...за Македонија

На овој начин (текст), на овој ден (01.12.2007), врз основа на пишувањата на посетителите на оваа Веб страничка, но и врз основа на многу други показатели, сакам да констатирам дека сум прв ТВ водител во Македонија што сериозно и континуирано се зафати со презентирање на  задскриените и необјавени истражување на поинакво прзентирање на историјата на македоскиот народ и Македонија како територија каде што од секогаш живееле македонци.

Така, на мое големо задоволство, гостувањата во моите емисии на “вебџијата“ Даниел, Академикот Бошевски, Професорот Тентов и Д-р Стојчев, директно резултирало со максимална популаризација на нивната работа и трудови. Со помош на оваа промоција, веднаш дошле до контакти за финансиско помагање на нивните проекти, кадровско екипирање со млади луѓе што би им помагале околу проектите, морална поддршка меѓу граѓаните но и во институциите во државата, популарност и одобрување на нивата работа...

Не е дека и порано не сум работел работи што биле први и единствени во Македонија (особено фудбалски проекти), ама овој тренд, ако господ даде, ќе го продолжам.

Сакам на македонската јавност да и ја презентирам уникатната (засега) можност, за себе и своето постоење, ама и за својата иднина да разберат многу повеќе одколку што било можно со диригираната “историска“ вистина која не учеше дека сме Словени што доаѓаат од зад Карпатите (теорија прва поставена од Ѓенерал Пиколомини).
Дел од она што сакам да го разоткријам пред нашаиот напатен народ е:

  1. кога и како во блиска и далечна иднина не посетувале вонземјаните;
  2. што и каква била “белата“ светлина со чија помош Александар Македонски ги победувал најмоќните армии на светот;
  3. видувањето на историчари и венетолози од Словенија за нас;
  4. истражувања на анонимни (за пошироката јавност) македонски историчари за нашата вистинска историја;
  5. предвидувањата на Нострадамус за Македонија;
  6. египтолозите, будистите, христијанството и маите за Македонија;
  7. гробот на Александар Македонски;
  8. географските имиња во филмот “Господарот на престените“ копипастирани од нашава територија..................

Што би рекол еден форумџија: Не треба да имаш многу памет, само треба на време да ти дојде.