Без право на пораз

Во моментите кога на Македонија и се подготвува нов Букурешки договор, нормално под плаштот на поканата за прием во НАТО, државата мора да ги активира сите ресурси што ги има, дома и во светот, за да ја извојува оваа милениумска битка. Битка за Македонија.

Тука нема место за никави извинувања од страна на Владата и Премиерот Груевски, дека се попречувани од опозицијата, меѓународниот фактор, сојузниците, комшиите...

Исто така, ниту Председателот Црвенковски има било какво право да се извлекува за неизработеното, повикувајки се на опструкција од владата, немањето разбирање во Парламентот, несоработката со Милошовски... Значи, немање кохабитација.
Не, не, не... Ниту едната ниту другата страна, што во овој момент ја водат Македонија, немаат право да се вадат за евентуалниот неуспех на нашата меѓународна политика. Под неуспех, секако подразбирам менување на името, границите, уставот, грбот, знамето, химната... Работи кои се легитимни права на секој народ, нација и држава во светот, од црна Африка, преку ненаселената Автсралија, па преку кокаинската Латинска Америка, развиената Северна Америка, се дури до Вавилонската курва – Европа.

Доколку политичарите што ја водат државата во овој момент (позиција, опозиција, Председател, дипломати...), ја засерат работата, ние нема да им судиме. Ќе им суди историјата. А, таа е најстрашниот суд што човечкото бите може да го доживее (со исклучок на судот божји).

Затоа, за да не ви се срамат поколенијата, памет во глава. Ангажирајте ги сите што можат да го докажат македонскиот континуитет (Академик Бошевски, Професор Тентов...), македонскиот талент (Пандев...), македонскат иднина (Рико и Кико), македонскиот дострел (Борис Трајанов...),  македонската идржливост (целиот напатен народ) и македонската света мисија (Тоше) – па тргнете во последните 90-тина дена во битката за Македонија.

Битка во која поразот не е опција.