Играчници, власт...

Линеарното затворање на играчниците за игри на среќа како казина, бинга, покер апарати или кладилници, е “навика“ што управата за приходи си ја има од “комунистичко“ време наваму. Без разлика која гарнитура е на власт, принципот е ист. Една повластена играчница преживува, на оние во западна Македонија никој ништо не им може, а страдаат само христијанските газди. Во независна Македонија, овој систем го устоличи министерот за финансии Јане Миљоски со помош на неговиот тогашен заменик Хари Костов, во првата половина на последната декада на минатиот век.