишат меил volanskopje@gmail.com

Специјален повик важи до девојчињата некогашни и сегашни - да пишат како се играат типично женските игри ... Сепак како машко - помалку сум ги следел нивните “женски“ детски игри ...

Аминта
12k_DecK, %20:%Dec
Од блогот Буцкало (http://buckalo.blog.com.mk/node/148147#new)

8 Април, 2008 - 21:02

Бушава Азбука, Волт Дизни, Куц-Камен, Мижи-Татара и останати фата моргани...

Немам напишано ништо, веќе одамна... А тоа е поради преокупираност со факултет, работа, проекти и слични тра-ла-лајки... Но, еве, новава "НАПРЕДНА" младина и тинејџерија ме поттикна да коментирам до сто-едно и назад...

И така...

ПОРАНО:

... Кога бев мал, или како што пред некое време, пред личности 4-5 години помали од мене, се изразив: "Во мое време...", а ги имам "пустите" само 20 години, игравме
"Мижи-Татара (Криенка)",
"Куц-Камен (Камче)",
"План (со топка)",
"Дрвен Дедо",
"Далматинска",
"Кокиче",
"Народна"
и што уште не игравме...
гледавме цртани филмови од Walt Disney Production - "Снежана и 7-те џуџиња", "Петар Пан", "Убавицата и Ѕверот", "Мечот во Каменот"...
заспивавме заедно со "Мечето Ушко", а се будевме со "Тетка Биберче"...
одевме само на тин-забави (денеска Junior i Medium Parties) во едни-одредени дискотеки, коишто започнуваа со работа во 12 на пладне, а завршуваа во 17:00 часот...
се читаа стрипови, и тоа: кој на таван - кој под перница пред спиење...
се читаа "Наш Свет", "Развигор", "Таа", "Политикин Забавник"...
Се облекувавме сите складно и примерно - и тоа беше онака - како што сакавме...
Немаше мобилни, интернет, DVD плеери, IPod-и, IPhone-и, MP3-а...
се пиеше скришум, и тоа по малку...
"јадевме паста за заби" за да не не' откријат дека сме испушиле една цигара пред 3 саати...
џоинтчиња имаше - ама ретко (за кого - како)...
и уште и уште и уште и што-уште не...

ДЕНЕСКА:
...

(Забелешка на Аминта: остатокот можете да го прочитате на горенаведената врска.)

Аминта
12k_DecK, %20:%Dec
А оваа,се сеќаваш ли-ние ја пеевме во прво оделение:D
http://www.youtube.com/watch?v=64woo1jX7nI

Не се сеќавам дека сме ја учеле и пееле во моето детство.

А мислам дека ја знам од подоцно време.

Десничарка
12k_DecK, %21:%Dec
Еднаш Трендо на ТВ ја кажа песничката“ема-есаса„,и рече дека таа песна се пеела во некоја од северните европски земји,мислам,и дека всушност зборовите имале некакво значење.Па да го прашаме Трендо?:D:D

Ема, есаса, пипија,
дон, фередон,
дон, фередон,
лео,лео, тип тип тип,
лео,лео,тип тип тип,
уан,ту, три !!!
Мислам дека вака беше, тоест вака ја пеевме:D:D

piratot od Ohrid
12k_DecK, %21:%Dec
Ема, есаса, пипија,
дон, фередон,
дон, фередон,
лео,лео, тип тип тип,
лео,лео,тип тип тип,
уан,ту, три !!!
Мислам дека вака беше, тоест вака ја пеевме:D:D

сол,макарон,сол фе ре дон
марион, марион
лео, лео, тип, тип, тип х2
о уан,ту три
сега маваш ти

:cool:;):D:D

piratot od Ohrid
12k_DecK, %21:%Dec
коларичу, паничу
плетемо се самичу
сами себе запличемо
сами себе распличемо

Десничарка
12k_DecK, %21:%Dec
сол,макарон,сол фе ре дон
марион, марион
лео, лео, тип, тип, тип х2
о уан,ту три
сега маваш ти

:cool:;):D:D

Абе се ми се има измешано,не беше сега , има 30 год од тогаш :D:D:D

Amaterka
12k_DecK, %23:%Dec
Па Аминта ги наброја сите игри.
Не приметив дека ги има овие
Клик-клак-2 топчиња од дрво или тврда пластика,врзани со јаженца,и споени на горниот крај со пластичен прстен.прстенот се става во средниот прст и се движи раката брзо горе-доле за да се удираат топките.а за тоа да ти успее,треба да вежбаш-башка кога ќе те удрат по рака,боли.а и многу гласен звук ствараа,па родителите полудуваа.

Ова не се сеќавам како се викаше-колку тупаница топче од мека пластика врзано со пластична врпца.подолга,и на другиот крај има јамка или како се вика„омча“која ја натакнуваш на нога кај глуждот,и мрдаш со таа нога за да се врти околу неа топчето во кругови,а со другата нога го прескокнуваш јажето.И за ова треба марифет,ама брзо се учи.
Хула-хоп-голем,пластичен обрач што го вртиш околу половината со движење на телото-поентата е во тоа,да го вртиш што подолго.

lurak
12k_DecK, %00:%Dec
шеп, шеп _________ в џеб!:D

не ја смислив ја оваа

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
Како вовед, се изговара `У-ху-ху` во десната рака стисната како тупаница

Еника, беника, клика бе
абер шабер до мене
еци пеци пец
ти си мали зец
а ја мала верверица
еци пеци пец

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
(Двете деца што се смируваат, се `ракуваат со малите прсти од своите десни раце. Изговарајќи ја следната песничка, ги нишаат споените раце лево-десно.)

Смир-смир-смир
догодина мир

Аако се скараме
паак ќе се смириме

Ава-ава-ава
кралицата е крава

Џив-џив-џив
никој не е крив

Сеч! (При ова, едно од децата со слободната рака го пресечува ракувањето на малите десни прсти.)

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
27 Септември, 2006 - 12:21
КАМАЈ (http://volanskopje.blog.com.mk/node/46106)

Ова е една од најчестите игри на повеќе генерации на деца ...

Играта ја играв и јас како дете од пред педесетина години а се игра и сега и се`уште на сличен начин. Можеби затоа што за ова не се потребни некакви реквизити ... Потребно е да имаш само желба и уперно прсте, према друго дете ... Играта ја играат претежно машки деца, но и девојчињата често се приклучуваат ...

Ќе се поделевме на “две банди“ - “наши“ и “нивни“ ..

Играта се состоеше во тоа откако ќе се поделат децата на две групи ке се распрскаат на две страни и ќе почне меѓусебното “упуцавање“ со извикот “Камај-Камај“ према некое дете кое ке ти искочи на видно поле - со обавезно ословување на неговото име ... Детето кое е упуцано веднаш покосено паѓа и е вон од игра ... Победуваа онаа група на деца или дете кое последно ке извика Камај ...

Кога ке заврши еден круг на играта играта може да почне од почеток со повторно разбегување на децата ... Децата често се обележуваа со домашни маски како Каобојци - Индијанци - Партизани - Или некој најнов јунак од актуелните филмови ...

** Оваа игра продолжува и понатаму во животот , само што впереното прсте сега се заменува со нешто друго. - Ronin

**Ние се делевме на „Америка“ и „Русија“. Јас секогаш бев со Американците. Не знам зошто. Провидение Smiling - кибицер

** ,.Ние ја игравме у подрум со два излаза,.(односно влезови,.а меѓу себе споени со канал,..И идеше вака,.двете групи застануваат пред секој од влезовите и викаме “ООООООООоооДи“,. и влагаме внатре ,. и внатре ,.камај-камај се пуцаме,. а ако фатиш некој со рака се вика “Жив (името)“ супер игра ,. - tctctc

** Камај: игравме кај баба ми, се собиравме едната и другата улица (демек ривали бевме) и игравме обично од кај 6 поручек па до кај 8-9 (демек за малку од темното да фатиме). - dEa

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
5 Октомври, 2006 - 09:01
МЕЧУВАЊЕ (http://volanskopje.blog.com.mk/node/47539#new)

Кога јас бев дете – ова беше популарна игра – можеби поради популарност на филмовите од типот на “Три мускетара“, а можеби затоа што беше лесно да се направи меч за мечување.

