ТИЊА

Македонија, како природна појава,  никогаш немала жив песок. Тоа сме го гледале по разни каубојски и авантуристички филмови. Но, ние си имаме замена која се вика тиња. Па така, “тоне во тиња“ е израз за некого кому му нема спас.
Председателот Б. Црвенковски е тоначот во овој момент, заедно со клонираните апаратчици во неговата партија.

Не водејки сметка за исклучителните полит-анализи на Мирка Велиновска која вели дека “СДСМ треба комплетно да се распадне, за да може на македонската полит-сцена да се појави нова свежа партија на левиот блок“, ниту водејки сметка за полит-сатирите на Еднооки каде Заев му ја грее до зажежување фотељата на Бранко, Бранко Црвенковски преку апатични трибини сека да остане политички жив. Сака да не потоне во тињата која му е дојдена до грло.

На трибини на кои главни “звезди“ се Радмила Шекеринска на која народот пред два месеца со бројки и покажа колку ја цени, Ѓунер Исмаил кој во политички ток-шоу натпревар загуби од спортски новинар со 99:1 и слични “кадри“ на СДСМ, Црвенковски се обидува да наметне апокалиптично сценарио дека без него и без СДСМ на Македонија и следи пропаст. Всушност истото сценарио како пред Букурештанскиот натоов самит. А, ете, во НАТО не не примија, ЕУ се повеќе не отпишува, а ние сеуште постоиме. Македонецот, Македонија, идентитетот и јазикот продолжија да постојат. Единствено што се распаѓа е СДСМ.

Партијата која пред неколку десетина дена – добро де, пред 100 дена, не ја проби ни мизерната граница од 30 пратеника, и Председателот на државава кој знаејки дека ќе губи однапред се откажа од кандидатура за следните избори, се отепаа убедувајки не дека ако се неизгласани, сепак се најпаметните и од бога дадени за владеење во Македонија.

“Трибини за Македонија“ ви се молам, на што тоа личи?! Унисони трибини со едномисленици. Но велат, викнале од Владата, па тие не сакале да дојдат. Еве јас знам кој сака да дојде. Оние што подолу ќе  ги предложам се со поголема гледаност или популарност од секој поединечно присутен на трибините на Бранко. На трибините зошто не се викнат малку по независни перосни. Еве предлагам, на таква “бранкова трибина“, засилена со “трифунова платформа“, да им се спротистават пред јавноста во директен пренос Мирка Велиновска, Ѓорги Иванов, Борис Дамовски и авторот на текстов. Од другата страна фрчковци, ѓунери, геризовци (геровци)…

Ах, да… да не заборавам, кога веќе споменува гериз. Во Македонија има и полоша варијанта од тиња. Може да се пропадне во ѓериз, па тогаш, пред давењето се знае што ти влегува во уста. 


Натаму ми оди сдсм-барнковата судбина.