Името

Тема е повторно името. Повторно од тајни разговори во 4 очи со Нимиц, ни го наметнува Председателопт Црвенковски.
Ќе била ѓеографска одредница, ама националноста ќе била македонска. Види богати, досега не знаев дека сум бил маќедонец.

Забележувате, никој не кажува ништо за јазикот, историјата, античката историја, двојната формула, “пакетот“ кој е предложен...

Не, не... Повторно сакаат да не измамат со лага.
Има неколку логични прашања кој се поставуваат, а за кои кабинетот на Црвенковски не дава одговор! На пример: Зошто му пречеше Милошоски во Њу Јорк? Потоа, како ќе се нарекува нашиот јазик? Натаму, како ќе не ословуваат оние кои веќе не ословувааат како Македонија (повеќе од 120 земји вклучително Кина, Русија, Индија...). Исто така и прашањето, ископините што ги прават археолозите под водство на Кузман како ќе бидат третирани? Како македонски, или другачие?

Многу прашања, ниту еден одговор. Многу магла расеана по медиумите. Малку време (6 месеци) за Црвенковски да го одработи она за кое се договорил пред деценија-и-пол. 
Последнета изјава, пред да го пишам текстов е во контекст дека “ќе сме се збогувале од ЕУ во рок од една година, ако сега не се договориме за името“!!?? Ни ЕУ, ниту свети ЕУ ни треба ако се обезимениме.

А, и оваа ЕУ многу “јака“ работа. Франција, Луксембург, Ирска и други не дозволуваат донесување на единствен устав. Во Австрија победија ултранационалистите (фашистите) кои се против ЕУ, во новите членки кукаат по влегувањето, Романија и Бугарија се казнети заради неспорведувањето на ЕУ нормите во борба со криминалот...

Мнооогу јака ствар ова ЕУ. Море фино му ги ставиле некролозите на Солана во Белград.