Обично по дома или од дворот ќе исечевме некое право стапче и кај подебелиот крај ќе укрстевме помало стапче со некаво јаже, конец или евентуално шајка и оп - имавме спремен меч за мечување ... Ставаш мечот на каиш или евентуално подебела ортома на појас – како држач за мечот ... Трчаш на улица и бараш дете со меч и играта може да почне ...

Ова беше секако игра за машки деца – девојчињата баш нешто и на се палеа на мечеви и мечување .... Тие повеќе беа по куклите и други женски игри ...

Се случуваа и повреди од невнимание – но многу ретко ....

Правила. Откога ќе се договориш дека ќе се мечуваш со некого (... ај ќе се мечуеме ли ...) застануваш еден спрема друг и ги вкрстуваш мечовите. Победува оној кој со својот меч ќе го допре телото на другиот мечувалец ... Неретко имаше мечување на повеќе “банди“ ... групи на деца од повеќе маала ...

Подоцна се правеа поубави мечеви од убаво измазнети тенки даски ... ех ... тоа беа мечеви ... реткост беа штитови ... (потешко се изработуваат..) ... Покасно дојдоа и пластично изработени мечеви ... но такви беа неколку генерации на деца после мене ....

Сега не гледам баш дека е популарна оваа детска игра меѓу децата. Дури мислам дека е тоа добро ... не знам зошто ... можеби заради воинствениот карактер на играта ... можните повреди ... и сл.

Но на времето од овие детски мечувалци се отворија неколку спортски клуба за спортско мечување ... имаше и некои добри спортски мечувалци ....

** "девојчињата баш нешто и на се палеа на мечеви и мечување" - абе јас си играв со мечеви, еве ти исклучок (за да ти го потврди кажаното Eye-wink ). Првиот го скршив многу бргу дури се мечувавме со брат ми, а вториот си го чував повнимателно. Додуша вториот беше повеќе како сабја одошто меч, розев (јасно Eye-wink не дека јас сакав таков ми го купија) со плава рачка.
Е...тоа беа времиња Sad - dEa -

(Забелешка: Лекторирано од Аминта, ама не премногу. :D)

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
14 Октомври, 2006 - 13:04
ПИШТОЛИ – ПУШКИ (http://volanskopje.blog.com.mk/node/49409)

Не сум видел мало машко дете (а богами и женски) кое не си играло со пиштоли и пушки – па шмајзери .... Се прашувам што ги тера децата да си играат со вакви играчки – кои како вистински служат за “убивање на непријателот“ ....

Веројатно е во прашање имитирање на возрасните. Полни се филмовите со “убивање на непријателот“ ... дури и цртаните филмови не се имуни на сето тоа ... Филмската индустрија е полна со приказни за убивање .... Се прашувам зошто ова им се всадува на децата ... зошто се произведуваат играчки и легално се продаваат на деца како играчки, кои во основа имаат задача да убиеш некого ...

Искрено јас на моите деца никојпат не сум им купил играчка која е пиштол – пушка или друго оружје ....

Јас самиот се сеќавам дека сум играл игри со пиштоли и пушки во играта Камај ... но таму вообичаено прстите ни беа оружје ...

И сега како возрасен - од било какво оружје кое служи за убивање ми се гади ... Се сеќавам во војска некои со милост го грлеа оружјето ... јас одсекојпат осеќав гадење кон него ....

За мене главно оружје на човечкиот род треба да биде разумот и зборот ....

** Треба едноставно со закон да се забрани производството на таков тип на играчки. - Migmar

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
26 Октомври, 2006 - 20:17
ЛАК И СТРЕЛА (http://volanskopje.blog.com.mk/node/51737#comment)

http://images.google.com/images?q=tbn:JfLWjg71HOXibM:http://www.wildlife-fantasy.com/artwork/figure_robin_hood_back.jpghttp://images.google.com/images?q=tbn:q3uCd1BS-22BMM:http://www.hasaka.org/pics/albums/oldPics/gelfa%2520hors.jpghttp://images.google.com/images?q=tbn:rFprPXgT7WFRFM:http://www.strangelove.net/%7Ekieser/Russia/Armor/Weapons/LukSamostrel_tn.jpghttp://images.google.com/images?q=tbn:i3OpobFGpAE0lM:http://www.rivernen.ca/bow.gifhttp://images.google.com/images?q=tbn:RFgSfgP9V94BBM:http://www.groundkeepers.com/Graphics/Bow%2520%26%2520Arrow.jpg

Оваа игра како деца ја игравме под пресија на филмовите за каубојци и Индијанци. И славниот Робин Худ, се разбира. Стрелата беше оружје на Индијанците. Многу и романи од Карл Мај прочитав - попосле со таква тематика.

Потешко беше да се изработи Лак. Мораше да се најде некое јако, но не предебело дрво кое има еластичност во себе... Дрен беше добар избор ... Но каде да најдеме дрен – тој во падините на Водно растеше, но во маалото во која јас живеев (близу Техничко училиште – денешна Универзална) го немаше....

По земјотресот една година бев евакуиран во Словенија, Камник (неколку месеци) и Пореч 8 месеци. Камник беше идеално место за правење на лак и стрела. Околу групите на куќи распрскани ваму-таму – беа падини на шума – густа шума и добар извор за материјал за Лак и Стрела. Но наставниците не ни` дозволуваа да одиме сами во шума ... Словенчињата некако не не` играа ... не` избегаваа ...

Вистинските Лак и Стрела ги правев во населбата Бутел 1 – каде моите добија барака после земјотресот ... Е таму кај самопослугите имаше остатоци од некаква шума од багрем – која ја имаше се` до некое време – кога заради старост ја исекоа ....

А уште повеќе материјал имав во селото во кое сум роден с. Старо Нагоричане. Пчиња изобилуваше со материјал за лак и стрела ... а за надополнување на сликата ... дедо ми имаше прекрасна кобила по име “Ласта“ – која во полн трк – галоп - ме носеше и по неколку километри .... Во трки со коњи сега уживаат само побогатите слоеви, а тогаш беше забава за нас сиромасите ....

Интерсно е дека кога ќе паднеш од коњ во полн трк (се навалуваш како каскадерите од филмовите) и паѓаш под коњот ... Коњот веднаш се вкопува во земја и не се случило коњ да нагази дете кое паднало ... Коњите се многу внимателни животни ....

Ласта ќе ја јавнев и за десетина минути галоп бев во река – каде Ласта ќе се напасеше на сочните ливади – јас ем ќе се избањав во Пчиња, ем ќе најдев добар материјал - прав и доволно јак и жилав за Лак и Стрела ...

Потоа брзо ќе се вратев на “работното место во селото“ – обично како и секое дете на село и јас добивав по некоја дневна задача (да се заработи ручекот – велеше дедо ми) – претежно околу чување на крупниот добиток – неговото терање на паша и поење ....

Дома во двор кај дедо ми ќе најдев некоја стара жица и ќе го оптегнев Лакот. А од тенките, но јаки прутја ќе направев стрели. На крај на стрелата оној кој беше од напред знаевме да вковаме пресечена шајка и правац чавки (омилени за одстрел) ... Ем доволно големи, ем штеточини ... Брзината на такви Стрели беше голема и знаевме да погодиме чавка дури и на 40 метри оддалеченост ... но, се разбира најчесто промашувавме ...
Во меѓувреме (во право пладне – кога сонцето е највисоко) кога на село ништо не може да се работи – знаев често да се најдам во дворот на црквата св. Ѓорѓи – во дебелите сенки под големите багреми - во друштво на добра книга за мојата возраст ... Ех, детство ... најубавиот период на животот ...

(Забелешка: Лекторирано од Аминта.)

