ЕКВИТИ ЛОУН

Знаете ли што означува изразот “Еквити лоун“? Тоа е прамајката на хипотекарната криза што од минатата година ја тресе САД, а оваа година кулминираше со распадот на берзата на Вол Стрит.
Знаете ли што е “Кил Бил“? Не, не е филмот! “Кил Бејлаут Бил“ е израз изведен откако предлогот на Џорџ Буш до Представничкиот дом беше одбиен, па вчера мораше да потпише нов закон. Закон со кој мисли дека ќе ја спаси економијата на САД, каде само во последниот месец има 300.000 отпуштени од работа.

Еквити лоун е можност што ја овозможуваа банките, а ја користеше секој просечен американец. Имено, куќа во САД можеш да купиш со мало учество од 10 до 30 насто, а доколку кредит рекордот ти е добар, и без учество. Таканаречено “Зироу даун“. Како што цените на недвижнината расте, или во рамките на висината на учеството (доколку цената стагнира), по една година може да се подигне кредит на остатокот од она што е ваше во куќата. И така секоја година. Значи, за куќа од 100.000 долари, си дал 30.000 долари учество. За 70.000 отплаќаш кредит. Во висина од овие твои 30.000 долари идната година можеш да земеш кредит за целата сума. Тогаш, сите 100.000 и ги должиш на банката. Следната година, вредноста на имотото порсанала за 15.000 долари (добро соседтсво, нема дрога, безбедно, нема мусли и сл.), на таа вкупна сума можеш повторно да си земеш кредит и да го потрошиш во Лас Вегас или на крстарење. Тогаш на банката и отплаќаш 115.000 доалри, колку вкупно вреди куќата. И така секоја година. Се поголеми и поголеми задолжувања.

Проблемот во САД настана кога економијата почна да успорува, почна губење на работни места, а сето тоа резултираше со неможност луѓето да си ги плаќаат кредитите. Така, сопственикот ја губи куќата и си замнува под кирија. Но, банката останува со купишта куќи и недвижности кои, заради кризата, неможе да ги продаде. А, кога не ги продава, нема пари да работи. И, така и банката пропаѓа.

Сега, САД донесуваат закон за вбризгување на 700 мињарди долари во големите банки и финасиски институции. Всушност ги национализираат банките, воведуваат социјалистички методи кои функционираа во СФРЈ и СССР, а сеуште се на сила во Венецуела и Кина. САД според економската стратегија станува марксистичка држава. Во банкарството во САД веќе не важи капиталистичкиот систем на слободен пазар. Се вмеша државата. Има државен интервенционизам. На работите на кои им се смееа на Русите, сега американците здушно ги применуваат.

Додатен куриозитете е тоа што САД немаше 700 милијарди долари, туку тие пари ги позајми од најголемиот идеолошки неопријател – Кина.

Детално за се ова во мојата емисија на 10-ти.