КРАТКА, А ПОУЧНА БИОГРАФИЈА

Роден на Бадник 1957-ма во Скопје. Учел, а и завршил, основно училиште “Јохан Јанрих Песталоци”. Пред земјотресот ова школо се викаше “Петар Петровиќ Његош” (на скопски, Његуш). Гимназија, со сите двојки (супер доволен) завршил 1976-та во “Јосип Броз Тито” , по Втората светска војна позната како женска гимназија. На Универзитетот “Кирил и Методиј” дипломирал Географија во 1981-ва.












Прво вработување е во Радио Скопје 1984-та
. Тогаш, денешната МРТВ се викаше РТС (Радио Телевизија Скопје), и беше во состав на ЈРТ (Југословенска Радио и Телевизија). Во 1985-та преминува (прави трансфер) во Спортската редакција на Телевизија Скопје каде колеги му се: Никола Солдатов, Иван Мировски, Атанас Костовски, Златко Калински, Гоче Јанковски, Ристо Ничевски и Јовица Атанасовски. Истата година го прави и првиот директен пренос. Во повеќе иљади појавувања со лик и глас на програмата на ТВС (Телевизија Скопје, по атрактивноста се одвојуваат преносите од Олимпијадата во Барцелона (1992), Светското фудбалско првенство во Италија (1990), Универзијадата во Загреб (1987), коментирање од лице место на над 60 трки од Формула 1, учество на Камел Трофи во Танзанија (1991) и Бразил (1992), учество на Рели Реид Париз – Пекинг (1992)...

По Олимпијадата во Барцелона, следува трансфер од РТС во “А1” Телевизија по понуда на Аљоша Руси и Предраг Чемеригиќ. Цената на трансферот: пет пати поголема плата од РТС, кола (Волво 740) на располагање 24/7/365, минимум од 45 дена годишно на патувања во странство. Услови кој никој ги нема добиено досега. Миленко ја поставува целокупната програма на А1, а особено на спортската редакција од каде произлегуваат: Љубомир Николовски - сега директор на “Алфа” ТВ, Југослав Костовски – сега уредник на спортска на “А1”, Тони Чуповски – сега портпарол на општина Кисела Вода, Зоран Димевски – спортски коментатор, Јулијана Наумова – сега презентер во “Алсат” ТВ, Васко Арсовски и Јоже Олевски – сега сопственици на “Македонски спорт”, Игор Паневски – спортски коментатор...

За време на престојот во “А1” се одвојуваат настаните кои ги следи на лице место: примањето на Македонскиот Олимписки комитет во фамилијата на Европските Олимписки комитети во Даблин, примањето на ФСМ во УЕФА и ФИФА во Лозана, Светското фудбалско првенство во фудбал во САД во 1994-та.

Септември 1994-та, ја напушта “А1” и преминува во фри-ленсери, пишувајки за “Пулс”, “Скок”, “Форум”, “Македонски спорт”, “Фокус”, “Форум плус”... Како слободен новинар присуствува на Европското првенство во фудбал во Англија 1996-та, Светското првенство во фудбал во Јапонија 2002-ра.

Воедно прави огромен број неповторливи приватни спортски проекти:

  • организација на првата меѓународна фудбалска средба по осамостојувањето на Република Македонија на домашен терен, мегу Вардар и Фоџа на Градскиот стадион во Скопје пред 10.800 гледачи со купени билети;
  • организација на првата меѓународна фудбалска средба по осамостојувањето во странство, мегу Перуџа и Вардар во Италија;
  • носење на првиот и единствен фудбалер да игра во тимот на светот од Македонија Зоран Јовановски;
  • овозможување и организација на единствената турнеа на македонски клуб во Јужна Америка со пет средби со екипи од држави светски прваци Бразил, Аргентина и Уругвај...




Во втората половина на 90-тите и почетокот на новиот милениум, Миленко е сопственик и Председател на ФК Скопје, Директор на ФК Вардар, Председател на ФК Брегалница од Делчево...



Во 1999-та ја преселува својата фамилија на Флорида каде во градчето Клиервотер купува куќа за својата сопруга Мила.

Има две деца, син Борис роден 1989-та и ќерка Бона родена 1992-ра.

Пеење




“За време на студиите станува член на Академскиот хор “Мирче Ацев“ од Скопје. Во бас линијата, под диригентските палки на Алексанар Лековски и Томислав Шопов, пее на фестивалите во Миделсборо (Англија), Канарски осторови, Линденхолцхаусен (Германија)... Пее на концертите во Париз пред амбасадорите на ОН, Катедралата во Мо (Франција), Бриони, Неапол (20 години катедра по Македонски јазик во Италија), Благоевград, Крајова... и е дел од репертоарот на дузина други концерти, меѓу кои и со групата “Седморица младих“. Кармина бурана од Карл Орф, Девета симфнија од Бетовен, стари мајстори од ренесансата, православна духовна музика, црнечка духовна музика, и е дел од репертоарот што е пеен.”


Приватен бизнис

“Во приватниот бизнис стартува во 1987-та кога го отвора кафичот “Формула 1“ во Скопје, еден од само неколкуте во градот. И, единствен со тоа име во светот. Во 1988 отвора кафич во Трогир, во близината на Сплит со име “Арс“. Бизнисот со биљард и снукер салонот “К.М.“, во салата на Домот на Градежниците во Скопје, го започна во 1990-та година. Бинго бизнисот започна во 1994-та.”


Како се редеа коцките низ годините?
1957
роден на 06 Јануари во Градска (црвена) болница во Скопје. 1976 матурирање во гимнзија Јосип Броз Тито во Скопје.

1981
дипломирање на Географскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

1984
вработување во Радио Скопје во тогашната Радио Телевизија Скопје (сега МРТВ), како спикер.
1985
преминување во спортската редакција на Телевизија Скопје.
1985
прв спортски пренос на ТВ.

1989
роден син Борис

1990
коментирање од Светското фудбалско првенство во Италија за МРТВ.
1991
Камел трофи Танзанија - Бурунди.
1992
родена керка Бона
1992
коментирање од Летните Олимписки игри во Барселона за МРТВ.
1992
Камел трофи Бразил - Гвајана.
1992
Рели Реид Париз - Пекинг
1993
ФК Вардар во Австралија.
1994
организација на првиот меѓународен фудбалски натпревар на домашен терен по осамостојувањето на Република Македонија помегу Вардар и Фоџа
1994
организација на првиот мегународен фудбалски натпревар во гости од осамостојувањето на Република Македонија помегу Перуџа и Вардар.
1994
известување од Светското фудбалско првенство во САД за А1 Телевизија.
1994
отварање на најпрофитабилниот приватен бизнис, Бинго играчницата во салата на кино Вардар 1.
1995
носење на прв и единствен македонски фудбалер, Зоран Јовановски, да игра за тимот на светот на натпреварот на Божикните ѕвезди во Рим.
1995
организација на турнеа на ФК Вардар во Бразил, Уругвај и Аргентина и играње на 5 пријателски натпрвари (Њувел Олд Бојс, Кордоба, Пењарол, Пелотас и Росарио...).
1996
присуство на Европското фудбалско првенство во Англија.
1997
пријателска средба Удинезе - ФК Скопје во Удине, по повод 100 годишнината на фудбалскиот клуб Удинезе.
1999
преселба на фамилијата во Clearwater на Florida, USA.
2000
прослава на милениумската нова година на брод во сред Атлантски океан.
2002
известување од Светското фудбалско првенство во Јапонија и Јужна Кореа.