Аминта
12k_DecK, %20:%Dec
12 Октомври, 2006 - 09:19
ВРТИМУШКА (http://volanskopje.blog.com.mk/node/48913#comment)

И ова е една од игрите од моето детство. Тоа беше игра за “побогатите деца“ - ако воопшто имаше такви во мое време - време кога сите некако бевме “подеднакво сиромашни“ .... Време во кое главно детско јадење беше - леб и маст - (немаше маргарин - а маста се мачкаше на лепче и се посолуваше со сол и црвен пипер или со шеќер - мраз)...

Имаше еден чичко, кој освен со продавање на вртимушки го видов и во други две улоги во животот:
- “старо куууупујеееееееем“ (со него не плашеа родителите кога ке згрешевме нешто - многу јак глас имаше...)
- “поправам чадори и острам ножеви“ (чадорите не беа тогаш 70 денари - се поправаа - како впрочем и кондурите “лепење и пенчетирање“ - како и пантолоните и кошулите - кои се крпеа..)

Овој чичко шеташе меѓу зградите и со едно округло колце кое му служеше за оштрење - со две клешти и едно чеканче - вадеше парче леб за фамилијата си ...

Е истиот тој чичко продаваше и “вртимушки“. Тоа беше направа која се состоеше од една округла вртимушка која на на едниот крај имаше шпиц (з.А.: врв) кај што се вртеше, а останатото беше во облик на крушка изработена од дрво. Шпицот понекогаш беше од шајка.

Другата справа беше камшик. Кратко парче стапче на крајот врзан со околу пола метар тенко исечена кожа.

Ќе ја завртевме вртимушката на рамно - обично тврда земја ... Асфалт немаше - немаше ни патеки, и, ако ги имаше тие беа калдрми - а бетонот беше прескап за да се употребува како патека .... Првата патека од бетон ја имавме ние - околу нашата зграда ...

Тоа беше патека од метро ширина - околу цела зграда и служеше како изолација од продор на вода во подрумите. На патеката кај олуците имаше мајсторско направен прихат на вода и мало каналче до надворешниот раб на патеката. Патеката ни` послужи за многу игри (но за нив во друг коментар)

Да се вратам на вртимушката - ќе ја завртиш со рака и после со камшикот ја удираш на долниот крај од вртимушката и така победува оној кој подолго непрекинато ја врти вртимушката ... Колку време се вртеше вртимушката, не знам. Во тоа време реткост беше да најдеш чичко кој имаше саат - и ако имаше таков тие беа мали саати кои закачени на синџирче стоеа во малото џепче од елекот на чичкото ...

`Чичко, колку е саат` ќе прашавме ... а тој полека со значајно движење на раката, ќе го извадеше саатот ... ќе го одалечеше од себе и онака со подмижување ќе погледаше и ќе кажеше `десет и петнаесет` ...пред да го врати саатот во малото џепче, ќе го погалеше саатот со палецот ... ќе не` погалеше по главичките и ќе си продолжеше ...

Дома сите имавме саати, но тие беа од оние робусните - кои кога ќе заѕвонат ќе го разбудат и “мртвиот“. Домашните саати имаа свои места на ѕидот во мали кутии со стакло напред. До саатот на мала полица обично стоеше и радио - “Тесла“ или некој друг постар модел ...

Побогатите има Ѕидни саати со клаталки - кои на некои позначајни саати 12 или 6 Ќе кликнеа или испуштеа некој звук толку пати колку што беше саат, а во секој почеток на одреден саат ќе кликнеа еднашка (овие сати вообичаено стоеа во ходниците) ...
Во подоцнешните периоди имам видено Вртимушки кои беа од пластика (имаше такви и со батерии кои светкаа) и се вртеа кога ќе ги притиснеш надолу и тие со некаков механизам - ќе добиеја центрифугална сила и ќе се вртеа извесно време...

(Забелешка: Лекторирано од Аминта.)

Аминта
12k_DecK, %20:%Dec
http://t0.gstatic.com/images?q=tbn:sHFEMgDoWXes3M:http://www.countryliving.com/cm/countryliving/images/CLX0206COL003-de.jpghttp://img1.photographersdirect.com/img/12375/wm/pd300463.jpghttp://t1.gstatic.com/images?q=tbn:HGattx_hjO0jzM:http://farm4.static.flickr.com/3277/2567220933_baa1f8042e.jpg%3Fv%3D0http://t1.gstatic.com/images?q=tbn:aNJJ1YhwSo3i-M:http://www.theginlady.com/storage/1-spin-top-small-P4268550_l.jpghttp://t1.gstatic.com/images?q=tbn:F-yxg4b1cGdR_M:http://rtv6blogs.com/rtv6_stormteam6/files/2009/05/spin.jpghttp://bluebuddies.com/gallery/Smurf_Riders/jpg/Smurfs_Riders_Sit_and_Spin_Smurf_Around.jpghttp://www.collectorsconnection.com/imagesh3/44a892.jpghttp://bluebuddies.com/gallery/Classic_Smurf_Toys/jpg/Smurfs_Toy_Smurf_Spinning_Top.jpghttp://static.squidoo.com/resize/squidoo_images/-1/lens6539212_1250740502spinning_toy_top.jpg

Аминта
12k_DecK, %20:%Dec
Оваа играчка се врти како вртимушка, ама лета!

http://blingshow.com/forum/attachments/bling-deals/10d1255020021-spin-led-light-flying-saucer-toy-0-49-400-336_1_.jpg

Аминта
12k_DecK, %20:%Dec
29 Септември, 2006 - 10:52
БРКАНИЦА - ШУГА (http://volanskopje.blog.com.mk/node/46437#comment-183063)

И ова е една од најстарите, омилени и најраспространетите игри кај малите деца. И за оваа игра е добро тоа што не треба ништо да се поседува... Само добра волја и неколку другарчиња излезени на улица, пред зграда или на било кое место ... може и школските ходници .... :)

Правила. Па, правилата се прости. Едно дете ги брка другите деца и кога ќе го допре - “шугата“ поминува кај него - па тој сега е тој што брка ... И така до бескрај ... Обично играта почнува ненадејно - спонтано - кога некое дете ќе допре друго и со извикот “Шугата е во тебе“ .... почнува да бега да не се врати шугата кај него ...

Се троши енергија и се расте одлично со оваа игра ... Играта се игра често и по школските ходници во пониските одделенија, па и во повисоките ... каде веќе почнуваат и првите “симпатии и закачања“ меѓу машките и женските деца ... :) првите “заљубувања до уши“ ...


Играта ја играат и родителите со своите мали деца - па богами и дедовците ... за бабите баш и не сум сигурен ... :)

Има ли дете што не ја има играно играва и растено со неа ?

** Ако размислиш добро играта е добра, ем затоа што е друштвена, ем затоа што убаво ќе се истрчаат децата, ем затоа што ќе има смешни ситуации во целото дружење.. прекрасно! Јас кога бев дете, ја игравме, ама ја викавме `ај се бркаме`. - Natka

** Ние во школо се делевме на полицајци и крадци и така се бркавме. Тој кој бркаше беше полицаец, а другите крадци. - кибицер

** - Брканица (СЕ РАЗБИРА!!!) Брканица игравме и сега брзо пред некоја година, се собравме сите децата што се дружевме како мали пред две-три години и игравме, ама многу касно ни текна, па коа ни испоизлегоја комшиите надвор пуздер не напраја, цитирам: (праат муабет чичко Милчо и тетка Летка) леле колкави магариња зеле да се бркаат! па и овие на Пецо и на Дончо, демек факултети тераат, срам да
ви е ејјјјј не разбудивте!!! 3 сато е! Smiling)) - dEa

(Забелешка: Лекторирано од Аминта.)

darko prosev
12k_DecK, %20:%Dec
На буква.

Аминта
12k_DecK, %20:%Dec
2 Октомври, 2006 - 10:13
ЏАМЛИИ (http://volanskopje.blog.com.mk/node/46942#comment-185278)

http://images.google.com/images?q=tbn:Yofzs_1mjQbiVM:http://www.museum.state.il.us/exhibits/athome/1920/objects/largejpgs/marbles.jpghttp://images.google.com/images?q=tbn:fPcTnafgqydgrM:http://www.photoblogster.com/images/20060211182945_marbles.jpg

И ова е една од омилените игри од моето детство. Се работи за игра која претежно ја играа малите машки деца, но имаше и девојчиња (машкаданки) кои ни` се придржуваа во играта.

