Куртуливме и од изборите – завршија.

За жал, не мислам дека ќе куртулиме од самопрогласените политички аналитичари (Фрчковски, Исмаил, Милчин, Чашуле..), колумнисти со постојано погрешни проценки (Геровски, Блажевска, Јаконов, Димитровски...), ТВ водители умислени дека се паблик мејкери (Поповски, Ефтов...) и политичари елитисти (Шеќеринска, Андов, Петковски, Бучковски, Оровчанец, Мансијевски, Црвенковски...) што сметаат дека народот не е тој што треба да решава?! Туку, дека елитата треба да решава во нивно име!

Сите овие погоре, заглавени со временска машина во минатотото, самобендисани и самодоволни, не можат да си признаат дека една колумнистка (Велиновска), еден цртан филм ( Еднооки), една пополноќна емисија (Лејт Најт Шоу), една локална СМС емисија (Јади Бурек) и дузина форуми и блогови, направија стонастотно поголемо влијание во јавноста, отколку нивните трабуњања. Ниту ќе можат, а бога ми, ниту ќе сакаат да видат дека нивното влијани врз македонските граѓани е еднакво на нула. Дека нашите сограѓани процениле дека ним не им веруваат.
Мислам дека од нив нема да куртулиме, оти уште некое време ќе трескаат глупости, ќе вадат катастрофични сценарија, ќе обработуваат погрешни тези... Или, едноставно, ќе сакаат со својата “работа“ да го спасат својот капо-ди-тути-капи на следните Председателски избори, што ќе се случат за една година. Кога веќе не ја спасија СДСМ од најтешкиот пораз во нејзината историја, тогаш барем да го спасат шефот.

Спротивната опција, победничката од овие избори, спротивно од лузерите, презеде обврски над било која нормала. Наликуваат на кревко магаренце претоварено со вреќи, бали, сено, а најгоре уште седи и некој стопан. Но, магаренцето, колку и да е ситно и трошно, сепак влече угоре и стига до целта. До места каде не би било верно дека ќе се качи со толкав товар.

Основната обврска, она што сите не засега, е неприфаќање на никаков предлог за менување на уставното име, или пак, недај боже, идентитет. Во исто време, не потклекнувајки пред грците, да се влезе во зона на стабилна економија и просперитет на граѓанството.

Убеден сум дека едните, оние лузерите, ќе ги гледаме како се повеќе и повеќе ќе пропаѓаат. Во дворски каранци, оговарање, немање визија ниту платформа, во кариериостички подметнувања и во немање човечки ресурси. Другите, оние што се на власт, спротивно, будно ќе ги набљудуваме дали она што го ветија и ќе го остварат. Нормално и како и кога?

Народот на први јуни пресуди. Сега будно и мудро ќе набљудува, за да може да казни или награди на следните избори.