Мај...

Со завршетокот на Велигден, и велгувањето во мај месец, влегуваме во исклучителен месец.

Мај, за нас, секогаш има(л) повеќекратно значење. Се, ред до ред светли и клучни датуми: загинувањето на Гоце Делчев, смртта на Јосип Броз Тито, празникот на циганите Ѓурѓовден, празникот на џандарите, брзинската трка на Водно, Денот на Младоста (роденденот на Тито), Денот на словенските браќа Кирил и Методиј, финалето на лигата на шампионите...
Оваа година, капак на сите овие датуми ќе е и предизборната трка на првите вонредни парламентарни избори во историјата на Република Македонија.

Шиптарските партии изборната битка ја најавија (нарекоа) “касапаана“?! Кај нив работите секогаш биле кристално јасни.
Македонските партии, од друга страна, се сукобија со описот на борбата. Додека, СДСМ тврди дека тоа “ќе биде борба меѓу две опции: проевропска и националистичка“ (демек тие се проевропејците?!), ВМРО тврди дека нивната опција е “третата опција“, односно едновремено и проевропска и национална!
Моето мислење се разликува и од она на левицата и од она на десницата. Имено, мислам дека народот на овие избори ќе гласа не за про или анти европски, натовски, ЕУвски или незнам-какви-други опции, туку за онаа политичка опција што ќе биде искрена и поштена (чесна, де) кон него.
Да, да, само оние што нема да лажат ќе бидат гласани од мнозинството.

Доколку се погледнат неутралните веб страни, форуми и блогови, доколку на улица разговарате со некој кому вработувањето, кариерата или работното место не му зависи од тоа која партија е на власт, ќе се види дека македонскиот кроток, помирлив, трпелив, истраен и многу интелигенетен народ решил дека е доста од фразери, манипуланти и лажговци од типот на Ѓеровски, Оровчанец, Милчин, Поповски, Андов, Петковски, Исмаил, Данаилов... На народецов му е потополно јасно дека со години е лажен и манипулиран од квази аналитичари и стручњаци, специјалисти и професори... Јасно му е дека се тие од фабриката на левицата, со идеологијата на комунистите и платени од парите на олигарсите.
Сега, едноствано, народецот ќе си гласа за оние кои помалку или ич не ги лажат.

Така, на СДСМ на овие избори поразот нема да му го нанесе ниту Груевски, ниту Тачи, ниту меѓународната заедница, ниту странските служби... Не, поразот ќе му го нанесат нивните долгогодишни “интелектуалци“, кои кај народот предизвикуваат толку гнев и гнасење, да нема друга опција туку со гласачкото ливче, еднаш за секогаш, да ги отсртани од политичката сцена во Македонија.