Правила. Има правила за неколку вида на игри со џамлии. Воопшто за да играш џамлии - главен услов е да имаш “џамлии“ - да имаш желба и да најдеш други деца што сакаат да играат џамлии ....

Самиот збор етимолошки укажува дека се работи за играчка која е составена од “џам“ - стакло. Значи се работи за округли Џамлии - изработени од стакло - кои се во разни големини - нормални Џамлии - мали “цимпури“ и големи “картали“ .... Стаклените џамлии се изработуваат од прозирно стакло а во внатрешноста на стаклото близу до средината се вметнуваат разни листови и други фигури во живи бои ... Имаше безброј варијанти на бои и фигури во внатрешноста на џамлиите - што им дава посебна драж ...


Имаше џамлии од метал - ги вадевме од разни лагери ... Овие беа добри за да “пукнеш“ туѓ коњак - но и незгодни за некои други исфрлања (има правило да со онаа џамлија што си ја почнал играта, играш до крај - ако не сте се согласиле и во текот на играта да имате право да менувате џамлии - коњаци... каде сепак најдобри се стаклените џамлии ... Во недостаток на џамлии по селата се играше со мали ореви или лешници ... или со природни џамлии од мали камчиња кои ги баравме по течението на реките и потоците .....

Џамлии може да се играат на ограничен - оцртан простор - во форма на круг (се оцртава со оштар камен или стап) или било која друга форма - квадрат правоаголник и сл ... или неограничен простор ....

Важна работа е “основната црта“ од која се почнува да се игра играта ..... и “шлајка“ ... е да шлајката се изработува најубаво со пета од чевелот. Ставиш “пета“ и со вртења во круг изработуваш мала вдлабнатина - која се нарекнува шлајка. Шлајка најдобро се изработува после обилен дожд ... Зборот “шлајка“ во повозрасните периоди на човековиот живот добива и други значенија - но секојпат прва асоцијација, кога ке слушнеш “шлајка“ те асоцира на Џамлии ...

За да почне играта т.е. редоследот на играчите кој ке биде прв, втор и т.н. играчите се редат кај шлајката и ја џиткаат својата џамлија “коњак“ (омилената џамлија која има и фетиш во себе) . Оној што ке биде најблиску до основната црта - ја започнува прв играта и така редоследно ... Битни се и милиметри од цртата . Се мери со методата “од око“ - а во критично блиски ситуации се мери со петици (фути), но за сични должини се користи и стапче - па со прстето поставено на стапчето се споредува кој е поблизок до линијата ....

Има и драматични ситуации во кои мора да суди некој кој ке се прогласи за судија ...

Значи оној кој е прв ја фрла џамлијата најблиску што може до шлајката - (важно во играта е да имаш шлајка - без тоа и да погодиш некого тој останува во играта се додека не влезе играчот во члајка) а се труди и од прв потез да влезе во шлајката ....

Другите играчи имаат различни тактики ...

Една тактика е да влезеш во шлајката со еден потег (со самото влегување во шлајката се изборуваш да почнеш да играш со променет редослед стануваш прв .... - во шлајката можеш да се одлучиш да “спиееш“ - што значи не се мрдаш од шлајката и чекаш погодна ситуација некој да се приближи до шлајката .... или можеш да отидеш на некое место во зацтаниот круг ... и да чекаш да ти дојде редот ...)

Друга тактика е да се тргнеш понастрана од близината на другите играчи ... Цели стратегии се правеа во текот на играњето ...

Кога сите што се во игра и сите со првиот потег се влезени во зацртаниот круг со првиот потег ... започнува играта со редослед кој како стасал до линијата ... или со изменет редослед ... Заборавив да кажам дека редоследот се изменува и во случај кога од основната линија со својот коњак некого си погодил од “тепка“ (директен воздушен погодок) или само ке го “цакнеш“ ( џамлијата оди по земја и во своето движење допира друга жамлија “цакнува“ ... “Те имам тебе и тебе“ ... е израз кој играчите меѓу себе го изговараат во текот на играта - додека не влезат во шлајка ... а означува дека си цакнал некого или си го погодил од тепка но не си влегол во шлајката .... А да, погодувањето од тепка е со посебен бонус ... обично бонусот се изразува во ќарување на две џамлии ... ако играта се игра на “ќар“. А скоро секојпат се игра на ќар ...

Значи оној што влегол во шлајка и удрил од тепка некого или само го цакнал - ќарува една или две жамлии од оние кои излегуваат од игра .... Џамлиите ги чува во раката со која не игра - или ако се повеќе ги става во џеб ... се прави купче од џамлии во џеб кои даваат карактеристичен - мил звук на џамлии што удираат една од друга ....

Самото исфрлање на џамлијата од раката е со карактеристичен покрет на една рака каде џамлијата оди во едно движење на палецот и допалецот и се исфрла со врвот од палецот ... се исфрла силно за да се удри со тепка (ако “тепката“ ја најавиш пред да го изведеш ударот, добиваш бонус уште една џамлија - но има и казна ако промашиш а си најавил тепка губиш една џамлија) ... Заради ова играчите те деконцентрираат додека го изведуваш ударот со разни магии кои ги прават со удирање на ногата пред или позади џамлијата .... Извикуваат одредени фетиш зборови кои ги користат за да те деконцентрираат ... Тука има доста и “иље“ (Илеџија - е играч кој не ги почитува правилата и игра по свои правила и не признава видни факти - со илеџија никој не сака да игра и затоа децата се трудат што помалку да се илеџии...)

Може да се исфрли и со технички дотеран удар (вртено) за да џамлијата дојде на некое посакано место или да влезе во шлајка ...

“Спие“ и “шлајка спие“ е правило кое играчите го употребуваат во тактика да не се мрднуваат од место - кое по нивен избор е погодно или да не се мрднуваат од шлајката ... Ако спиеш во шлајка а некој влезе во шлајката, тој за да те ќари ке мора со еден потег-удар да те исфрли од шлајката ... Понекогаш се ствара збир на повеќе шамлии во шлајката и оној кој ги вади џамлиите е мајстор ако ем ја извади противничката џамлија од шлајката, ем џамлијата сеуште останува во шлајката.... (вртен удар) ... со тоа тој повторно е на потег и вади друга џамлија или игра по своја желба ....

“Колено“ е правило кога некој играч го изведува удар од своето колено - за да надмине некој природен сокривач на противничката џамлија - камен или висинка ...

“Спотер“ е правило кога мавајки еден играч од тепка или со цакнување, имаш право повторно на следен потег, да удриш друг играч или да пробаш да влезеш во шлајка. Еднаш влегување на шлајка (“имам шлајка“) важи за целата игра (кругот на играта). Спотер може да направиш и со влегување во шлајка (имаше мајсоти за тој потег) , за да од подобра близина некого мавнеш од шлајката...

Ако излезеш од кругот - со твојот удар, зависи од правилото- договорот на играчите или излегуваш од игра а џамлијата ја даваш на оној кој ке победи во играта (оној кој последен некого ке исфрли) или застануваш на самата црта од местото каде си излегол ....

Резултат на играта секогаш е убаво поминато време со другарите и обавезно прљави раце - поготово на раката со која играш .... Обавезно следува добро миење на раце со сапун ... На јаките играчи со џамлии секогаш десната рака им е прљава - поготово крајот на прстот - делот на зглобовите на секој прст (глежњовите од раката), кој за друга прилика служи да каже кој месец колку денови има ....

Весели се оние играчи кои се шетаат со полни џепови џамлии и кои успеале да го ќарат и коњакот на противничкиот играч ... Џамлиите беа ефтини и другиот ден оној кој ги изгубил сите џамлии оди и во трафика купува нови жамлии ....

