ВСИЧКИ ЕКСТРИ

На својот 8-ми конгрес минатава недела, членовите на СДС(М) – ова „Македонија“ кај нив ми е сомнително и затоа е во заграда, прв пат во историјата откако постојат политички партии избраа наместо Председател, ГРЕАЧ на претседателската фотеља.

Така, по куриозитетот кога актуелен Председател (на држава) не се кандидира за втор мандат (оти знае колку народот го цени и колку ќе го гласа), еве сега истиот создавач на куриозитети си постави и ГРЕАЧ на фотељата. Тоа е како во автомобили со многу дополнителна опрема кога има и греачи на предните седишта. Бугарите тоа го нарекуваат “всички екстри“.

Според извешатите на Чомовски и анализите на Донев веднаш по 8-от Конгрес, СДСМ од конгресот излезе уште по разединет, уште по елитизиран, и без никаков кадровски потенцијал. Значи без било каква можност таа партија да се возобнови, па на македонската полит-сцена да добиеме неопходна силна опозиција.
Идолопоклоничкото однесување кон месијата и божеството Бранко, како што во своите умови си го представуваат членовите на “розите“, ќе им донесе уште долга низа порази и рзаочарувања.
Веќе бројат три последователни пораза во изборни процеси. Повеќе од јасно е дека и на следните локални, но и на следните председателски (за каде дури и немаат кандидат – толку им е силна кадровската политика), ќе доживеат порази. Тоа ќе се пет последователни изборни порази. Чекањето на 2012-та е како чекање на ударот на планетата Нубиру.

Јасно е дека СДСМ се крсти во “меѓународната“, бидејки “розите“ се научени да се во власта без народот да ги избере. Молат бога Меѓународната заедница  евентуално да ја притисне власта на вмровската гарнитура.
Ама, сето тоа не е ниту стратегија, ниту визија, ниту иднина...

Партија која по дведецениско постоење, неможе од своите пазуви да изнереди кадар што ќе ги води, не заслужува да ја води својата земја и народ.