Кон изјавата на Оли Рен

Да, Рен секако не е прогнозер (гатач)! Но, Рен, уште помалку е композитор. За композитор треба да се има надареност и слух, хуманост и широкоградост . Уметничките генијалци, во случајов финскиот композитор, се раѓаат еднаш во стотици години. Апаратчици, како Оли, ги има на секој ќош.

Арогатно, со подзамижани очиња, споредувајки се себе си со Сибелиус, Оли Рен ја навреди не само Финска, откаде доаѓа овој голем музички автор, туку овој Бриселски чиновник ја навреди целат светска културна баштина. Мора да е многу исчуручено мислењето за самиот себе, мора да има многу пушачи околу себе, за на една јавна прес конференција да се спореди службеник со уметник. Каква дрскост е тоа, Бриселски писар, кој работи во еден, во историски рамки земено, пропаднат политички проект како што е ЕУ, да си се спореди себе си со нешто што е уметнички и човечки вечно?! Да ја спореди својата умешност на лажење и извртување на вистината, со создавањето на вечните седум симфонии.

Сибелиус творел под директно влијание на Петар Илич Чајковски. Под кое влијание твори Оли Рен? Под она на Хавиер Солана?
Нешто е болно и труло во Брисел.