Во текот на играта од меѓусебните удари џамлиите и се оштетуваа од силните удари од тепка - ... е само колки тага имаше на лицето на играчот на кој му е оштетен коњакот ....

Некој нека ме потсети во коментар - за правилата на играње на џамлии со “мор“.... или некое друго неспомнато од мене правило ... може да опишете и некое ваше доживување за играта ...

Јас џамлии играв и со моите деца по дома ... Седнати во соба, со раширени нозе ... ставаш една шамлија пред тебе, а другијот ја мава и така во круг ... Но домот не е природна средина за играње на џамлии ... тие одат под незгодни места (под кревет, ормар или сл..) и ке ги пронајдеш дури кога ке кречиш или со генерално чистење на станот ... А може и да стапнеш на џамлија и да се испружиш на патос ...

Џамлии треба да не се даваат на бебиња или ептен мали деца ... - бебињата прво што прават е да ги стават предметите во уста (за да ги осетат) па може и да ја лапнат џамлијата ... :). Ништо страшно но сепак треба да се внимава со мали деца ...

** во Прилеп ги викаме „скокалина“. Се играше „морт“ и „на дупка“. Имаше правила: „тучераче“(да не се мрда од местото каде што застанало скокалето), „ренто“(да се исчисти просторот каде што е скокалето) или „нема ренто“ (обратно од ренто).
Ако ми текним нешто друго.. после - RIBARO

** Ние у маало стававме кожинки на дланката. Да не ни испука кожата од играњето џамлии. А и имаше една луда наставничка по географија (Грозда; Господ да ја прости) која од нејзе познати причини ни забрануваше играње џамлии. Терор. - кибицер

** ... сега се сетив дека во Куманово џамлиите се викаа “соде“ ... Ај да играмо или ќе играмо ли “соде - соду“ ... а се сетив на правилото “ренту - туриент“ - ...што значеш да се исчисти пред себе и да се дигне џамлијата - за да се надмине фортификациската препрека која го спречува играчот што е на ред да мавне према противничката џамлија ... - волан

** “морт“: Игра со скокалина(џамлии).
Се црта еде рамностран тријаголник на земјата (големината во зависноет од бројот на играчите, ама одприлика една страна 40см.)кој се вика морт. Во него секој играч закачуваа железна паричка или, тапи и сл. закопани во земјата онолку колку да можат да стојат , а надвор се со минимум 3/4 од својата големина(незнам дали сум јасен:Puzzled). Играчите се обидуваат да ги погодат паричките/тапите и оној кој че ги погоди паричките со скокалето(ама притоа да не остани со скокалето во рамките на мортот и парчката што ја погодил да падне) ги собира а играта заврчува кога во мортот нема да останат исправени парички.
Имаше кај мене во маало еден Пеце кој го викаавме Причесо што гаѓаше на далечина од 6,7 метри, а притоа скокалето не одеше по земи туку воздушно, просто човек да не поверува Smiling
пс: ова за Причесов не е рибарска приказна Eye-wink - RIBARO

** Пред некој ден најдов две џамлии, дома.. срцево ми се распара кога ги видов. Тргнав да ја побарам цела кутија, голема тениска кутија со капаче одозгора.. не ја најдов. Срцево по втор пат ми се распара.. Уште ги чувам тие две џамлии, ги вртам во рака повремено, чекам првата шлајка да ја ископам и да се истурам.. Никој сега не игра, да сакам да купам, не знам од каде!? - sckopjanec

** Да не звучи дека сум машкуданка, да кажам дека знам од брат ми и знам за џамбиите нешто само. Најскапи и највредни ми се чини дека беа порцеланките.. ако добро се сеќавам :-) - Natka

**. . .дефинитивно излегоа од мода. . . у мое време се играа. . . али сега. . . се пуцаат на компјутери. . . кантер и остало Smiling
пс. ја ко мал играв КЛИКЕРИ. . . затоа што живеев некаде на север Smiling
. . . а коа дојдов тука продужив да играм ЏАМЛИИ Smiling - patriota2

** ...игриве со џамлииве ми се чини се најсложени од сите детски игри, во контекст на правилата де, ги има еден куп, цак, спотер, шлајка спие.... - Бунка

** Се секавам дека како клинец растурав во маало во џамлии или по Охридски БИЉИ - sting EYE

** Досегашни изрази за Џамлии даденини на постов се:
* Соде - Кумановски
* Скокалина - Прилепски
* Пиш...Пишо`ој - Тетовски
* КЛИКЕРИ - Србски и Бугарски
* БИЉИ - Охридски

** Благодарение на - dupchek - дознавме дека и во Бугарија има повеќе изрази за Џамлии:
* БИЛИЧКИ - Бургас
* КОСКИ - Благоевград
* ЛИМКИ - Варна, Добрич
* ИЗРАЕЛКИ - Ямбол
* БИЛЮРИ - Русе
* ГЕЛНИЧКИ - Сливен
* ДЖАМИНКИ - Пловдив

(Забелешка: Лекторирано од Аминта.)

PLANINEC
12k_DecK, %22:%Dec
Џамлии - Зуски ---- Велешки

Amaterka
12k_DecK, %22:%Dec
Оваа играчка се врти како вртимушка, ама лета!

http://blingshow.com/forum/attachments/bling-deals/10d1255020021-spin-led-light-flying-saucer-toy-0-49-400-336_1_.jpg
Кога бев многу мала,имав ваква играчка

PLANINEC
12k_DecK, %22:%Dec
Кога бев многу мала,имав ваква играчка

И јас

Serdar von Makedon
12k_DecK, %22:%Dec
не знам дали ги рековте :)

- Челик Чомак
- онаа играта (не ми текнува името во моментов) во која со врвца или ластик и со помош на прстите на двете раце се прават разноразно можни комбинации
- играта слична на „фанта“ , каде наместо пари или камцинја, се користат делови од (мислам јагнешки) коски / зглобови. (*исто не ми текнува името во моментов :p)
- гаѓање во кокошките на комшиите шо не ги сакавме (со право :D ) , па после ражничи од нив, ко бевме по одприлика 11 - 12 години омилена игра :D
- редовно ****** гуми и кршење џамој на комшиите шо не ги сакавме (пак со право, и то не грчко-римско туку Битолско улично право, за сите шо го „кркаа“ тогаш, излезе дека се арамии, кодоши, разни други сорти на изроди :D )


извинете за последниве 2, ама јбг, и то се игри :D

Аминта
12k_DecK, %23:%Dec
25-12-2009.

Е,баш се и подсетив:D

Или оваа..
До ре ми фа со ла
...ресто знаете:D:D:D:D

До ре ми фа сол
тече ми м`рсол
кој ќе го лапне
...

Има уште?

Аминта
12k_DecK, %23:%Dec
Поголемиот дел на оваа песничка изгледа јас ја измислив како дете...

Васил прасил
се опрасил
на седми април
и озаконил
Кој ќе го пасе
поповото прасе

Аминта
12k_DecK, %23:%Dec
Имаше и една од детска серија...

...Ееееј, Томе, Томе,
ееееј соме, соме

Не си свесен
колку си лесен...

Аминта
12k_DecK, %23:%Dec
Ема, есаса, пипија,
дон, фередон,
дон, фередон,
лео,лео, тип тип тип,
лео,лео,тип тип тип,
уан,ту, три !!!
Мислам дека вака беше, тоест вака ја пеевме:D:D

сол,макарон,сол фе ре дон
марион, марион
лео, лео, тип, тип, тип х2
о уан,ту три
сега маваш ти

:cool:;):D:D

Еве ја и мојата варијанта:

Сол макарон дон фередон
сол макарон дон фередон
марион марион
лео лео тип-тип-тип
лео лео тип-тип-тип
Уан ту три
сега маваш ти!

Amaterka
12k_DecK, %23:%Dec
А како се игра таа игра Ема есаса?

Amaterka
12k_DecK, %23:%Dec
25-12-2009.



До ре ми фа сол
тече ми м`рсол
кој ќе го лапне
...

