Сличностите помеѓу Линколн и Кенеди

Сличностите на два значајни американски председатели, борци за човековите (колку е тоа можно од таа функција) права, Абрахам Линколн и Џон Фицџералд Кенеди.
- Линколн е избран за Председател 1860, а Кенеди 1960 – сто години подоцна.
- Линколн е избран во Конгресот на САД во 1846, а Кенеди е избран за во Конгресот 1946 – сто години потоа.
- Двајцата, во англиско спелување, имаат по 7 букви во името.
- Двајцата председатели се убиени.
- Двајцата се убиени во ист ден – петок.
- Секретарката на Линколн се презивала Кенеди, а онаа на Кенеди носела презиме Линколн.
- И двајцата атентатори се јужњаци.
- Двајцата наследници на председателските функции биле јужњаци.
- Двајцата наследници имале презиме со ист број слова – 6.
- Двајцата наследници имале исто презиме  - Џонсон.
- Наследникот на Линколн, Ендрју Џонсон роден е 1808-ма.
- Наследникот на Кенеди, Линдон Џонсон роден е 1908-ма, сто години подоцна.
- Убиецот на Линколн, Џон Вилкис Бут, роден е 1839-та.
- Убиецот на Кенеди, Ли Харви Освалд, погодувате, роден е 100 години подоцна 1939-та.
- Двајцата убијци имале по три имиња: Ли Харви Освалд, односно Џон Вилкис Бут.
- Збирот на словата на двајцата убијци е ист, и изнесува 15.
- Линколн почина во Театарот со име „Кенеди“.
- Кенеди почина во автомобил марка „Линколн“.
- Џон Вилкис Бут пробал да побегне од театарот, а уапсен е во една зграда.
- Ли Харви Освалд пробал да побегне од зграда, а уапсен е во театар (кино).
- Бут и Освалд се убиени пред да им се суди.
- Никогаш не е докажана вината на убијците.
- Недела дена пред да биде убиен, Линколн бил на одмор во градот МОНРО во Мериленд.
- Недела дена пред да биде убиен, Кенеди бил на одмор со Мерлин МОНРО.

ВИСТИНАТА ПОНЕКОГАШ Е ЗАЧУДУВАЧКИ ФРАПАНТНА.

 Овие податоци ми ги прати Дејан  dean1@freemail.com.mk