Македонијо излези и кажи НЕ

Дали, колку и кога е македонецот подготвен да каже НЕ? Не, на перманентно повеќедецениско, па и повеќевековно, тормозење. Тормозење за работи што се јасни, па затоа се секому признати и познати – само нам не?!

Во ситуација, кога на Балканот секој го бара и добива идентитетот, кога ние секому му го признаваме идентитетот, нам никој не ни возвраќа.

Циганите сакале да ги нарекуваме роми, во ред роми нека се. Шиптарите ти биле албанци, добро де, нека бидат. Атињаните се нарекуваат грци, ете нека им е. Татарите сакале да ги викаме бугари, и тоа може.

Само нас никој не сака да ни го признае идентитетот (Грција), јазикот (Бугарија), црквата (Србија)...  
И, сега, кога дојде нож до коска, еве сега треба да се организираме. Спонтано, елегантно, интелигентно, интелектуално и ненасилно – па на разните нимици да им кажеме дека НА ДЕДО МИ АМБАРОТ Е ПОСТАР ОД НИВНАТА ДРЖАВА, па така немаат право да си поигруваат со нашиот идентитет.
И, дека, ние тоа НЕМА ДА ИМ ГО ДОЗВОЛИМЕ.

Запоседнете ги домашните и странски интернет страници, форуми и блогови – бомбардирајте ги со постови, дискусии и елаборации.

Крајно, ќе се собереме на еден митинг каде ќе кажеме: Ние што сме овде дојдени не дозволуваме да ни го менуваат идентитетот и името. Ако сака Црвенковски или Глигоров или Шекеринска или Груевски или Георгиевски да го менуваат името, нека си го сменат своето име. Моето име, името на мојата држава, не им давам да го менуваат. И, точка.

Македонијо излези и кажи НЕ.