Има уште?
носот да му падне

Amaterka
12k_DecK, %00:%Dec
А во вода игравме„ Рибици“-се игра со најмалку 3 особи.Се фаќаме за раце да направиме круг и една склизнува преку рацете на тие од карши.И така сите се редат.

Amaterka
12k_DecK, %00:%Dec
На плажа играв и „петкамци“-се игра со 5 камчиња

lurak
12k_DecK, %00:%Dec
со колички не ли сте играле?
па гаражи, па улици да праите, трки?

lurak
12k_DecK, %00:%Dec
на плажа камен со камен да погодиш (па знаеле и глупости да се случуваат:D)

и жабици кој појќе ќе направи

lurak
12k_DecK, %00:%Dec
гледал ли некој куклите што имаат под облеката?

lurak
12k_DecK, %00:%Dec
А како се игра таа игра Ема есаса?

нели е тоа со ластик кога скокаат - така не ли се пее?

може да сум грешка

Amaterka
12k_DecK, %00:%Dec
нели е тоа со ластик кога скокаат - така не ли се пее?

може да сум грешка
Па и јас мислев дека е од игрите со ластик,ама ме буни што песната завршува со„уан ту три сега маваш ти„.
Со ластик скокавме,не мававме?

lurak
12k_DecK, %00:%Dec
кој ги знае ови што правеле:D

а тоа уан ту три не ли беше на месо боранија?

Amaterka
12k_DecK, %00:%Dec
Игравме и „Црна,бела кралица,стоп“-еден жмури свртен кон ѕид и го кажува тој текст што побрзо,а за тоа време ние од подалеку трчаме кон него,и кога ќе го каже текстот се врти накај нас.во тој момент ние се здрвуваме во место,кој како се начол,а тој што жмуреше ни приоѓа и не загледува поединечно дали ќе мрднеме-кој ќе мрдне,се враќа назад на почеток.Целта е да стигнеш прв до тој што жмури,пред да се заврти,па ти ќе жмуриш

Десничарка
12k_DecK, %00:%Dec
25-12-2009.



До ре ми фа сол
тече ми м`рсол
кој ќе го лапне
...

Има уште?

Мојата варијанта:

До ре ми фа сол
тече ми мрсол
веќе ке ми капне
Бојан ке го лапне.

Му пееш на некој кого не го сакаш :D

а имаше нешто, кога викавме после играње во лето испотени и ти се пие вода.Кога ке видевме некое црево или чешма надвор во дворот кај некои комшии и сите ке се затрчаме вода да се напиеме.Е сега некој е побра некој е поспор и затоа на кој ке му текна да види вода ке викне:

Ејјј чешма !!!
Ај да пиеме вода !!!
И еден вика:
Прва жичка за водичка :D
И сите после се редат кој попрво да каже Втора жичка за водичка, па Трета и така натаму :D

lurak
12k_DecK, %00:%Dec
а она со раце што се играше?

еден ги става свртени надоле и „лежи“ одозгора
другиот ги става под неговите свртени нагоре - со дланките нагоре
па го „чешка“ - и треба да го погоди - ама одозгора
ако го погоди - тој што лежел, мава

Десничарка
12k_DecK, %00:%Dec
кој ги знае ови што правеле:D

а тоа уан ту три не ли беше на месо боранија?

Којзнае овие што правеле :(
Па сме се броеле пред ластик и јас знам уан,ту три, прв си ти, а после кога почнува ластикот не се пее тој дел со уан ту три......

Десничарка
12k_DecK, %00:%Dec
А “ Бззз“ со мавање по еден кој е свтртен со грб,скриен со раката кај лицето а другата рака под мишка.Позади него десет души и еден од нив го мава силно до посер,и овој се врти и погаѓа кој го мавнал.Ако го погоди,тогаш тој лежи на негово место и него го маваат.

Amaterka
12k_DecK, %00:%Dec
а она со раце што се играше?

еден ги става свртени надоле и „лежи“ одозгора
другиот ги става под неговите свртени нагоре - со дланките нагоре
па го „чешка“ - и треба да го погоди - ама одозгора
ако го погоди - тој што лежел, мава
Да бе,како ти текна.Тоа многу го игравме.Ама болеше кога силно ќе те плеснат.
Мнооогу игри игравме-кој да ги наброи сите.А и што ни беше друга работа?по цели денови тоа правевме-цел ден на улица,па кога потпораснав,и по цела вечер.
Се смееме со една комшика-еднаш во друштво не прашаа „А вие од кај се знаете„,и јас реков „Од улица“.Комшивкава се умре од смеење.ми вика „Ај па ти,сега уличарки излеговме“-нели,двосмислено е.

lurak
12k_DecK, %00:%Dec
А “ Бззз“ со мавање по еден кој е свтртен со грб,скриен со раката кај лицето а другата рака под мишка.Позади него десет души и еден од нив го мава силно до посер,и овој се врти и погаѓа кој го мавнал.Ако го погоди,тогаш тој лежи на негово место и него го маваат.

ова на мал и на голем одмор - обаезно се играло

другите у WC - да пушат

lurak
12k_DecK, %00:%Dec
Којзнае овие што правеле :(
Па сме се броеле пред ластик и јас знам уан,ту три, прв си ти, а после кога почнува ластикот не се пее тој дел со уан ту три......

го најде човекот за ластик муабети да правиш:D

Десничарка
12k_DecK, %00:%Dec
ова на мал и на голем одмор - обаезно се играло

другите у WC - да пушат

Епа ние сите игравме вакво зошто во WC ни влагаа дежурни професори и професорки и проверуваа дали некој пуши внатре.Зборам за ГУЦ Здравко Цветковски :D
И она твоето со плескање на рацете го игравме.

Amaterka
12k_DecK, %00:%Dec
Кога јадевме, се натпреварувавме кој прв ќе изеде,па викавме
Прв црв
Втор мотор
Трет балет
Четврт прт

lurak
12k_DecK, %00:%Dec
не зезај - па кај пушевте?

Amaterka
12k_DecK, %00:%Dec
Игравме и бадмингтон и пинг понг

Десничарка
12k_DecK, %00:%Dec
не зезај - па кај пушевте?

На голем одмор позади школо,ама беше и таму многу ризично и тоа го правеа храбрите.Храбрите пушеа и на мал одмор во училница седнати на прозор и дуваа на надвор :D

lurak
12k_DecK, %00:%Dec
Храбрите пушеа и на мал одмор во училница седнати на прозор и дуваа на надвор :D

:D:D:D

Amaterka
12k_DecK, %04:%Dec
Ние девојчињата,многу игравме„Сен-сен-сен“,и при тоа пеевме песни.Само на оваа се сеќавам
У сенци маја,палих маја
тебе чекам Лора,
знам да никад нечеш дочи
као тада бити моја

О Мадрид,Мадрид
ти главни град Шпањола
у теби смо се волели
ја имоја Лора

Лора је плесала у ритму ча ча ча......

Јас сум од времето на СФРЈ,па знаевме и некои песнички на српски ј.,иако кога бев помала баш и не ги разбирав,па погрешно сум ги кажувала.

Amaterka
12k_DecK, %04:%Dec
Еве уште една таква песничка

1,2,3,4,5,6,7,8,9,10,11,12
дванаест сати удара
тамница се отвара
у тамници никог нема
само један попац дрема
ајде попе напоње
да видимо како је
како наша снаша
њуби кочијаша
Кочијаш се поноси
нече капу да носи
ја му купих шубару
он је баци у бару
Ја му купих фес,
он о земњи трес,трес,трес.

Amaterka
12k_DecK, %04:%Dec
Ај сега и од нашите


Сапунче,сапунче бели пењи прави
да сме сите чисти,румени и здрави.
Огледалце мало,ќе ни каже право,
комутреба мама,да му каже браво.

Amaterka
12k_DecK, %04:%Dec
И оваа ја пеевме,а појма немам од кај дошла

Ен ден дини саварака тини
саварака тика така ен ден дин
тин тин тин

Amaterka
12k_DecK, %04:%Dec
Имам маче шарено,шарено ем галено
втора му е зима
а долг мустаќ има.
Брка глувци поганци
па им вели ајдуци
скоро ќе ве фатам
за глава ќе ве скратам.
Такво маче шарено,
такво маче галено,
никој од вас нема
никаде и нема.

