Криење на вистината

Кревката  и супер ранлива македонска демократија, доживува во последниов месец од годинава уште еден голем удар.
Имено, токму кога на електронските медиуми почнаа да заживуваат емисии, водители и проект менаџери со глави што независно и политички неопределено размислуваат, доаѓа до “Сеча на кнезовите“.

Од нова година нема повеќе да има Чуму на Александар Чомовски, нема да ја има Еднооки на Борис Дамовски, а во најава е и симнувањето од програма на Код на колешката Снежана Лупевска.
Тоа се емисии што на сиромашниот медиумски простор даваа белег, работејки го единтсвеното она за што и се повикани: да бидат коректив на власта (и опозицијата), да ги жигосуват неправилностите и да ги коментираат актуелните состојби. Нормално, секој на свој начин. Низ дебатни емисии, низ истражувачко новинарство, низ сатира, козерии, коментари...
На Македонија и се подготвува тенок свилен гајтан, наречен НЕО ЕДНОУМИЕ, што дефинитивни ќе ја задави.

Од пред еден месец, низ Македонија е пуштен андеркавер буџет од 5 милиони евра за замолчување на новинари, згаснување на емисии, бришење на медиуми, гаснење на банки, елиминирање на другачије (инаку) мислечки.

Најсилен од се е податокот, дека овој “буџет“ не доаѓа од актуелната власт, туку од “левите“ сили?! Односно, од нивните транзициони богаташи, што себе си се препознаа декодирани во разните картунс изданија во пишаните и електронски медиуми.
Македонскиот политички и бизнис естаблишмент, никогаш незнаел да го препознае националниот интерес, па да го стави во предност во однос на личниот. Затоа и не е чудо што знаењето и талентот на ликови како Мајк Зафировски, Борис Трајанов, Милчо Манчевски, па ако сакате и Тодор Проески, најнапред бил препознаен во белиот свет, за дури потоа ние овдека да ги славиме.

Погоре споменативе 5 милиони евра, некому ќе одземат емисија, некому дел од заработувачката, а бога ми некому и дел од животот. Но, нема да можат да ја одземат вистината.


Ако нема конзервативни пишани и електронски медиуми, секогаш вистинската алтернатива е интернетот.