Ќе ми простите, драги форумџии, ама малку ја запоставив насловната страна и текстот на неа. Но, што би рекол СДСМ, нема да гледаме наназад, туку само нанапред.
Ова лето планирам, повторно, да се разликувам од сите колеги, водители, емисии... Миленко Неделковски Шоу мора да е драматично различно од сите други. Имено, планирам да имам емисии цело лето. Демек, "док траје обнова - нема одмора". Сите ќе си го дрват (вклучително и форумџијата Хенкс) летово, само Миленко ќе работи.
Но, емисиите нема да бидат само во студио. Ќе има многу снимања на терен. Планирам да ја прокрстарам Македонија во ненаселените и живописни места. Планирам да ви ја доловам убавината на државата, итроштината и интелигенцијата на народот, важноста на историјата, значењето на црквата, тајните на закопаните блага, богатствата на митовите во нашата Македонија.
Згора на се, тоа ќе биде и еден постојан курс за офф-роад возење.
За таа цел, со тешки маки, и со разбирачка од повеке познаници, набавив едно 4 х 4 возило, формирав ТВ екипа, и од 30-ти мај поаѓам на "Авантура Македонија 2009".
Па така, доколку видите брендирано теренско возило на кое пишува "Миленко офф роад Македонија 2009", доколку го видите на возилото логото на веб странава, или доколку го забелезите
milenko.com.mk- знајте дека снимаме нешто интересно, возбудливо, ексцентрично.
И, доколку сте волни придружете се. На стартот од рутата, на крајот од рутата, некаде попат...
Но, да знаете, терените каде заминувам се со шумски патишта, а на многу места пат воопшто и нема, па ке се вози по сртови, падини, низ шуми, по реки и потоци.
Летната ОФФ РОУД АВАНТУРА МАКЕДОНИЈА 2009 ЗАПОЧНУВА.