Amaterka
12k_DecK, %04:%Dec
Едни маче,мало маче
срам да му е цел ден спие
тоа маче,мало маче
се качило на каче
и почнало да плаче
Оф леле боже до бога
што си немам масленце
да си мачкам мустаќи.

Amaterka
12k_DecK, %04:%Dec
Мацо, каракацо, кај си била
-Воденица
Што си правила
-Сум папала
Што си папала
-Топеница
Каму мене
-Нема тебе
пис пис мацо пис

Amaterka
12k_DecK, %04:%Dec
Гари Купер на плажа бил,
там го сретнал Томи Стил
Томи Стил со гитарчето,
па му свирел на Маричето
-Типи,типи,тип
тата вози џип
мама лимузина
бата цура фина
А ја хоп,хоп,хоп
вртим хула хоп

Amaterka
12k_DecK, %04:%Dec
Ај кој од женскиве памти една игра-нешто пеевме

Диња,диња,лубеница
покрај село воденица
краставац, пољубац.

Аминта
12k_DecK, %08:%Dec
А како се игра таа игра Ема есаса?

Веќе ти одговорив дека така ја нарекувавме играта што ти ја нарекуваш ластик.

Десничарка
12k_DecK, %11:%Dec
Ние девојчињата,многу игравме„Сен-сен-сен“,и при тоа пеевме песни.Само на оваа се сеќавам
У сенци маја,палих маја
тебе чекам Лора,
знам да никад нечеш дочи
као тада бити моја

О Мадрид,ти Мадрид
ти главни град Шпањола
у теби смо се волели
ја имоја Лора

Лора је плесала у ритму ча ча ча......

Јас сум од времето на СФРЈ,па знаевме и некои песнички на српски ј.,иако кога бев помала баш и не ги разбирав,па погрешно сум ги кажувала.

У сенци маја,палих маја
тебе чекам Лора,
знам да никад нечеш дочи
као тада бити моја

О Мадрид,ти Мадрид
ти главни град Шпањола
у теб смо се волели
ја имоја Лора

Лора је плесала у ритму ча ча ча...... (па иде)
у њој се заљубио
млади Валентајн

О Мадрид,ти Мадрид
ти главни град Шпањола
Ти си леп,ти си млад
ти си главни град.

О Мадрид,ти Мадрид
ти главни град Шпањола
у теб смо се волели
ја и моја Лора.

:D:D:D

Sneki
12k_DecK, %13:%Dec
Се сеќавам исто на една игра која се вика „Клиса“,
но можеби има и друг назив, но не се сеќавам баш
што беше поентата со играта. Знам само дека тоа
малото дрвце требаше да го удриш со едно друго
стапче и да излета што подалеку.
Но не ми текнува какви беа правилата???

Десничарка
12k_DecK, %15:%Dec
Се сеќавам исто на една игра која се вика „Клиса“,
но можеби има и друг назив, но не се сеќавам баш
што беше поентата со играта. Знам само дека тоа
малото дрвце требаше да го удриш со едно друго
стапче и да излета што подалеку.
Но не ми текнува какви беа правилата???

Таа мислам дека и “челик“ ја викаат.

Аминта
12k_DecK, %17:%Dec
Еве песна или дел од песна која се пееше при играње ема-есаса:

Е-ма есаса
есаса пипија
пипи дуга чорапа
...(е-ма есаса?)

Е-ма есаса
есаса пипија
пипи дуга чорапа
калимеро неправда

Аминта
12k_DecK, %17:%Dec
Компанија,месо боранија,
славејчето пее
Тито да живее,
кукавица кука
Хитлер да испука.

Компанија,месо боранија,
стара Југославија
нова Македонија
славејчето пее
Тито да живее,
кукавица кука
Хитлер да испука.

ѓоамити
12k_DecK, %01:%Dec
ден-ноќ

цело одделение наредено во круг, учителката во средина и вели: ден, ноќ... ноќ, без некој редослед
на „ден“ треба да станеш, на „ноќ“ - да клекнеш.
ако згрешиш - „излегуваш!“

ѓоамити
12k_DecK, %02:%Dec
кај кого е предметот

сите мижат, а учителката остава предмет (креда) кај некое дете.
се отвораат очите и учителката кажува кој прв да почне да погодува.
тој што е прозван, кажува кај кого мисли дека е предметот и така се` додека не се погоди.

целта најверојатно е да се запознаеме по име

ѓоамити
12k_DecK, %02:%Dec
расипан телефон

сите деца се наредени едно до друго
учителката на првото дете му шепнува некој збор.
ова треба да го пренесе (шепти) на детето до него и тн.
се шепнува само по еднаш и нема - како? како?. како си слушнал - така пренесуваш.
на крај, последното дете гласно го кажува зборот што го слушнало. цепки!
па се бара каде бил „прекинот“, од последното кон првото дете.
еден вика - „така слушнав“, другиот - „не, ти реков...“, но најчесто и тоа не е точно, па се бара понатаму, се` додека не се најде првиот „прекин“.
учителката го објаснува зборот, а „шизикот“ седнува до учителката. :eek:

со мали деца е интересно, бидејќи, од каде да знае какви зборови постојат, не ги анализира зборовите дали значат нешто, туку ги пренесува онака, како ќе слушне.

ѓоамити
12k_DecK, %02:%Dec
кога ќе пораснам, сакам да бидаммм... ловец шо лови лисисци. :D

Amaterka
12k_DecK, %15:%Dec
Другар ми од маало сакаше да биде ѓубреџија-му се допаѓаа камионите-,ама за среча,стана професор.

ѓоамити
12k_DecK, %14:%Dec
илеџиски изрази од џамлии, кои не беа спомнати

подкоњак - со згазнување да ја закопаш џамлијата во земја, што подлабоко
так` се маам (так` се мааш) - гаѓаш со чврга

Аминта
12k_DecK, %19:%Dec
30-12-2009.

Ооо, мони мони ма
ака-демик фести-фа
фа фа фаа
упе ха ха хаа
уна епе епе епе
уна цепе цепе цепе
уна аус аус аус
Мики Маус Маус Маус

Секој збор - по едно броење (за едно дете), а раздвоените зборови по два.

ѓоамити
12k_DecK, %01:%Dec
а читање во „ИТД - Оне ствари“, не ви текнуе а? ... или тоа не спаѓа во детство?!?

ДАНИ
01k_JanK, %16:%Jan
30-12-2009.

Ооо, мони мони ма
ака-демик фести-фа
фа фа фаа
упе ха ха хаа
уна епе епе епе
уна цепе цепе цепе
уна аус аус аус
Мики Маус Маус Маус

Секој збор - по едно броење (за едно дете), а раздвоените зборови по два.

Хахаха,еееее,се сетив и на оваа:):)

ДАНИ
01k_JanK, %17:%Jan
а читање во „ИТД - Оне ствари“, не ви текнуе а? ... или тоа не спаѓа во детство?!?
Е,ИТД беше хит,беше списание кое едвај чекавме да го купиме и бевме во тренд:D..демек„Што читаш„ „ИТД„ и си шик:D..тинејџерско списани во кое имаше од се по малку

ДАНИ
01k_JanK, %17:%Jan
Хихихи,а сте правеле ли вака:Демек телефон:D..се земат канчиња од јогурт и на дното се боцнат за да може тенок канап(ама долг) да помине низ него и се поврза со друго канче од јогурт,едното дете отиде во еден влез на зграда,а другиот во друг,едното дете со прсти помине (го трие )по канапот..и се воспоставува врската:D..ама сеуште се сеќавам(иако онака бледо)дека за чудо и се слушаше едниот на друг што кажуваа.

ДАНИ
01k_JanK, %17:%Jan
А јас пак многу читав и купувам Микиев Алманах:Dи додека јадев или пиев чај си читав:p

Аминта
01k_JanK, %02:%Jan
03-01-2010.

Ајде објаснувајте по некоја игра.

