Вистинското допрва следува

Драги мои почитувани посетители, Летната пауза ќе не успори сите помалуку, па така и порталов ќе биде поретко апдејтиран. Сепак, за да не останете без убав текст што би си го прочитале за време на годишните одмори, ви го нудам текстот што го добив при преписката со мојот пријател Умберто Паскли. Умберто е со италијанско потекло и со американски пасош. Се работи за политички аналитичар од Вашингтон, кој е еден од водечките светски интелектуалци и еден од најголемите американски дисиденти. Изникнат од политичкаите идеи и школи на Линдон Ла Руш. Овој текст е направен во средината на изборната кампања во Македонија, при вонредните Парламентарни избори. Уживајте.

15 мај 2008

Драг Миленко,

Како си? Многу размислував за Македонија и за твојот проект. До скоро бев зафатен, но мислам дека сега, по службениот пат во Италија, ќе имам повеќе време.

Ги следам изборите во Македонија. Ги следев изборите и во Србија. И, секојдневно ги следам изборите во САД. Сите овие избори се мошне поврзани.

Јасно е дека Македонија (како и Србија) е цел на концентрични притисоци – од САД, од НАТО (особено од неговата англо-американска компонента), од бирократијата на ЕУ (што, според мене, е различно од одделните европски земји) итн. Македонија, како и Србија, треба да биде онеспособена уште повеќе од порано. Не верувам дека тоа онеспособување ќе биде наградено со стабилност. Главната причина за оваа стратегија на стап и морков не е Балканот сам по себе. Тоа е глобалната стратегија на англо-американската елита која го гледа Балканот како бојно поле (економско, воено, стратешко) во судир со Русија, Кина.

Јас знам дека луѓето се фокусирани врз неподносливите навреди и понижувања кои и беа нанесени на нивната земја, но ова стратешко противставување е вистинскиот клуч за да се сфати што се случува.

Вашингтон и Лондон не беа способни да создадат изолациски појас околу Русија или да ја искористат Кина како послушен снабдувач на работна рака без политичка моќ. Оттаму, сега за нив важна задача е да ги смачкаат сите единки кои некако не се совпаѓаат со т.н. меѓународна заедница, дури и кога ова совпаѓање значи нивна деструкција. Србија не само што се смета за потенцијален сојузник на Русија, туку таа би можела да стане и модел на нов вид поврзување: да профитира од нафтената соработка со Русија, а да соработува и со Европа. Токму од ова

Англо-Американците најмногу се плашат. Англо-американските елитни кругови сакаат да ги држат Албанците сиромашни, оптоварени со криминал и послушни, со цел да ги задржат своите воено-стратешки интереси во централниот и јужен Балкан (до Грција). Косово, како користољубив ентитет, може да се искористи не само за сместување на една од најголемите американски воени бази и други воени инфраструктури, туку и како постојан извор на нестабилност. Тоа е совршен модел на балканизација. Всушност, дури ниту во златната ера на колонијализмот, големите сили не го достигнале ова ниво на „успех“. Толку пространа и стратешки клучна област како Балканот беше распарчувана на се помали и помали парчиња, кои пак го раширија семето на етнички и други поделби и конфронтации.

Ова гарантира не стабилност (тие не сакаат стабилност или, Бог да чува, напредок на оваа област), туку напротив – продолжителна нестабилност преку албанските групи манипулирани и користени како етнички платеници, држејќи ги непрестајно под оган (или под закана од оган) Србија, Македонија, Грција итн.

Шансата на Македонија да излезе од оваа јама е да не прифаќа отровни јаболка (види кај Андов) или евро-ветувања, туку да се сосредоточи врз сопствениот економски и национален интерес. Македонија мора да се фокусира на проекти поврзани со економијата, стопанисувањето, со подигнување на животниот стандард, особено кај младината. Ова значи, пред сe, енергија, продуктивна модерна индустрија и земјоделство, сообраќајна инфраструктура (како проектот на Вардарска долина), што ќе направи крвта на економијата да потече низ македонските вени. Сето останато се фантазии и изигрувања.

Би сакал да верувам дека Груевски реши да оди на избори поведен од генијалната макијавелиска интуиција (којзнае дали сум прав или грешам?): тој смета на силните патриотски чувства на Македонците и понесен од овој силен осет би можел масовно да ги добие изборите и да остане на чело на една релативно стабилна влада; влада способна да зачува барем малку од независноста и суверенитетот наспроти концентричните притисоци однадвор.

Но ако е сето ова точно, вистинската работа ќе започне дури потоа.

Che ne pensi? Кога да дојдам таму?

In bocca al lupo, Умберто.