Еве некои што не ги знам, а се играле во Скопје:
- фанта
- џамија
- миженка со топка...

Аминта
01k_JanK, %02:%Jan
Има два состава, обично од машки. Еве, н.пр. по 5 души. И еден што е перница.

Едните лежат, а другите скокаат врз нив.
Главата на првиот од легнатите, му е во дланките (чии прсти му се преплетени како за индијанска скала) на перницата. Другите се наведнати така што вратовите им се допираат на газот на оној пред нив.

Другиот состав скока врз нив.

Кога сите ќе седат врз `лежачите`, првиот што седи, силно викајќи го прашува првиот што лежи:
`Ан-чан-чаари,
беело магари,
Колку са вие?`

И, покажува на перницата број со едната дланка.

Ако првиот лежач погоди, се менуваат улогите.
Ако промаши, истите пак лежат.

Аминта
01k_JanK, %16:%Jan
(07-01-2010.)

Среде соба високо
елката ни` стои,
и ја красат играчки
во илјада бои

Елко, елко, порасни
уште две-три педи
за да може Дедо Мраз
дарови да реди

Тука е играчката
вчера што ја сонив
многу, многу бонбони
многу лампиони

Елко, елко, порасни
уште две-три педи
за да може Дедо Мраз
дарови да реди

(Од Клеопатра)

Аминта
01k_JanK, %16:%Jan
Том и Џери
Пинк Пантери
се качил
на бандери

(Од Клеопатра)

Аминта
01k_JanK, %17:%Jan
Коледе,леде
паднало греде
утепало деде
деде се мачи
баба го квачи
на четири јајца
гускини, шаткини, паткини
миндалови јатки

(Од Клеопатра)

Аминта
01k_JanK, %17:%Jan
Суравица, баклавица
удри баба по газица
да протече матеница
Сууууурва!

(Од Клеопатра)

Аминта
01k_JanK, %17:%Jan
Ој Лазаре, Лазаре,
чии се овие дворови
со босилок метени
Лаазареее!

(Од Клеопатра)

Аминта
01k_JanK, %17:%Jan
Еј Лазаре, Лазаре,
море младо војниче!
Чији са вија дворуве,
с бел босиљук митени,
с црвен стратор ринани?

(запишана од Стефан Тановиќ, 1927.,
според `Македонски народни празници и обичаи` од Марко Китевски)

Аминта
01k_JanK, %18:%Jan
Мацо, мацо, каракацо!
Кај си била?
На воденица.
Што си јала?
Бареница.
Камо мене?
Нема тебе!
Пис, пис, мацо.

Мори мацо, каракацо!
Дека беше сношти?
Кај вујче на гости.
А, што ми те гости‘?
Кора врз кора,
глувче одзгора!

Аминта
01k_JanK, %18:%Jan
Нани нуни детенце
надвор пее петленце
пее ку***ика
тебе ми те вика

За заспивање бебиња

Аматерка, како да заспие детето, кога со песната му се вели дека надвор петлето го вика?

-------------------------------
Стани, стани детенце
надвор пее петленце
пее, куку.рига
тебе ми те вика

Стани, стани порано
петелот го нахрани
тоа вика, крека,
гладно, зрнце чека

(Од Клеопатра)

Аминта
01k_JanK, %19:%Jan
коларичу, паничу
плетемо се самичу
сами себе запличемо
сами себе распличемо

Додека ова се пее, се преплетува канап или ластик, нели?

Еееееј, да знае некој да најде снимка како се прави тоа!

Amaterka
01k_JanK, %06:%Jan
[QUOTE=Аминта;131654]Аматерка, како да заспие детето, кога со песната му се вели дека надвор петлето го вика?

-------------------------------

:D:D:D:D:D:D:DМе изнасмеа!
Па така ја пееше баба ми.:rolleyes:
А кога го будиш детето,зарем песни му пееш?:rolleyes:

Аминта
01k_JanK, %07:%Jan
[QUOTE=Аминта;131654]Аматерка, како да заспие детето, кога со песната му се вели дека надвор петлето го вика?

-------------------------------

:D:D:D:D:D:D:DМе изнасмеа!
Па така ја пееше баба ми.:rolleyes:
А кога го будиш детето,зарем песни му пееш?:rolleyes:

08-01-2009.

Зошто па да не? ;)

Аминта
01k_JanK, %07:%Jan
Ја теби,
ти мени,
он теби,
ти њему

Ето тако,
наопако,
нема ништа
осим песме

Аминта
01k_JanK, %07:%Jan
Компо, компо, композитор
компонује, компонира
са оркестром диригује
зна да пева, зна да свира

Аминта
01k_JanK, %07:%Jan
У свету постоји једно царство (http://www.youtube.com/watch?v=4Kde-5JdYYg)
у њему царује другарство
у њему је све лепо
у њему је све нежно
у њему се све радује
у њему је све лепо
у њему је све нежно
у њему се све радује

Тамо су куче од чоколаде
прозори су од мармеладе
тамо свако ради
оно шта хоче
тамо расте свако воче
тамо свако ради
оно шта хоче
тамо расте свако воче

У свету постоји једно царство
у њему царује другарство
у њему царује другарство

Amaterka
01k_JanK, %07:%Jan
Коледе,леде
паднало греде
утепало деде
деде се мачи
баба го квачи
на четири јајца
гускини, шаткини, паткини
миндалови јатки

(Од Клеопатра)
па иде

Денеска е Коледе
утре е Божиќ
ќе колеме теле
теле вика леле
не колете мене
ќе ви дадам зеље
да месите пита
да јадеме сите!

Amaterka
01k_JanK, %07:%Jan
Во градинка игравме и една игра-„топло-ладно“.Учителката ќе сокриеше некој предмет во собата,додека едно дете е надвор од собата.Потоа,тоа дете влегува во собата и го бара предметот.Кога е далеку од него,сите викавме-ЛАДНО;ЛАДНО-а кога ќе му се приближи, викавме-ТОПЛО-.Кога е ептен блиску,викавме-ВРЕЛО-.

ДАНИ
01k_JanK, %15:%Jan
Додека ова се пее, се преплетува канап или ластик, нели?

Еееееј, да знае некој да најде снимка како се прави тоа!

E,сега дали е оваа тоа што го бараш ?
http://www.youtube.com/watch?v=r7qVnJm5Bdo

ДАНИ
01k_JanK, %15:%Jan
E,сега оваа е песната Еци пеци пец,но ние како деца така броевме кога игравме криенка(ние ја викавме броенка и кој испадне тој брка или игравме
криенка(ние го викавме жмурка:D)тој ќе жмури и кога сите се сокриеме откако ќе изброи до 10 не бара)
http://www.youtube.com/watch?v=hZMfV01jmdM

ДАНИ
01k_JanK, %15:%Jan
А,авиони сте играле ли?:D..сите раширевме раце и демек летаме:D

ДАНИ
01k_JanK, %16:%Jan
А се сеќавате ли на играта „петкамци„..се најдат пет каменчиња,мазни со средна големина,се зема едно каменче и се фрли во вис и додека каменчето да се спушти во раката треба да се собере другото каменче и така по ред сите каменчиња..

А,клик клак,хихихи,сите клик клак купувавме:D
Па хулахоп..хихихи

ДАНИ
01k_JanK, %16:%Jan
Klik klak:D
http://www.youtube.com/watch?v=FLHftISLNHE

ДАНИ
01k_JanK, %16:%Jan
Хула хоп..ма супер е,како не се сетив порано,ќе си купам еден,добро е за тенка половина:D:D
http://www.youtube.com/watch?v=EdJgTx0iFeE

Аминта
01k_JanK, %00:%Jan
17-01-2009.

Детска броенка

Еника беника
клика бе
абер шабер
до мене

еци меци
догар меци
грам
ај сиктер там!

ѓоамити
01k_JanK, %01:%Jan
ени мени сени сени чоколада бур бур лимонада

Аминта
01k_JanK, %03:%Jan
Кој спие
нека стане
нека месе
колачиња
за дечиња

Кољдеее!